Posledni Napisi

СПАСОТ Е НА ДОФАТ НА РАКАТА % Но, тогаш Бог одлучи да смеша прсти во нашиот живот. Еден тмурен, пролетен ден, јас заминав во полето да работам,...

Read more

АЛКОХОЛОТ - НЕВИДЛИВ, НО СТРАШЕН... % Во почетокот немаше ништо необично, не гледав ништо лошо во тоа и воопшто не ми сметаше. Но, како времето поминуваше,...

Read more

ИСКУШЕНИЈАТА ДЕМНАТ ОД СИТЕ... Во Клубот на лекувани алкохоличари владееше необична атмосфера. Ништо не укажуваше дека на состанокот ќе се случи...

Read more

ОДНЕСУВАЊЕТО НА АЛКОХОЛИЧАРОТ... Закрепнатите луѓе од проблемите со пиењето, зависноста  од алкохол ја дефинираат како мултидимензионална и комплексна...

Read more

AKTIVNOSTI VO KLUBOT Вие, кој што сега посетувате Клуб на лекувани алкохоличари, вероватно сте разбрале дека сте влегле во големото...

Read more

ПИЕЊЕТО АЛКОХОЛ - ПРОБЛЕМ ВО... Вистината за проблемите, предизвикани од пиењето алкохол е многу полесно да се скрие на работното место, отколку...

Read more

КЛУБ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ Клубот на лекувани алкохоличари Ви е како да сте во еден рудник, и во него талкате, симни се најдолу, па кaчувај...

Read more

МУДРОСТИ - ЖЕНИ, ЖЕНИ - Постојат два вида жени׃ расеани – ќе ги изгубат двете ракавици; сталожени – ќе изгубат само една. Бернар - Пристојна...

Read more

МУДРОСТИ - ЖЕНСКИ КАРАКТЕР - Некои жени се како запалена цигара; ако не ја фатиш од вистинската страна, ќе се изгориш. Тухолски - Обично се...

Read more

ДА ПОГЛЕДНЕМЕ ВО ОГЛЕДАЛОТО... Кога ќе се угасни светлоста на твојот духовен живот, темна сенка на твоите телесни желби ќе падне на твојот пат....

Read more

  • Prev
  • Next

Twitter Updates...

  •  
fukosantin epimedium african mango afrika mangosu epilamor ozoderm uzamax altin cilek lavixir ayak kokusu biber hapi super x power penis halkasi maurers

УНИВЕРЗАЛНИ ПРАВИЛА

Category : КЛА 048-550716, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

Vinum dementat et sapientes – Виното и мудрите ги побудалува.       Лат.поговорка

Цени го човекот кој ти укажува на твоите грешки како да ти открил скриено богатство -цени го мудрецот кој ти ги покажува животните опасности.     Дамапада

Во својата борба со алкохолната болест, секој апстинент треба да ги почитува универзалните правила кои се применуваат во сите Клубови на лекувани алкохоличари.

- СТРОГО ОДБЕГНУВАЈТЕ ГИ КАФЕАНИТЕ И СТАРОТО ДРУШТВО

- НЕ ЧУВАЈТЕ АЛКОХОЛ ВО ВАШИТЕ ДОМОВИ

- СЕКОЈДНЕВНО ЗЕМАЈТЕ ЕСПЕРАЛ – НАЈМАЛКУ ЕДНА ГОДИНА

- СЕКОЈ ДЕН ПОМИНАТ БЕЗ АЛКОХОЛ Е КАПИТАЛ

- ВО ТЕКОТ НА ЛЕКУВАЊЕТО ПОМАГАЈТЕ ИМ НА ДРУГИТЕ, ОСОБЕНО АКО СЕ ВО КРИЗА

- ОТВОРЕНО ЗБОРУВАЈТЕ ЗА СЕБЕ КАКО ЗА АЛКОХОЛИЧАР И ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА ОКОЛИНАТА ЗА ЛЕКУВАЊЕТО

- АКО ИМАТЕ КРИЗА, ЈАВЕТЕ СЕ ВЕДНАШ ВО КЛУБ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ, БИДЕЈЌИ ТАА Е ПРОПРАТНА ПОЈАВА ПРИ АПСТИНЕНЦИЈАТА

- АКО ДОЈДЕ ДО РЕЦИДИВ, ЈАВЕТЕ СЕ, ШТО Е МОЖНО ПОСКОРО НА ТЕРАПЕВТОТ ИЛИ ВО СВОЈОТ КЛУБ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ

- БЕЗ КЛУБ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ НЕМА АПСТИНЕНЦИЈА

Секое од овие правила во себе носи јасна порака и упатство, за апстинентот полесно да излезе од алкохолниот пекол. Иако можеби на прв поглед ќе ви изгледаат како работи кои одамна ги знаете и на кои не треба да им посветите поголемо внимание, бидете убедени дека тие во себе носат длабока смисла. Затоа, ајде да ги разгледаме поединечно.

