Posledni Napisi

МУДРОСТИ - ЖЕНИ... МАЖИ - Пријателството на две жени е само завера против трета. Кар - Жената што не е убава, никогаш не била млада. Свечин -...

Read more

ЗАВИСНОСТА ОД АЛКОХОЛОТ Е СЕМЕЕН... Ставовите кон пиењето алкохолни пијалаци се формираат уште во детството и раната младост и тоа по образецот на...

Read more

МУДРОСТИ - ОД СЕ ПО НЕШТО ЗА ЖЕНИТЕ - Секогаш е исто׃ прво некоја жена ја имаш во срцето, потоа во раката, па на колената и на крајот, на вратот. Буш -...

Read more

ВО СЕКОЈ ЧОВЕК СЕ КРИЕ ПОБЕДНИК Од нашиот прекрасен живот во Америка, ќе кажам дека со помош на нашиот роднина, кој ни најде работа, добро се снајдовме...

Read more

АЛКОХОЛОТ Е НЕВИДЛИВ...НО СТРАШЕН... Најмила моја, тоа што намерно си ми давала ракија за да не те малтретирам, воопшто нека не те измачува, бидејќи...

Read more

КАДЕ ШТО ИМА ИСКРЕНОСТ, ИМА И... Во тие моменти почна да ме измачува тоа, што Ристе почна многу брзо да постигнува добри резултати во борбата со...

Read more

НАДЕЖ ЗА СПАС ОД АЛКОХОЛОТ! % - Незнам како излегов од ординацијата. Сознанието дека сум уништувала болен човек, целосно ме порази. Толку бедно...

Read more

СПАСОТ Е НА ДОФАТ НА РАКАТА % Но, тогаш Бог одлучи да смеша прсти во нашиот живот. Еден тмурен, пролетен ден, јас заминав во полето да работам,...

Read more

АЛКОХОЛОТ - НЕВИДЛИВ, НО СТРАШЕН... % Во почетокот немаше ништо необично, не гледав ништо лошо во тоа и воопшто не ми сметаше. Но, како времето поминуваше,...

Read more

ИСКУШЕНИЈАТА ДЕМНАТ ОД СИТЕ... Во Клубот на лекувани алкохоличари владееше необична атмосфера. Ништо не укажуваше дека на состанокот ќе се случи...

Read more

  • Prev
  • Next

Twitter Updates...

  •  
african mango ozoderm

НАГРАДА ЗА ВЛОЖЕНИОТ ТРУД

Category : АЛКОХОЛИЗАМ 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

Секое битие расти постепано, а не наеднаш. Не може наеднаш да се научи целата наука. Исто така, не може наеднаш ни гревот да се победи. За човек да стани подобар, има само еден начин: мудро расудување и постојан, трпелив напор.     Чанинг

Срамота е за човекот кога му советуваат да се огледа на мравката. А двапати поголема срамота е ако тој советот не го послуша.     Талмуд

Најголемата награда за апстинентот е личното задоволство од постигнатиот успех во лекувањето од алкохолната болест. Затоа, треба да имаме јасна претстава за борбата што ја водиме со алкохолот, да ја прифатиме како наша приоритетна животна цел, кон која ќе ги насочиме сите наши мисли и целата своја енергија за на крајот да бидеме победници. Не смееме да дозволиме моменталните тешкотии да ни застанат на патот и да не разочараат. Ако вистински сме решиле да постигнеме успех во нашата борба, да го победиме нашиот најголем непријател – алкохолот, ништо не може да ни застане на патот. Да запомнеме: се што умот може да замисли и во што може да поверува, може и да се постигне. Бог му помага само на оној кој самиот решил да си помогне. Оној кој решил да постигне успех, треба да тргне од точката на која во тој момент се наоѓа, да донесе конечна одлука за постигнување на успехот денес, а не утре, да биде свесен дека не смее да чека ненадејни дарови од небото, туку да ги вложи сите свои сили ако сака да победи. За да го постигни тоа, треба на најдобар можен начин да ги искористи советите од терапевтите, да собира зрна на мудроста кои во Клубот на лекувани алкохоличари ги има доволно за сите.

Како апстиненти мора да водиме непрекината борба за да го победиме алкохолното зло. Кога ќе ја осознаеме вистинската смисла на нашиот живот, кога ќе одредиме јасна цел кон која треба да се стремиме, треба да ги искористиме сите можности кои ги нуди Клубот на лекувани алкохоличари во нашата борба до конечната победа над алкохолот. И затоа, таа борба треба да ја прифатиме како шанса да излеземе од алкохолниот пекол, а не како тешкотија која не можеме да ја надминеме. Не можеме да постигнеме ништо вредно во животот без борба, а наградата ја добиваат само оние кои во клубот ќе научат како да се соочат со проблемите, се до средбата со нови искушенија, каде храбро ќе тргнеме во нова борба, кон нова победа. Така поминува целиот живот на разумните луѓе – со постојани напори и грижи при решевањето на проблемите и во задоволството од постигнатите успеси. За жал, голем е бројот на оние кои во борбата со алкохолното зло настојуваат да одат по линијата на помал отпор. Тие немаат сила во својот карактер, сила која исклучиво се раѓа во борбата со алкохолното зло и затоа, многу лесно паѓаат во искушение да посегнат по најлесното решение – чашата со алкохол. Тоа е најголемата причина зошто успехот постојано ги заобиколува.

Методите за успех во борбата со алкохолната болест ќе ги препознаете низ написите што се објавени на мојот блог. Сепак, за да ги осознаете сите методи и начини за излез од алкохолниот пекол, ви препорачувам да ги прочитате моите книги посветени на борбата со алкохолот и последиците од него. Убеден сум дека се од голема корист за сите луѓе. Тие што лично немаат проблеми со алкохолот ќе научат како да им пристапат и помогнат на своите блиски роднини и пријатели, а тие што имаат каков било проблем предизвикан од алкохолот, многу полесно ќе го надминат.

Post a comment

african mango ozoderm