ВОСПИТУВАЊЕТО – ПРЕВЕНТИВНА ЗАШТИТА

На сите страни околу нас врие од деца. Не смееме ниту да претпоставиме дека се раѓаат и растат за да станат пијаници, наркомани, дивјаци. Цело време се кажуваат приказни дека треба да се спасуваат луѓето и детските животи, а се уништуваат. Треба да се вложат напори од децата да се изградат достоинствени луѓе. Само тоа е добро дело. Но, тоа дело не се прави со празни зборови, туку со искрено помагање, преку примери од сопствениот живот. Затоа, посебно внимание треба да се посвети на воспитувањето на децата и улогата што ја имаат родителите и воспитувачите во училиштата, во градењето на детскиот карактер.
Воспитувањето е сложена и тешка работа, само додека сакаме да ги воспитуваме своите деца или кој било друг, а да не се воспитуваме себе си. Ако сфатиме дека другите можеме да ги воспитуваме само преку себе, воспитувајќи се себе си, тогаш престанува да биде проблем на воспитувањето и станува проблем на животот: како човекот треба да живее? Не постои начин за воспитување на децата, кој не го опфаќа и воспитувањето на самиот себе. За човек добро да се воспита, не само што треба убаво да живее, туку и да се воспитува себе си, постојано да се усовршува и… ништо од својот живот да не крие пред децата. Родителот треба да постапува така, да мотивите кои го наведуваат на неговите постапки ги сфати и неговиот седумгодишен син, да постапува така да детето никогаш не му рече: “А зошто ти тато тогаш зборуваше едно, а сега правиш или зборуваш сосема друго?” Подобро е децата да ги знаат слабостите од своите родители, отколку да чувствуваат дека нивните родители еден дел од својот живот го кријат од нив, а другиот го покажуваат. Сите тешкотии во воспитувањето произлегуваат токму од тоа што родителите, не само што ги украсуваат своите недостатоци, туку не признавајќи ги за недостатоци, тие недостатоци не ги гледаат или не сакаат да ги видат кај своите деца. Во тоа е сета тешкотија и борба со децата. Децата по својата природа се многу потемелни во своите набљудувања од возрасните и тие често, не покажувајќи го тоа, ги гледаат не само недостатоците кај своите родители, туку и онаа најлоша маана – лицемерието на родителите, и затоа го губат почитувањето кон нив и интересот за советите, кои тие им ги даваат. Вистината е прв и главен услов за активно влијание на духот и затоа, таа е прв услов во воспитувањето. А на човекот да не му биде страшно на децата да им ја покаже вистината за својот живот, треба да направи неговиот живот да биде добар или барем не толку лош.
Децата не се способни да донесуваат објективни проценки за случувањата околу нив и затоа често сметаат дека однесувањето и постапките на нивните родители се беспрекорни, дека и тие така треба да се однесуваат. Ако родителот пие алкохол, тогаш детето ќе донесе погрешен заклучок и ќе смета дека единствено тоа е исправно.
Децата не можеме да ги излажеме, тие се попаметни од нас. Ние сакаме да им докажеме дека сме разумни, а нив тоа воопшто не ги интересира. Тие сакаат само да знаат дали сме чесни, искрени и добри, сочувствителни, дали имаме совест и, за жал, позади нашите напори да изгледаме непогрешливо разумни, гледаат дека од тоа нема ништо. Ако пред детето направиме грешка, ако се занесеме и направиме глупост, обична човечка глупост, дури и лоша постапка и, ако поцрвениме пред детето и признаеме, тоа ќе делува многу повоспитно, отколку кога сме непогрешливи и го принудуваме детето стопати да поцрвени пред нашиот авторитет. Детето е свесно дека сме појаки, поискусни од него и дека секогаш можеме пред него да го сочуваме ореолот на безгрешноста, но тоа знае дека за тоа не треба многу и тоа не ја цени нашата вештина на сокривање на грешките, туку го цени црвенилото, кое без да сакаме ни се појавува на лицето заради срамот и кое ќе му каже за сé што е најубаво во нашата душа. Децата не гледаат на воспитувачот како на разум, туку како на човек. Воспитувачот е првото и најблиското битие кое тие го набљудуваат и прават заклучоци кои покасно ги применуваат во животот. И, колку лицето што воспитува е надарено со поголеми човекови вредности, толку набљудувањата ќе бидат побогати и поплодоносни.
Кога разговараме за воспитувањето, сосема е јасно: зошто родителите ги препуштаат децата на самите себе? Кога детето би го држеле дома, би ги виделе последиците од својот раскалашен живот на сопствените деца. Би се виделе себе си во децата како во огледало. Таткото дома пие вино и ракија за време на ручекот, а синот во кафеана. Го оставаат детето само на себе, далеку од нивните погледи и, го нема веќе огледалото во кое родителите се гледаат.
Секој човек, кој што има какви било проблеми предизвикани од алкохолот – за себе или за член од семејството, како и секој оној, кој сака да им помага на луѓето околу себе да ги надминат последиците предизвикани од алкохолот, нека ги прочитаат моите книги. Алкохолизмот е болест како и секоја друга болест и, само со правилен пристап кон проблемите, тие најлесно можат да се надминат. За сите прашалници во врска со последиците од алкохолот, кои се во вашата глава одговори ќе најдете во моите книги! Контактирајте ме по телефон 075 985 772 и, можете да сметате на мојата помош!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *