април 2009


%

Роден сум 1956 година во Република Македонија, во градот Прилеп, како второ од четирите деца на моите родители, Марија и Славе Петрески. Брат ми е девет години помал од мене, а со сестрите послабо комуницирав, така што поголемиот дел од денот го поминував во играње, со врсниците од поблиската околина. Живеевме во трошна куќа, направена од плитари, опремена со скромна покуќнина: два железни кревети, креденец во кој имаше се и сешто, маса и неколку столици, тркалезна масичка - синија за месење леб, која секогаш беше обесена на ѕидот, и шпорет на дрва. Посебно за тој шпорет моите родители имаа болни спомени, бидејќи еден несреќен ден, кога во куќата на кратко било оставено само најстарото сестриче, тоа се доближило до шпоретот и се запалило, што било и причина за нејзината смрт. Споменот на овој трагичен настан секогаш ги насолзуваше очите на татко ми, а мајка ми излегуваше од собата, криејќи ги солзите и болот во душата.

Мајка ми беше многу добра, премногу добра жена, но сиромаштијата, скромното знаење, посебно проблемите што ги имаше со татко ми веројатно беа причина што нејзината љубов вистински не можевме да ја почувствуваме. Беше премногу тивка и повлечена и да не беа безбројните (потребни и непотребни) обврски кон децата и кон татко ми, веројатно немаше ни да ја забележуваме. Слободно можам да кажам дека бевме немирни деца, така што мајка ми цело време имаше обврски околу нас, а таа, таа стоички сето тоа го поднесуваше. Само понекогаш нејзината закана дека за некоја наша поголема глупост ќе му каже на татко ми, имаше влијание на нас и тогаш во собата ќе завладееше целосна тишина.

Мојот татко е посебна приказна во мојот живот. Можеби тешкотиите и лошото искуство што го имал во неговиот живот, придонеле да биде многу нервозен, но беше и лош човек, страшен кога казнува, страшен и кога наградува, па поради тоа многу се плашев од него. Неговиот збор не само што секогаш беше последен, туку беше закон за сите без исклучок - за сите важеше правилото: едниот пат велам, другиот пат тепам. Не беше алкохоличар и во основа беше чесен човек, со скромни потреби.

Се сеќавам, кога имав пет-шест години, во едно од новогодишните колетчиња имаше детски карти за играње, полни со многу убави сликички. Многу се израдувавме на поклонот и со нестрпливост дочекавме колетот да се отвори. Но, уште на почетокот со постарата сестра се скаравме, бидејќи и таа сакаше да игра со картите. Бидејќи не попуштавме во нашите намери, татко ми, во тој момент, за да ја смири состојбата, го избра за нас најнеочекуваното и најболното решение. Со голема лутина и нервоза скокна од креветот, ги грабна картите и ги фрли во огнот од шпоретот. Во собата наеднаш завладеа целосна тишина, а ние, стуткани во ќошот, со солзи во очите се каевме што ете, бевме толку лоши со што предизвикавме толку силен бес кај нашиот татко. Веројатно се плашевме и нас да не не фрли во огнот и затоа никој ништо не приговараше. Од тој ден стравот од татко ми се повеќе растеше во моето срце, но истовремено се повеќе растеше и мојата омраза кон него.

Имаше многу моменти во кои татко ми покажуваше непотребна, честопати премногу ризична самодоверба која, така да кажам, се граничеше со глупост. Имаше многу важни моменти во кои донесуваше брзи, непромислени, честопати погрешни и крајно ризични одлуки. Едно попладне децата од соседството, во нивите засадени со тутун, пронашле неексплодирана бомба-граната и ја донесоа кај татко ми. Во тие моменти тој се однесуваше како да е голем експерт, кој отвора едноставен затворач од винско шише, зеде еден остар нож и полека, со сигурност на човек кој таа работа ја прави стотинапати на ден, ја извади главата од бомбата, додека сите деца, не имаше десетина, бевме наредени околу него и гледавме со восхит и големо внимание. Тоа беше една од ретките прилики кога во татко ми гледав свој херој, но во исто време, од некој непознат страв, моето срце силно трепереше. Незнам што тогаш мислеше, ако воопшто мислеше, но татко ми мораше да биде свесен за последиците, кои можеа да бидат катастрофални, од неговиот крајно неразумен чин.

