Posledni Napisi

СПАСОТ Е НА ДОФАТ НА РАКАТА % Но, тогаш Бог одлучи да смеша прсти во нашиот живот. Еден тмурен, пролетен ден, јас заминав во полето да работам,...

Read more

АЛКОХОЛОТ - НЕВИДЛИВ, НО СТРАШЕН... % Во почетокот немаше ништо необично, не гледав ништо лошо во тоа и воопшто не ми сметаше. Но, како времето поминуваше,...

Read more

ИСКУШЕНИЈАТА ДЕМНАТ ОД СИТЕ... Во Клубот на лекувани алкохоличари владееше необична атмосфера. Ништо не укажуваше дека на состанокот ќе се случи...

Read more

ОДНЕСУВАЊЕТО НА АЛКОХОЛИЧАРОТ... Закрепнатите луѓе од проблемите со пиењето, зависноста  од алкохол ја дефинираат како мултидимензионална и комплексна...

Read more

AKTIVNOSTI VO KLUBOT Вие, кој што сега посетувате Клуб на лекувани алкохоличари, вероватно сте разбрале дека сте влегле во големото...

Read more

ПИЕЊЕТО АЛКОХОЛ - ПРОБЛЕМ ВО... Вистината за проблемите, предизвикани од пиењето алкохол е многу полесно да се скрие на работното место, отколку...

Read more

КЛУБ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ Клубот на лекувани алкохоличари Ви е како да сте во еден рудник, и во него талкате, симни се најдолу, па кaчувај...

Read more

МУДРОСТИ - ЖЕНИ, ЖЕНИ - Постојат два вида жени׃ расеани – ќе ги изгубат двете ракавици; сталожени – ќе изгубат само една. Бернар - Пристојна...

Read more

МУДРОСТИ - ЖЕНСКИ КАРАКТЕР - Некои жени се како запалена цигара; ако не ја фатиш од вистинската страна, ќе се изгориш. Тухолски - Обично се...

Read more

ДА ПОГЛЕДНЕМЕ ВО ОГЛЕДАЛОТО... Кога ќе се угасни светлоста на твојот духовен живот, темна сенка на твоите телесни желби ќе падне на твојот пат....

Read more

  • Prev
  • Next

Twitter Updates...

  •  
fukosantin epimedium african mango afrika mangosu epilamor ozoderm uzamax altin cilek lavixir ayak kokusu biber hapi super x power penis halkasi maurers

ИНСТИТУЦИИТЕ – ФАКТОР БРОЈ ЕДЕН ВО БОРБАТА СО АЛКОХОЛНАТА БОЛЕСТ

Category : СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772, УЛОГАТА НА ДРЖАВАТА

0

Меѓу доблестите со кои владарот ја стекнува наклоноста на народот, на прво место се несебичноста и правдата.     Макијавели

На човек што прави непрекиден напор, треба да му се помогне.     Гете

Помогни му на слабиот, да не би морал после и неговиот товар на себе да го земеш.     Румунска пог.

Паметни, добри, талентирани млади луѓе, пред кои се отвораат бесконечни можности, доаѓаат во состојба да бидат заробени од алкохолот, несвесно се предаваат во рацете на ѓаволот кој ги мачи во својот пекол, пред воопшто да се порадуваат на животот, кои можеби никогаш нема да сфатат зошто се родиле, ниту зошто живеат. Во нивните пеколни страдања никакви теории не можат да им дадат одговор на овие, на прв поглед едноставни прашања. Во книгите во кои ги бараат овие одговори, тие наоѓаат многу интересни, умни нешта, но никаде не го наоѓаат одговорот на главното прашање: зошто луѓето од власта (која било власт досега) не го гледаат тоа што е толку очигледно, зошто не ги гледаат страдањата од луѓето кои се предизвикани од алкохолот, зошто не сакаат да помогнат да се ублажат последиците од ова најстрашно зло, што како темен облак се надвиснал и се заканува да ја угасни светлината на радоста и среќата во душата од луѓето, особено кај младите луѓе.

