Posledni Napisi

СПАСОТ Е НА ДОФАТ НА РАКАТА % Но, тогаш Бог одлучи да смеша прсти во нашиот живот. Еден тмурен, пролетен ден, јас заминав во полето да работам,...

Read more

АЛКОХОЛОТ - НЕВИДЛИВ, НО СТРАШЕН... % Во почетокот немаше ништо необично, не гледав ништо лошо во тоа и воопшто не ми сметаше. Но, како времето поминуваше,...

Read more

ИСКУШЕНИЈАТА ДЕМНАТ ОД СИТЕ... Во Клубот на лекувани алкохоличари владееше необична атмосфера. Ништо не укажуваше дека на состанокот ќе се случи...

Read more

ОДНЕСУВАЊЕТО НА АЛКОХОЛИЧАРОТ... Закрепнатите луѓе од проблемите со пиењето, зависноста  од алкохол ја дефинираат како мултидимензионална и комплексна...

Read more

AKTIVNOSTI VO KLUBOT Вие, кој што сега посетувате Клуб на лекувани алкохоличари, вероватно сте разбрале дека сте влегле во големото...

Read more

ПИЕЊЕТО АЛКОХОЛ - ПРОБЛЕМ ВО... Вистината за проблемите, предизвикани од пиењето алкохол е многу полесно да се скрие на работното место, отколку...

Read more

КЛУБ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ Клубот на лекувани алкохоличари Ви е како да сте во еден рудник, и во него талкате, симни се најдолу, па кaчувај...

Read more

МУДРОСТИ - ЖЕНИ, ЖЕНИ - Постојат два вида жени׃ расеани – ќе ги изгубат двете ракавици; сталожени – ќе изгубат само една. Бернар - Пристојна...

Read more

МУДРОСТИ - ЖЕНСКИ КАРАКТЕР - Некои жени се како запалена цигара; ако не ја фатиш од вистинската страна, ќе се изгориш. Тухолски - Обично се...

Read more

ДА ПОГЛЕДНЕМЕ ВО ОГЛЕДАЛОТО... Кога ќе се угасни светлоста на твојот духовен живот, темна сенка на твоите телесни желби ќе падне на твојот пат....

Read more

  • Prev
  • Next

Twitter Updates...

  •  
fukosantin epimedium african mango afrika mangosu epilamor ozoderm uzamax altin cilek lavixir ayak kokusu biber hapi super x power penis halkasi maurers

НА ДОБРОТО ВРАТИ СО ДОБРО!

Category : КЛА 048-550716, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

Nulla pericula me deterrebont, guoninus amicis adsim -Никакви опасности не ќе ме одвратат, да не им помагам на пријателите.     Латинска пог.

Donec eris sospes multos numerabilis, tempora si fuerint nubila, solus eris – Додека ќе бидеш среќен, ќе имаш многу пријатели, а ако настанат лоши времиња, ќе бидеш сам.   Латинска пог.

Кога алкохоличарот, после сите жртви и напори конечно ќе излезе од алкохолниот пекол и ќе почне да живее нов живот, во неговиот и во животот на неговите најмили ќе се почувствува голема, позитивна промена. Во неговиот дом повторно ќе царуваат радоста и среќата, ќе се врати толку потребниот мир, што е најважно, членовите на семејството после долго заробеништво во алкохолниот пекол, повторно ќе ја почувствуваат слободата. Се разбира, за повторното враќање на овие најголеми благодети во животот на апстинентот и членовите на неговото семејство, најголема заслуга има Клубот на лекувани алкохоличари – терапевтите и новите, вистински пријатели во ликот на секој член на клубот.

Многу апстиненти, а во некои случаи и членовите на неговото семејство, веројатно поттикнати од нивната возгордеаност и егоизам, не можат или едноставно не сакаат да ја прифатат реалноста и да признаат, барем пред себе, дека тие самите не можеле да успеат во борбата со алкохолната болест. Спротивно, тие се убедени дека самите се заслужни за нивниот успех и, иако тоа не го покажуваат пред другите членови на клубот, цврсто се убедени во своите вредности. Почнуваат во својата глава да внесуваат мисла дека стигнале на многу повисок степен на развој, дека клубот нема ништо ново да им понуди и дека веќе нема потреба да го губат времето посетувајќи го клубот. Во почетокот дискретно, а потоа се поочигледно даваат до знаење дека почнуваат нов живот, од кој клубот делумно или целосно е исклучен и се поретко и поретко доаѓаат на состаноците во клубот. За своето однесување обично наоѓаат оправдување дека премногу се зафатени со други активности и дека немаат време за ништо друго. Ваквото однесување на апстинентите најчесто е поддржано и од членовите на неговото семејство.

Мудрецот рекол дека неблагодарноста е како оштрица од меч, кој понекогаш ја сече главата на својот ковач. Практиката покажува дека голем број од овие апстиненти, по кратко време, паѓаат уште на првото искушение и повторно му се враќаат на алкохолот.

За разлика од нив, поголем број од апстинентите се целосно свесни дека за нивниот успех во борбата со алкохолната болест, најзаслужни се терапевтите и членовите на клубот, бидејќи непрекинато добивале поддршка од нив. Апстинентот е свесен за сите околности кои ги вратиле неговите вредности, што е најважно, ја чувствува убавината на животот без алкохол, во својата душа ужива во среќата и радоста на неговите најмили. Веројатно поттикнат од чувството на должност, на добрината да врати со добрина, во неговата душа повторно заживуваат оние подзаборавени, заспани доблести, пред се чувството за чесност и благодарност. Чесноста од таквиот апстинент бара, откако самиот успеал да го победи алкохолот и да излезе од најстрашниот пекол, во границата на неговите можности, да им помага на новите апстиненти за да можат и тие полесно да го постигнат истиот успех. Апстинентот е свесен дека, помагајќи им на другите, индиректно си помага и себе си, за што повеќе да ја зацврсти својата волја за трајна апатиненција. Овие апстиненти остануваат во клубот долги години, најчесто до крајот на животот и ретко се случува некој од нив да направи рецидив.

Post a comment

fukosantin epimedium african mango afrika mangosu epilamor ozoderm uzamax altin cilek lavixir ayak kokusu biber hapi super x power penis halkasi maurers