Кога наредниот ден, едно од децата што беа присутни на настанот, (веројатно со намера пред нашата учителка да го прикаже мојот татко како голем херој), го раскажа случајот со голема восхитеност и драматичност, се доби сосема спротиван ефект, така што за малку од лутина и изненаденост, учителката ќе паднеше во несвест. “Па зошто не го спречивте, зошто дозволивте да си игра со вашите животи” - гневно викаше таа. Но, веќе беше касно за се - делото, од кое на човек му се крева косата на главата, му застанува крвта во жилите од самата помисла и го фаќа ужас од можните, катастрофални последици, веќе беше направено.

% 

Почитувани пријатели, сите Вие кои ќе ја отворите оваа страна. Во наредниот период ќе Ви презентирам дел од мојата прва книга “Исповед на еден алкохоличар”, со цел поблиску да се запознаете со мојот животен пат, пред се да се запознаете со уништувачката моќ на алкохолот и со непобитната вистина, дека спас од пеколниот алкохолен лавиринт постои. Се надевам дека луѓето што ќе прочитаат, ако ништо друго, подобро ќе се размислат за својата судбина, за судбината на своите најблиски роднини и пријатели, ќе ги научат методите за пристап и помош на заболените од алкохолната болест. Немојте да мислите дека сум толку наивен, бидејќи, исто како и Вие, добро знам дека овие редови најмалку ќе ги читаат алкохоличарите, токму оние на кои тие им се најкорисни. Мојата намера е, во оваа тешка битка против најголемиот непријател на целото човештво - алкохолот, да се обидам да привлечам што повеќе разумни луѓе да се вклучат кон најголемата армија на светот, да им се приклучат на борците против страшните последици од алкохолизмот. Свесен сум дека во овој момент и во вакви околности, не можеме премногу да постигнеме, но ајде, сите заедно, да ставиме по едно камче како патоказ, да го трасираме патот за борба со алкохолизмот, за полесно да одат по него идните генерации. А можеби, со вложениот труд, ќе успееме да спасиме барем еден човек од алкохолниот пекол. Мирот и среќата што ќе ги вратиме во неговиот дом, среќната насмевка на лицата од дотогаш неговите несреќни дечиња, ќе биде најголема награда за вложениот труд - и за Вас и за мене.

Со благодарност ги очекувам Вашите коментари за впечатоците, кои на Вас ќе ги остави мојата исповед, односно, како Вие гледате на мојата искрена намера да им помагам на луѓето во борбата со алкохолното зло. Коментарите, какви и да бидат, многу ќе ми помогнат да ги збогатам моите сознанија од оваа област. Да Ви напоменам дека ќе Ви биде од голема корист ако ги читате и другите текстови кои се обајавени на оваа страна, а секако дека многу ќе Ви помогне ако ја прочитате и мојата книга “Како да се победи Кралот Алкохол.” Се разбира, оваа страна препорачувајте им ја на вашите роднини и пријатели, за и тие да се запознаат со уништувачката моќ на најголемото зло за целото човештво - алкохолот, за да можат да си помогнат себе си и на луѓето околу нив, кои од разни причини стигнале во алкохолниот пекол.  

Тешко е да се пишува за својот живот, посебно е тешко за својот живот да пишува лекуван алкохоличар, бидејќи постои реална опасност да не биде правилно разбран, да биде исмеан од својата околина и во иднина да се срами од тоа што ќе го напише. Тешка задача е да се претворат чувствата и сеќавањата во текст, напишан или изговорен, кој, кај оној што го чита или слуша да предизвика исти такви чувства и визии.

Кога еден алкохоличар, завлезен во алкохолниот пекол уште од детството, ќе земе да го раскажува својот животен пат, својот пат кон пеколот, почнувајќи од времето кога првпат се опил до бесвест, па со ред и сите свои злодела што им ги нанесол на своите најмили во текот на триесет години, постои голема тешкотија сето тоа да го прикаже така, да не биде повод само за критика од читателите, туку да има и советодавна улога. При пишувањето на мојата искрена исповед се држев само до едно правило: во ниеден нејзин дел нема ниту една лоша работа, ниту една лоша постапка, а нејзиниот резултат, во почетокот или на крајот, да не биде прикажана како бедна, во најцрна светлина, а притоа веднаш да не биде осудена.