За апстинентот да успее да го промени својот поглед кон алкохолот и кон животот воопшто, тој мора, барем еден период, додека не се наоружа со цврста волја за апстиненција, СТРОГО ДА ГИ ИЗБЕГНУВА КАФЕАНИТЕ И СТАРОТО ДРУШТВО. На кафеаната алкохоличарот треба да гледа како на куќа во кое се раѓа и живее злото, како на место во кое ѓаволот ја фрлил својата мрежа за да да го улови секој, што преку алкохолот премногу ќе му се приближи, и повторно да го внеси во алкохолниот пекол.

Кревка е човечката душа и многу лесно може да падне во искушение. Затоа, НЕ ЧУВАЈТЕ АЛКОХОЛ ВО ВАШИТЕ ДОМОВИ. Многу лесно може да се случи, и тоа во моментите кога најмалку очекувате, вашата рака едноставно несвесно и непланирано, да посегни по шишето со алкохол. Се препорачува и вашите гости да ги пречекувате со сок или кисела вода, без оглед дали тие ќе ви замерат за тоа.

Кога терапевтот ќе оцени дека сте психички подготвени да прифатите вистинска апстиненција, за полесно да успеете во тоа, ќе ви препише и есперал. СЕКОЈДНЕВНО ЗЕМАЈТЕ ЕСПЕРАЛ НАЈМАЛКУ ЕДНА ГОДИНА и многу полесно ќе се спротивставите на алкохолните кризи, кои можат во секој момент да се појават. Напоменувам дека еспералот треба да се зема исклучиво по препорака на лекар – терапевт.

Во семејствата каде има алкохоличар, особено ако неговата алкохолна болест е во покритична фаза, СЕКОЈ ДЕН ПОМИНАТ БЕЗ АЛКОХОЛ Е КАПИТАЛ. Вистинско богатство за членовите од семејството е алкохоличарот да помине макар само еден ден трезен. Не само што тој ден нема залудно да потроши пари на пијанчење, туку многу поважно е што членовите на семејството ќе се одморат од неговите малтретирања, и што е најважно, во нивната душа ќе се роди и ќе заживее надеж дека и утрешниот ден и сите други наредни денови, ќе живеат во мир и благосостојба.

Помагајќи им на другите, индиректно си помагаме и себе си, за да ја зацврстиме нашата волја за трајна апстиненција. Затоа, ВО ТЕКОТ НА ЛЕКУВАЊЕТО ПОМАГАЈТЕ ИМ НА ДРУГИТЕ, ОСОБЕНО АКО СЕ ВО КРИЗА. Знаете, заедно е полесно да се живее, полесно можат да се надминат проблемите – ако едниот падне, другиот ќе го подигне.

Во секојдневното живеење потребно е да се надминат некои конвенционални правила по кои сме се однесувале и за кои, гледано од нова перспектива на апстинент, слободно можеме да кажеме дека не доведувале во заблуди и кои скапо не коштале во животот. Не е срамота, кога ќе дојде и кумот, кон кој треба да имаме посебна почит, ОТВОРЕНО ДА ЗБОРУВАМЕ ЗА СЕБЕ КАКО ЗА АЛКОХОЛИЧАР, А И СИТЕ ДРУГИ ОКОЛУ НАС ДА ГИ ЗАПОЗНАЕМЕ СО НАШЕТО ЛЕКУВАЊЕ. Ако луѓето кои доаѓаат во вашиот дом навистина ве почитуваат, ќе ја разберат вашата состојба и ќе се обидат, макар со тоа што барем пред вас нема да пијат алкохол, со што ќе ја разбрануваат вашата душа, да ви помогнат.

Алкохолната криза е непријатна состојба кога кај апстинентот се појавува неодолива желба да се напие алкохол. Најстрашна е помислата дека апстинентот, и тоа апстинент кој повеќе години издржал без алкохол, дека не е страшно ако се напие само една чаша пиво или вино. Таа страшна мисла е еден вид на криза, која ако ја задоволите, многу брзо ќе ве врати во алкохолниот пекол. Затоа, АКО ИМАТЕ КРИЗА, ЈАВЕТЕ СЕ ВЕДНАШ ВО КЛУБОТ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ. КРИЗАТА Е ПРОПРАТНА ПОЈАВА ПРИ АПСТИНЕНЦИЈАТА. Напоменувам уште еднаш, немојте да се залажувате дека кога било ќе се вратите во состојба на нормално пиење - донесете цврста одлука за апстиненција поткрепена со мислата, дека за алкохоличарот кој длабоко завлегол во алкохолниот пекол, со пиењето е завршено до крајот на неговиот живот.

