Posledni Napisi

СПАСОТ Е НА ДОФАТ НА РАКАТА % Но, тогаш Бог одлучи да смеша прсти во нашиот живот. Еден тмурен, пролетен ден, јас заминав во полето да работам,...

Read more

АЛКОХОЛОТ - НЕВИДЛИВ, НО СТРАШЕН... % Во почетокот немаше ништо необично, не гледав ништо лошо во тоа и воопшто не ми сметаше. Но, како времето поминуваше,...

Read more

ИСКУШЕНИЈАТА ДЕМНАТ ОД СИТЕ... Во Клубот на лекувани алкохоличари владееше необична атмосфера. Ништо не укажуваше дека на состанокот ќе се случи...

Read more

ОДНЕСУВАЊЕТО НА АЛКОХОЛИЧАРОТ... Закрепнатите луѓе од проблемите со пиењето, зависноста  од алкохол ја дефинираат како мултидимензионална и комплексна...

Read more

AKTIVNOSTI VO KLUBOT Вие, кој што сега посетувате Клуб на лекувани алкохоличари, вероватно сте разбрале дека сте влегле во големото...

Read more

ПИЕЊЕТО АЛКОХОЛ - ПРОБЛЕМ ВО... Вистината за проблемите, предизвикани од пиењето алкохол е многу полесно да се скрие на работното место, отколку...

Read more

КЛУБ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ Клубот на лекувани алкохоличари Ви е како да сте во еден рудник, и во него талкате, симни се најдолу, па кaчувај...

Read more

МУДРОСТИ - ЖЕНИ, ЖЕНИ - Постојат два вида жени׃ расеани – ќе ги изгубат двете ракавици; сталожени – ќе изгубат само една. Бернар - Пристојна...

Read more

МУДРОСТИ - ЖЕНСКИ КАРАКТЕР - Некои жени се како запалена цигара; ако не ја фатиш од вистинската страна, ќе се изгориш. Тухолски - Обично се...

Read more

ДА ПОГЛЕДНЕМЕ ВО ОГЛЕДАЛОТО... Кога ќе се угасни светлоста на твојот духовен живот, темна сенка на твоите телесни желби ќе падне на твојот пат....

Read more

  • Prev
  • Next

Twitter Updates...

  •  
fukosantin epimedium african mango afrika mangosu epilamor ozoderm uzamax altin cilek lavixir ayak kokusu biber hapi super x power penis halkasi maurers

РЕЦИДИВ 7 – УЛОГАТА НА СЕМЕЈСТВОТО

Category : РЕЦИДИВ, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

Неколку добри луѓе секогаш прават топол дом – и без печка, кров и прозори.          Готфрид Колер

Оној кој е неспособен да живее во друштво или на кој тоа не му е потребно, затоа што сам себе си е доволен, не е дел од заедницата и самиот е или дива ѕверка или Божество.  Арисотел

Потоа зеде збор неговата сопруга. Таа храбра жена не изненади сите со својот говор.

- Мојот сопруг долго време се гордееше со својата апстиненција и често ја раскажуваше својата животна приказна пред нашите роднини и пријатели. Мислам дека се надеваше дека правилно ќе го разберат, дека на многумина од нив, на кои им се допадна и кои ги забавуваше раскажувањето на периодот од неговите лудости, нема да најдат наслада во овој дел, кој навистина го опишуваше најлошиот период од неговиот живот – најнекорисен за него и најпоучен за другите. Не ги знам причините заради кои некои од нашите роднини и пријатели вршеа голем притисок врз мојот сопруг со тоа што, во најцрна светлина и со најлоши зборови, кои не е пристојно да ги цитирам, ги опишуваа вредностите и улогата на Клубот, посебно не ги знам причините за нивното лошо, многу лошо мислење што го имаат оформено за луѓето кои посетуваат Клуб на лекувани алкохоличари. Ќе бев многу среќна некој од нив да беше сега тука, да може да види дека вие сте многу поправедни кон нас отколку тие, бидејќи тие и сега се убедени во тоа дека Клубот е некоја глупост, што не е за нормален човек. Да имаат можност да видат дека тоа не е така, дека вашите зборови се искрени и не се разликуваат од вашите дела, ќе видат дека на сите ви нанесуваат голема неправда. И покрај недовербата кон вас од страна на мојот сопруг, вие се однесувате кон него многу поубаво отколку што тоа може од кого било да се очекува и затоа сум сигурна дека во иднина, многу повеќе ќе ве цени и почитува.

