АЛКОХОЛИЗАМ

- Тие што немаат посебни способности, обично се фалат дека се големи пијаници.   Шандор Петефи

-Лоша е таа куќа во која успехот се прославува со чаша, а тагата се растерува со флаша.   Бугарска пог.

- Во водата е лесно да потоне, во виното уште полесно.   Латинска пог.

- Секој крчмар го сака пијаницата, но не за свој зет.   Еврејска пог.

- Навиката за конзумирање алкохол за човештвото е поголемо зло отколку војната, гладот и сите болести заедно.   Дарвин

- Во раното утро подобро е да бидеш жена на крчмарот, отколку на гостинот.  Д. Радовиќ

- Некои толку пијат за здравјето на другите, што на крајот го губат своето.  Маџарска пог.

- Прво пиеме вино, потоа виното пие вино и на крај виното не пие нас.   Еврејска пог.

- Причината за многу несреќи лежи на дното од винската чаша.   Толстој

- Да се тврди дека алкохолот и користи на генијалноста, исто е како да тврдиме дека повеќе гледа оној, кој гледа двојно.   Фоербах

- Мене не ми е потребно вино да би се одушевил.   Русо

- Кој се расправа со пијан, навредува отсутен човек.   Публиј Сир

- Од главата во која виното ќе влези, разумот ќе излези.   Талмуд

- Погледот на пијаница е најдобрата поука за трезниот.   Анахагора

- Пијанството не е ништо друго, туку доброволно лудило.   Сенека

- Тагата не се потопува во вино - во него таа побрзо ќе науши да плива.   Анте Дукиќ

- Повеќе луѓе има упропастено алкохолот, отколку меч.   Латинска пог.

- Бог ја створи само водата, човекот го направи виното.   Виктор Иго

- Тоа што е во срцето на трезниот, на јазикот е кај пијаниот.   Латинска пог.

- Мудроста со виното се поматува, бидејќи виното и мудриот ќе го побудали.   Лат. пог.

- Зошто оној што не се опива затоа што нагонски го мрази виното, оправдано го нарекуваме трезен?     Уго Фосколо

- И тоа е едно од неповолните влијанија на виното - човек пиејќи почнува да ги заменува мислите со зборови.   Самуел Џонсон

- Пијанството секогаш е грев, но може да биде и злочин.   Паоло Мантегаца

- Кој на вересија пие, двапати се опива.   Народна пог.

АГРЕСИЈА

- Агресијата насекаде во светот без сомнеж е во пораст: агресијата на родителите врз децата и на децата врз родителите; мажот према жената и жената према мажот, соседот против сосед и држави против држави - се до најопасната и по човекот и животот на земјата, можеби кобна агресија - човекот против природата.     Др.Јеротиќ

- Агресивниот човек е и само агресиван. Уништувајќи ги другите, тој се уништува и себе си, а со тоа и изворот на агресија.     Др.Јеротиќ

- Агресијата што е ужасна кога ќе ја направи поединец, не се казнува кога ќе ја направи мнозинството.       Херберт Спенсер

АКТИВНОСТ

- Како ќе се запознаеш себе си? Со набљудување никогаш, туку со активна работа. Обиди се да ја извршуваш својата должност, па ќе дознаеш колку вредиш.     Гете

-Секоја активност, уживањето го прави целосно.       Аристотел

- Во размислувањето биди сличен на полжав, а во активностите на птица.    Јапонска пог.

- Човек од акција, обземен со мисли, несреќен е додека од тие мисли не се ослободи.

- Ако упорно одиш, ќе стигнеш кај што си намислил.       Бурманска пог.

- Еден дел од луѓето работат, но не мислат; а другиот дел мисли, но не работи.  Фосколо

- Надвор од акција, ние сме надвор од општеството.       Тин Ујевиќ

- Во тешки моменти, спас е ништо да не се презема, да се остави се како што е.   Лат. пог.

АМБИЦИЈА

- Амбицијата, во стварност, е лакомост за моќ.       Чарлс Колтон

- На луѓето кои не се надарени, а имаат претензии, ништо друго не им останува, осван да не ги признаваат вистинските таленти.       Чехов

- Големата намера во почетокот изгледа како лудост.       Гете

- Илјада опасности го демнат оној, кој сака нешто да постигни.       Јапонска пог.

- Оној што многу им се восхитува на коњитњ и јавачите, ќе се качи, порано или покасно -   на маска.       Владимир Назор

- Човекот целиот живот го мачи гладот за признанија.       Јан Парандовски

- Амбицијата многу луѓе ги натерала да бидат неискрени.       Салустие

- Како поинаку да расти стеблото, отколкуи према сонцето.       Петар Шегедин

- Кога автомобилот ќе ја помини брзината од 100 км/ч, тогаш повеќе не возиш - туку гаѓаш.       Торстен Тагнер

- Ништо не ја поттикнува амбицијата како трубата што ја најавува туѓата слава.   Грацијан

- Живееме со желба да се обогатиме или да стекнеме некое повисоко звање, но малку   напор вложуваме за стекнување некое поголемо знаење.       Горки

- Ако амбицијата и вредноста чекорат покрај вас, ќе станете некој.       Сантајана

- Робот има само еден господар; амбициозниот човек толку, колку што можат да влијаат на неговиот успех.       Ла Бриер

- Амбицијата доволно ги мачи своите следбеници, држејќи ги постојано на увид на јавноста, како улични споменици.       Др.Фулер

- Човекот се пробива додека е млад, потоа внимава младите да не се пробијат.   Канижај

- Можете да го убиете генералот на една војска, но не можете да ја убиете амбицијата во обичниот човек.       Конфучие

- Болната амбиција раѓа отровни цветови.       Сергеј Лукач

АФОРИЗАМ

- Мудрите изреки остануваат безвредни, додека не се применат во пракса.      Гибран

- Најголемата слабост на афоризмот е во тоа што никој не мисли дека на него се однесува.       “““

Повеќето составувачи на збирки стихови и изреки, наликуваат на луѓе кои јадат цреши - ги бираат прво најубавите, а на крајот ќе ги изедат сите.     Никола Шамфор 

- Медицината со апарат мери притисок. Државата отишла подалеку: државниот апарат може да го зголеми.       В. Булатовиќ

-Никој не е против слободата воопшто. Човекот обично е против слободата на друг човек.       В.Булатовиќ

- Колку повисоко леташ, толку изгледаш помал.       Пајовиќ

- Во пустината, можни се сите правци.       П.Ковачевиќ

- За живеење потребни се нерви. Тоа е работа како и секоја друга.       Б.Црнчевиќ

- Не ни се оди во пензија, не заради работата, туку заради другото што на работа се работи.      Радовиќ

БАКНЕЖ

- Звукот на бакнежот не е толку јак како звукот на топот, но неговиот екот многу подолго трае.       Оливер Хилмс

- Бакнежот е химна на љубовта.       Јозеф Махар

- Има работи кои можат да се кажат само при грлењето … бидејќи тоа што е најдлабоко и најчисто излегува од душата, можеби само на повик на бакнежите.       Морис Метерлинк

- Првиот бакнеж му доаѓа како некоја мала матура, после која детето преоѓа во повисоките класови, каде се учи виша математика на љубовта, со сите познати и непознати.       Б.Њушиќ

- Бакнежот е налик на солена вода. И,Колку повеќе пиеш, пијалакот се повеќе ти годи.  Рудаки