Рецидивот е состојба кога алкохоличарот, во одредени околности на криза, не може да се спротивстави на ѓаволските искушенија и ќе се напие алкохол. Многу луѓе сметаат дека рецидивот е пропратна појава во апстиненцијата, што јас мислам дека е погрешно. Рецидивот е само појава, но не и пропратна појава која би можеле да кажеме дека е правило, кое очигледно се однесува само на кризата, која по правило, во различни облици се појавува кај секој апстинент. Во Клубот на лекувани алкохоличари “Здрав живот” од Прилеп имаме апстиненти кои служат за пример и кои издржале долга апстиненција, повеќе од дваесет години без ниту еден рецидив. Сепак, АКО ДОЈДЕ ДО РЕЦИДИВ, ЈАВЕТЕ СЕ, ШТО Е МОЖНО ПОСКОРО НА ТЕРАПЕВТОТ ИЛИ ВО СВОЈОТ КЛУБ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ. Само на тој начин ќе избегнете грешката што сте ја направиле со посегањето по чашата со алкохол, што побрзо да ја исправите, многу полесно да се вратите во апстиненција. Ако тоа не го направите, за брзо време ќе се вратите во поранешната состојба на секојдневно пиење и опивање и патот за излез од алкохолниот пекол ќе биде многу потежок.

Најважно што секој апстинент треба да знае е дека БЕЗ КЛУБ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ НЕМА УСПЕХ ВО БОРБАТА СО АЛКОХОЛНАТА БОЛЕСТ. На прстите од рацете можеме да ги наброиме оние луѓе, кои го оставиле алкохолот и се вратиле во нормалниот живот и без посетување на Клуб на лекувани алкохоличари. Клубот е место каде се одржува трајна апстиненција, место каде апстинентот ќе се дружи со луѓе кои имаат иста или слична животна приказна, што е најважно, ќе се дружи со луѓе кои засекогаш му кажале збогум на алкохолот и кои можат да му служат за пример, луѓе кои се спремни во секое време да му помогнат и тој да го постигне истиот успех.

За мојата борба со алкохолот и алкохолната болест, за начинот на кој јас се справував со алкохолните кризи, ќе дознаете кога ќе ја прочитате мојата книга “Исповед на еден алкохоличар.” Во романот “Како да се победи Кралот Алкохол” го опишав пристапот и лекувањето на неколку апстиненти, искуства кои многу ќе ви помогнат во зацвстување на вашата волја за трајна апстиненција.

ДА НАУЧИМЕ ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ПРАВИЛАТА ЗА БОРБА АЛКОХОЛНАТА БОЛЕСТ

Category : ЛЕКУВАЊЕ 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

Навиката не можеш едноставно да ја фрлиш низ прозорец, туку треба полека и внимателно да се спушта по скалите.     Твен

Кога на мојата врата напишав: “Оставете ги своите навики и традиции пред да влезете” – никој не се осмели да тропне на вратата.     Гибран

За да се постигне посакуваната цел – победа над алкохолното зло по секоја цена, потребно е да се следат правилата кои за секој апстинент треба да претставуваат единствен и неменлив закон. За жал, во клубот има многу луѓе кои ги учат и за кои слободно може да се каже дека ги научиле правилата за борба со алкохолната болест, но не ја развиваат навиката да ги применуваат во пракса. Им недостига мотив и инспирација и затоа со текот на времето престануваат да ги применуваат. Мотивацијата претставува поттикнување на акција и таа е како оган кој постојано мора да се одржува, ако сакаме постојано да пламти, да не изгасне. За да не се случи тоа, со постојани упатства и укажувања, треба да се разгорува огнот за мотивација на сите оние кои тежнеат кон успехот и убеден сум дека резултатот нема да изостане. Се надевам дека луѓето ќе ги прифатат и ќе почнат да ги применуваат големите идеи на нашите терапевти како единствена вистина и благодадта од тие инфузии на ентузијазам, ќе стане достапна и корисна за се поголем број луѓе.

Младите апстиненти треба да вложат поголем напор за да постигнат успех во борбата со алкохолот. Патот до успехот не е лесен и не носи брзи резултати. Како што е невозможно да стигнеме веднаш на седмиот кат, туку мораме скала по скала трпеливо да чекориме, исто така е невозможно за брзо време да го санираме нашето здравје, кое долги години, пиејќи алкохол, сме го уништувале. Сепак, практиката покажува дека оние кои ги следат правилата за борба со алкохолната болест, многу успешно и без исклучок ќе успеат. Ако ги следиме правилата што се применуваат во клубот ќе откриеме, како и илјадници пред нас, дека единствени ограничувања кои ни стојат на патот кон постигнување успех во нашето лекување се оние, кои сами сме ги создале во нашиот ум.