Државата и институциите во неа постојат за да го штитат народот од злото, значи, постојат за доброто на народот. Ние, членовите на Клубовите на лекувани алкохоличари сакаме да веруваме дека тоа навистина е така, сакаме да веруваме и да се надеваме дека можеме да ги разбудиме институциите во нашата држава и дека тие ќе направат се за да ги направат посреќни своите граѓани, особено да ги заштитат и да им помогнат на младите луѓе, на кои таа помош им е најпотребна. Опасноста од алкохолното зло е најголема токму поради заташкувањето на проблемите со алкохолот од страна на власта, бидејќи со таквото однесување на власта кон алкохолот, тоа зло не само што не се намалува, туку се повеќе се зголемува. Се зголемува затоа што се оправдува и облекува во привлечни форми, се прикажува во сосема поинаква слика од вистинската. Но, ако проблемите со алкохолот се заташкуваат, не значи дека тие и не постојат, дека ги нема. Спротивно, колку повеќе се заташкуваат проблемите предизвикани од алкохолот, тие проблеми ги има се повеќе, а се повеќе ги има и оние кои се богатат на сметка на злото, оние кои придонесуваат алкохоличарите да дојдат во таква состојба.

Можеби некои луѓе од државниот апарат, што ќе ги слушнат или прочитаат овие мои размислувања, ќе заклучат дека моите ставови се резултат на мојата фантазија, на моето незнаење. На сите нив ќе им речам: Господа, јас незнам во чија власт е животот на келиите во човековиот организам, но добро знам дека животот на многу млади луѓе, кои можеби токму поради вашиот индолентен однос кон алкохолот завлегле или веќе се наоѓаат во пеколот, дека нивната иднина и судбината се во ваши раце. Им се обраќам на сите кои се наоѓаат на врвот од хиерархиската скала и сите кои во иднина ќе дојдат на таа скала – знам дека ви е тешко да сфатите што точно во овој момент од Вас се очекува и бара. Ако сакате вистински да помогнете, размрдајте ги институциите на власта, донесете добри – применливи закони со кои ќе се стави ред во производството, посебно да се стави ред во продажбата на алкохолот. Посебно внимание и помош посветете им на Клубовите на лекувани алкохоличари како единствени места за одржување на трајна апстиненција, како на места без кои не може да има успех во борбата со ова најстрашно зло за целото човештво. Значи добро, многу добро размислете пред да ја донесете одлуката: дали ќе го запалите светлото на надежта во срцата на нашата младина или ќе го угасите.

Моите размислувања, особено во денешно време, можеби за многумина се граничат со фантазија, но сепак, да ги слушнеме искуствата од Џек Лондон. Тој вели: “Кога разумни луѓе ќе ја раководат човековата заедница, прво ќе почнат да спроведуваат или барем ќе се обидат да спроведат затворање на крчмите. Неразумните низ илјада генерации не би ги затвориле крчмите… И тоа ќе оди лесно. Единствено ќе бидат погодени тешките и случајни пијаници на една генерација. Јас сум еден од нив и давам свечена изјава  врз основа на долгогодишното другарување со алкохолот, дека нема многу силно да ме здоболи ако престанам да пијам, кога никој друг нема да пие и кога не ќе може да се купи алкохол. Од друга страна, младите луѓе по својата природа до толкава мера се неалкохоличари, та поради тоа што никогаш не вкусиле алкохол, нема ни да почувствуваат дека го нема. Тие ќе дознаат за крчмите единствено преку историјата, мислејќи за нив како за некој чуден стар обичај, сличен на борбата со бикови или запалување вештерки.”

Јас лично, а верувам и сите членови на Клубовите на лекувани алкохоличари и, сите луѓе кои имале или сеуште имаат какви било проблеми од алкохолот, изразуваат посебна почит и благодарност кон оваа Влада на Република Македонија, која собра храброст и донесе мудри одлуки со кои конечно и во нашата држава започнува вистинска битка со алкохолното зло. Донесувањето на “Предлог програмата за борба со алкохолизмот”, што од страна на Владата беше доставена пред повеќе години, а за која изгубивме надеж дека кога било ќе ја види светлината на денот, на 20.11.2007 год. конечно беше усвоена од страна на Владата. Се надеваме дека програмата ќе биде спроведена во целост, се надеваме дека Владата ќе помогне Клубовите на лекувани алкохоличари конечно да го добијат вистинскиот статус, што преку успесите што досега ги постигнале, неспорно докажале дека го заслужуваат.