Живеевме во прекрасна среќа, мир и задоволство долго време, кога одненадеж, некоја невидлива рака, со еден ненадеен удар, ја сруши сета таа убавина и повторно не втурна во состојба, во која се беше спротивно од животот што дотогаш го живеевме. Мојот сопруг е прекрасен човек и да продолжеше да го посетува Клубот, мислам дека ќе имаше многу работи со кои ќе можевме да се пофалиме, но како што мудрите луѓе рекле, стомната оди на вода додека не се скрши. Стравотиите од алкохолниот пекол, на кои целосно заборавивме и мислевме дека никогаш повеќе нема да се вратат, повторно тропнаа на нашата врата.

Денес, благодарение на сите вас, посебно на терапевтите, во нашиот живот повторно се врати надежта за среќна иднина. Не ги штедевте зборовите на мојот сопруг да му го дочарате новиот живот кој што го очекува, ако почне повторно да го посетува Клубот – со еден збор, дека нема причина да се срами од тоа, а се друго е ваша грижа. Тогаш тој се најде во непријатна состојба, бидејќи никако не можеше да ги одбие укажувањата од толку благородни луѓе и затоа, одлучи да ја прифати вашата помош. Беше тоа таков доказ за неговата доверба кон вас, едноставно, беше восхитен и не можеше да се помири со мислата дека вие вложувате толку голем труд околу него. Сето тоа покажува дека Боженствената добрина ги разбудува истите чувства кај сите разумни луѓе, кога во срцето ќе ја почувствуваат благодадта на милосрдието. Често ги подига рацете кон небото и радосно воскликнува: “Ти благодарам Господе што, преку моите пријатели од Клубот, сеуште се грижиш за вака неблагодарен бедник, каков што сум јас.”

Праведниот глас на совеста често ќе го освести човекот, а ососбено разумниот човек. Вистина е дека болниот од својата постела на работите гледа со поинакво расположение и во неговите очи работите се поинакви отколку порано или барем му изгледаат дека се поинакви. Откако ја разбудивте заспаната совест кај мојот сопруг, тој почна многу да се кае за својата неразумна постапка, како да направил некој најстрашен злочин, заради кој ќе мора да оди на стрелање, бидејќи како што вели, тоа противречи на неговиот морал и дека не е во склад со неговото долгогодишно искуство, стекнато во Клубот на лекувани алкохоличари и неговите дотогашни постапки во животот.

Морам повторно да напоменам дека во многу прилики, кога мојот сопруг ќе почувствува таква благодарност, неговиот поранешен, грешен, одвратен живот му изгледа чуден, нестварен и никогаш не му се гади толку и никогаш не чувствува таква грижа на совеста, како во моментите кога ќе помисли - колкава добрина му поклонија неговите спасители и тогаш се колне дека на таа добрина, никогаш повеќе нема да возврати со повторно враќање кон алкохолот. Уште еднаш, примете најискрена благодарност што ги вративте мирот и среќата во нашиот дом, посебно примете најискрена благодарност што ја вративте насмевката на лицата од нашите прекрасни дечиња, што го вративте сјајот на надежта во нивните очи.

Сосема за крај, бидејќи овој состанок се случува неколку денови пред 8-ми Март, на сите сопруги кои го посетуваат Женскиот дел од клубот за поддршка на апстинентите “Викторија” и на сите жени кои имаат каков било проблем предизвикан од алкохолот, им го честитам празникот и им упатувам искрени зборови на поддршка во нивните активности. Од наредниот состанок и јас ќе се приклучам и ќе бидам дел од најхрабрата, најхуманата армија која несебично помага во борбата со најголемото зло за целото човештво – алкохолот. Со тоа што таму ќе го научам, се надевам дека ќе му помогнам не само на мојот сопруг да истрае во неговата апстиненција, туку ќе помагам да се мотивирааат што повеќе жени да побараат спас за нивните сопрузи, браќа или синови, да побараат спас за нив самите, уште повеќе за нивните несреќни дечиња.

Говорот на нашиот драг колега и неговата сопруга беше толку искрен што, морам да признаам, ме болеше што токму нивните роднини и пријатели, со нивните неразумни совети, придонеле вака чесни и добри луѓе да бидат заведени, да бидат упатени во пропаст. Од друга страна пак, на сите ни причинуваше огромно задоволство и радост што успеавме нашиот колега да го разбудиме, да го мотивираме повторно да го побара својот спас во Клубот. Сите со солзи радосници му честитавме на успехот.

email:  petreski_i@hotmail.com

Post a comment

fukosantin epimedium african mango afrika mangosu epilamor ozoderm uzamax altin cilek lavixir ayak kokusu biber hapi super x power penis halkasi maurers