Правилата за успех во борбата со алкохолната болест во себе носат порака, која треба да послужи за подолг временски период, односно, до крајот на животот, правила кои со текот на времето ќе ни стануваат се појасни. Може да се случи да почувствуваме дека некои правила како да се напишани токму за нас. Во тој случај уште на почетокот треба да им посветиме поголемо внимание. Успехот навистина се мери со времето, но тоа не е трка, тоа е процес. Успехот најмногу зависи од апстинентот, а се мери со поминатите денови, месеци, години во цврста апстиненција.

Многу работи што ги слушаме во клубот ни изгледаат толку познато, така што веројатно понекогаш, поттикнати од нашата возгордеаност, помислуваме дека не треба да им се посветува посебно внимание. Тоа истото се случува и со правилата и советите од терапевтите или кој било член од клубот. Често се случува при слушањето на некој совет или при читањето на некое правило да не успееме да забележиме ништо корисно. Токму во ваквите моменти треба да посветиме поголемо внимание, а не со леснотија да преминуваме преку нив. Пораките можат да бидат толку суптилни да нашиот ум не може веднаш да ги препознае, односно, не можеме да донесеме правилна проценка за важноста на пораките кои тие совети или правила во себе ги носат. Штом ќе се навратиме на некое отфрлено правило или совет, секогаш во него ќе забележиме некоја нова порака. Тоа е една од причините за правилата да почнеме да размислуваме посериозно и да ги применуваме во секојдневниот живот. Кога по извесно време ќе стигнеме до повисоко ниво на сопствениот развој, тогаш, набљудувајќи од нова перспектива, во правилата што ги применуваме ќе пронајдеме нова мудрост.

Веќе реков дека моите книги им ги препорачувам на сите луѓе, особено на оние кои знаат како да ги читаат и да се користат со нив. Сите вие, кои досега ги прочитавте сте многу задоволни, но ве замолувам да ги прочитате уште еднаш и бидете сигурни дека вашето задоволство од новите сознанија ќе биде двојно поголемо.

ПОТРЕБНО Е ГОЛЕМО ТРПЕНИЕ ПРИ РЕШАВАЊЕТО НА ПРОБЛЕМИТЕ

Category : ВОСПИТУВАЊЕ 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

Лесно е да се поднесат несреќите, ако човекот е наоружан со трпение      Публиј Сир

За постигнување на вистински успех во борбата со алкохолот и алкохолната болест, сите ние треба да имаме големо трпение, бидејќи често се случува, заради нашата нетрпеливост нештата да ги измениме веднаш во наша полза, резултатите да изостанат или да не го дадат очекуваниот ефект. Трпението е должност, трпението е вистина, трпението е врвна мудрост на големите луѓе. Трпението бара посебен вид на храброст. Тоа е храброст на постојано воздржување и толеранција кои произлегуваат од нашата целосна посветеност на нашиот идеал – постојана борба со злото. Трпението е храброст да се измени она што може да се измени, подготвеност да се прифати она што не може да се измени и мудрост помеѓу нив да се направи разлика. И затоа, колку повеќе сме обземени со мислата за постигнување на нашата животна цел – победа над алкохолното зло, толку повеќе треба да имаме трпение во совладувањето на пречките кои ќе ни застанат на патот. Ако знаеме кон што тежнееме во животот, ако ја знаеме нашата вистинска животна цел, ќе имаме поголемо трпение во надминувањето на ситните непријатности кои постојано ќе ни го попречуваат патот кон нашата победа. Ако проблемите ги разбереме на вистински начин и им пријдеме позитивно, ќе откриеме дека ќе ги снема веднаш штом ќе се соочиме со нив, ќе исчезнат многу побрзо отколку нашата решителност да се справиме со нив.

Но, како можеме да ги развиеме трпението и толеранцијата? Многу лесно. Треба да одредиме јасна животна цел, да донесеме цврста одлука за победа над алкохолното зло, во длабината на срцето да ги прифатиме и во пракса да ги применуваме правилата и советите добиени од терапевтите во Клубот на лекувани алкохоличари и во целост да се сконцентрираме, се додека не почувствуваме дека сме преплавени од горливата желба да ја постигнеме таа цел. И секоја мисла, дело или молитва, треба да ја насочиме кон нашата цел – победа над алкохолот.

Во мојот роман “Како да се победи Кралот Алкохол”, покрај верата, љубовта и надежта, ќе го сретнете и трпението како една од најважните доблести во човековиот карактер, доблест која ќе му помогне на главниот лик во решавањето на својот најголем проблем – напуштањето на животинското во себе, предизвикано од алкохолот, и повторно враќање во светот на луѓето.

fukosantin epimedium african mango afrika mangosu epilamor ozoderm uzamax altin cilek lavixir ayak kokusu biber hapi super x power penis halkasi maurers