Мислам дека кон Клубовите на лекувани алкохоличари е направена голема неправда и дека е крајно време таа да се исправи. Имено, во овој момент Клубовите на лекувани алкохоличари (од за нас несфатливи причини) се ставени во ист ранг со сите други здруженија на граѓани (пример гулабари, врапчари, рибари и слични). Се надевам дека успеав преку моите текстови, посебно преку моите книги, да ја прикажам благодатната, хуманитарната, корисната улога што ја имаат Клубовите на лекувани алкохоличари и дека Владата конечно ќе ги повлече вистинските потези – ќе почне вистински да ги помага постоечките, и ќе отвори Клубови на лекувани алкохоличари барем во поголемите населени места.

Долги години наназад, Клубот на лекувани алкохоличари “Здрав живот” од Прилеп, не добива никакви средства и опстојуваме благодарејќи само на упорноста на нашите терапевти и помошта што ја пружаат постарите членови на клубот. Да напоменам дека неколку пати конкуриравме кај невладините организации, но понижувачки бевме одбиени. За 2008 год. поднесовме апликација со проект програма за помош до Владата, но и од таму сме одбиени. Сакаме да веруваме дека сме одбиени само затоа што нашите проекти ги правеа аматери, луѓе што не ги знаат начините за украсување на проектите, или народски кажано, луѓе кои не знаат да лажат, да направат добра програма од која сите што ќе ја разгледуваат ќе бидат презадоволни, а во стварност, освен неколкумина, од истата никој друг нема да има корист. Токму затоа мислиме дека Владата на Република Македонија треба да пронајди начин со кој ќе се надмине проблемот со финансирањето на Клубовите на лекувани алкохоличари. Сметам дека најдобро решение би било кога Министерството за Труд и Социјала или Министерството за Здравство, (земајќи ги во предвид хуманите активности) би ги прифатиле Клубовите на лекувани алкохоличари под своја капа.

Резултатите што и досега со своите активности ги постигнуваат Клубовите на лекувани алкохоличари, посебно резултатите што ги постигнува Клубот на лекувани алкохоличари “Здрав живот” од Прилеп се за секаква пофалба, но убеден сум дека со вистинската помош од Владата на Република Македонија, ќе бидат многу поголеми. Во теоријата на алкохолизмот прифатена е тезата дека е успех ако од десет, се излекува и само еден алкохоличар. Членовите на Клубовите од нашата држава не ја прифаќаат оваа теорија и со сите сили се трудиме да им помогнеме на сите алкохоличари кои ќе побараат помош од нас. За нас не постои целосно изгубен случај, не сакаме да прифатиме дека и оној, кој веќе стигнал до дното од алкохолниот пекол, не ќе може еден ден да биде корисно, морално човеково битие. Затоа, кон секој алкохоличар пристапуваме со посебно внимание, спремни сме да му ја поклониме нашата љубов и човекољубие, спремни сме и кај него да ги разбудиме оние подзаспани чувства на добрина, љубов и човекољубие, за и тој еден ден да им помага на другите луѓе. Се разбира, помошта што им е потребна на Клубовите на лекувани алкохоличари, не ќе бидат залудно потрошени средства. Ќе бидат строго наменски и многу корисно инвестирани во интерес на апстинентите, но и на заедницата во целина. Површна пресметка може да ги докаже нашите ставови: ако се пресметаат трошоците за болничко лекување и трошоците за боледување на алкохоличарите, што преку нашите активности драстично ги намалуваме, ако се земат во обзир штетите во сообраќајот, зголемувањето на криминалот, да не заборавиме на страшните загуби на човечки животи во сообраќајот, убиствата, а верувам, сите се согласуваме, дека нема цена што може да ја плати една детска солза – ако сето тоа се земе во обзир, тогаш сигурен сум дека активностите кои ги обавуваме се сосема оправдани и заслужуваат да бидат помогнати и да им се посвети вистинското внимание.

Post a comment

fukosantin epimedium african mango afrika mangosu epilamor ozoderm uzamax altin cilek lavixir ayak kokusu biber hapi super x power penis halkasi maurers