Posledni Napisi

МУДРОСТИ - ЖЕНИ... МАЖИ - Пријателството на две жени е само завера против трета. Кар - Жената што не е убава, никогаш не била млада. Свечин -...

Read more

ЗАВИСНОСТА ОД АЛКОХОЛОТ Е СЕМЕЕН... Ставовите кон пиењето алкохолни пијалаци се формираат уште во детството и раната младост и тоа по образецот на...

Read more

МУДРОСТИ - ОД СЕ ПО НЕШТО ЗА ЖЕНИТЕ - Секогаш е исто׃ прво некоја жена ја имаш во срцето, потоа во раката, па на колената и на крајот, на вратот. Буш -...

Read more

ВО СЕКОЈ ЧОВЕК СЕ КРИЕ ПОБЕДНИК Од нашиот прекрасен живот во Америка, ќе кажам дека со помош на нашиот роднина, кој ни најде работа, добро се снајдовме...

Read more

АЛКОХОЛОТ Е НЕВИДЛИВ...НО СТРАШЕН... Најмила моја, тоа што намерно си ми давала ракија за да не те малтретирам, воопшто нека не те измачува, бидејќи...

Read more

КАДЕ ШТО ИМА ИСКРЕНОСТ, ИМА И... Во тие моменти почна да ме измачува тоа, што Ристе почна многу брзо да постигнува добри резултати во борбата со...

Read more

НАДЕЖ ЗА СПАС ОД АЛКОХОЛОТ! % - Незнам како излегов од ординацијата. Сознанието дека сум уништувала болен човек, целосно ме порази. Толку бедно...

Read more

СПАСОТ Е НА ДОФАТ НА РАКАТА % Но, тогаш Бог одлучи да смеша прсти во нашиот живот. Еден тмурен, пролетен ден, јас заминав во полето да работам,...

Read more

АЛКОХОЛОТ - НЕВИДЛИВ, НО СТРАШЕН... % Во почетокот немаше ништо необично, не гледав ништо лошо во тоа и воопшто не ми сметаше. Но, како времето поминуваше,...

Read more

ИСКУШЕНИЈАТА ДЕМНАТ ОД СИТЕ... Во Клубот на лекувани алкохоличари владееше необична атмосфера. Ништо не укажуваше дека на состанокот ќе се случи...

Read more

  • Prev
  • Next

Twitter Updates...

  •  
african mango ozoderm

РЕЦИДИВ 3 – КУЛА ОД КАРТИ

Category : РЕЦИДИВ, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

Некои луѓе затоа што немаат сопствена, знаат да ја ценат туѓата памет, често постапуваат попаметно од паметните кои тоа не го знаат.     Василиј Кључевски

Луѓето мислат дека самооткажувањето ја одзема слободата. Тие не знаат дека единствено самооткажувањето дава вистинска слобода, бидејќи не ослободува нас самите, од ропството на нашата расипаност. Нашите страсти се наши најлоши тирани, но штом од нив ќе се откажеме, ќе ја почувствуваме слободата.     Финелон

Забележав тага и болка во неговиот глас. Навистина беше чудно, на колку лабави темели, како кула од карти, тој ја подигаше својата зграда на своите залажувања. Уште почудно беше што тој беше цврсто убеден во нив. Нишајќи со главата сакаше да го прекине овој, за него мачен разговор, но јас не сакав да дозволам да се заврши на тоа. Му реков дека тој самиот себе се застрашува и плаши од нешто, во што нема ништо страшно; ако има разум и волја, а тој ги има и двете, со помош на пријателите од Клубот на лекувани алкохоличари ќе успее да ја надмине кризата, ќе може да започне нов живот, а човек каков што е тој не може во тоа да не успее, само треба да се потруди колку и другите членови кои го посетуваат Клубот. За да го убедам дека сето тоа што му го советувам е најдобро за него и дека членовите на Клубот на лекувани алкохоличари целосно се упатени, како тоа треба да се направи, како и тоа дека сум цврсто убеден во неговиот успех, сите ние, му реков, цело време ќе му бидеме при рака, за случај работата да застане.

Во тој момент сигурен сум дека беше убеден, дека заедничката несреќа што го поврзува со апсинентите од Клубот е доволно голема, за сите нас да не здружи во борбата со алкохолното зло, дека со дружењето во Клубот го наоѓаме единственото место, каде никој нема да ни префрла за нашето минато. Во Клубот на лекувани алкохоличари ќе можеме мирно да размислуваме за своите несреќи од минатото и ќе чувствуваме неограничено задоволство, убедени дека сме го победиле најголемото зло и дека сме се спасиле од алкохолниот пекол, дека ќе можеме да живееме како сосема нови луѓе во еден нов свет, каде нема да правиме зло, ниту ќе бидеме причина за какво било зло. Се трудев да му говорам што поуверливо, така што во еден момент забележав солзи во неговите очи.

- Размисли малку подобро и некои работи ќе ти станат појасни, му реков тивко. Тоа што ти на работите гледаш поинаку не значи и дека си во право, туку значи дека некои работи доволно добро не си ги разбрал. Клубот на лекувани алкохоличари може да му помогне на оној кој, пред се, самиот сака да си помогне. Треба да се покориш на својата судбина, во надеж дека со помош на нашите терапевти ќе најдеш утеха, а во членовите на Клубот искрени советници и другари во неволја. Затоа, те молам да размислиш подобро и да продолжиш да го посетуваш Клубот. Убеден сум дека со текот на времето ќе ги промениш своите ставови, ќе ти се допадне и дека ќе се зголеми твојата доверба кон Клубот и неговите членови.

На разделбата рече дека сепак ќе размисли.

За мене тоа беше многу тажна вистина. Се потрудив да му помогнам со моите совети, се обидов да го уверам во моите најдобри намери, но дали ми веруваше или не, не можам да кажам – тогаш мислев дека не ми верува. Ме испрати исто така ладно како и што ме пречека, но од лицата на неговите домашни можеше да се види дека сеуште ја немаат изгубено надежта дека ќе успееме во намерата да му помогнеме. Од друга страна, ми беше многу мило што смело и отворено му го кажав моето мислење, чесно и искрено, иако моите зборови во тој момент не го постигнаа ефектот што го посакував, односно, да го убедам повторно да се врати во Клубот. Сепак, му дадов до знаење дека треба да размисли за своите постапки, да не го остава Клубот, а со тоа отворено да не го прекрши дадениот збор, да не згазне на својата чест на која толкупати се повикуваше.

Уште истиот ден ги запознав нашите терапевт др.Снежана Ѓорѓиоска- Жане, за текот на мојата посета. Веќе наредниот ден патронажната група го посети домот на нашиот драг колега. Задоволството од нашите активности го доживеавме веќе на наредниот состанок.

Post a comment

african mango ozoderm