Некои од моите пријатели ме советуваа да не го правам тоа, дека претерувам со мојата искреност, дека е срамота за мене, посебно е срамота и грев кон моите деца: “Зошто не си избрал поубава тема за пишување? Знаеме дека има многу одвратни работи во животот на човекот, но тоа не е причина токму ти да…” Како со своите погледи да ми говореа: “Ние од почит кон тебе ја заташкуваме твојата глупост, а ти упорно продолжуваш со тоа!?” Смешно ми е нивното размислување дека знаат. Ех, кога вистински би знаеле! Се чудам како можат да стигнат дотаму да не видат, да не слушнат и да не го разберат со срцето сето тоа што е толку јасно, очигледно и неоспорно? Треба само за момент да се замислат, па ќе ги фати ужас пред таа страшна противречност помеѓу нивниот живот и тоа што го декларираат тие, таканаречени хумани, напредни луѓе.

Луѓето грешат кога прават градација на алкохоличарите на големи и поголеми пијаници. Крадењето од богатиот изгледа како помалку лошо дело отколку крадењето од сиромавиот, но и едното и другото е кражба. Тие се склони за своето завлегување во алкохолизмот да наоѓаат безброј оправдувања, посебно во некои одредени околности, но останува голата вистина дека тие сепак се само алкохоличари и ништо друго.

И самиот факт дека бев алкохоличар за моите роднини и пријатели е премногу голем срам, но тоа што јас без срам го раскажувам пред целиот свет - е тоа, се разбира, ја преминува секоја мерка. Не е нивна вина што не можат да ме разберат - родени се и живееле во друг свет, каде нивните родители знаеле да ги заштитат од алкохолниот пекол, знаеле да ја заштитат нивната детска невиност. Но, јас познавам поинаков живот, полн со расипаност и поинаква убавина. Во визија преполна со поединости го гледам алкохолниот пекол, гледам море полно со зла и одвратности кои добро ги знам и низ кои поминав вдолж и попречно. Затоа и не им се лутам што не го разбираат мотивот за мојата исповед. За првпат пред луѓето се прикажувам таков каков вистински сум бил во минатото и каков што сум денес. Затоа, и покрај целиот ризик, се обидувам на луѓето да им кажам се што знам за алкохолот и неговата уништувачка моќ.

Дали може да се родат веќе воспитани и среќни деца? Да, може да се родат веќе воспитани деца, а единствен услов за тоа е и родителите да им се добро воспитани.

Почитувани родители, треба да знаете дека добриот пример секогаш е поефикасен од најдобрата наредба. Со трпеливост и добро однесување во секојдневниот живот, ќе успеете своите добри навики и доблести да ги пренесете во карактерот од детето. А за вашите деца да бидат среќни, треба да им пружите безрезервна поддршка, љубов и внимание, да вложите огромен труд додека детето се издига и спушта, да помогнете на крајот детето да стане човек. Должни сте вашите деца постојано да ги чувате и држите подалеку од лоши луѓе, од луѓе склони кон лажење, од луѓе склони кон алкохол и пијанчење, бидејќи секогаш по нешто од нивниот лошотилок и нивните животински навики, ќе останат во срцето на вашето дете.

Сета онаа чиста, блескава младост што моите пријатели ја доживеале, мене ми беше одземена, затоа што многу рано дојдов во зависност од алкохолот. Денес, кога ги пишувам овие редови, ми останува само да се надевам дека ќе дојдат многу подобри времиња, кога производството и употребата на алкохолот ќе се стават во строги законски рамки, а со тоа ќе се создадат подобри услови кои ќе помогнат да се заштитат сегашните и идните генерации од ова масовно лудило, наречено алкохолизам, колку што тоа е можно, да се заштитат луѓето, особено младите луѓе од ова најстрашно зло за целото човештво. Убеден сум дека тогаш Клубовите на лекувани алкохоличари (КЛА) ќе бидат многу попримамливи, подобри, покорисни места за собирање и дружење, места во кои ќе доаѓаат луѓето што сега одат во кафеаните, за да се најдат себе си и еден со друг. Ќе бидам многу среќен ако успеам моето животно искуство, кај оној што ќе ја прочита или слушне мојата исповед да предизвика визија, во која со свои очи ќе го види пеколот низ кој поминал еден алкохоличар, искуство кое ќе им помогне на многу луѓе, посебно на младите, да не ги направат истите грешки.

%

Нашата мисла, добра или лоша, не носи во рајот или во пеколот, не на небото ниту под земјата, туку во овој живот.      Лиси Малори

Многу е полесно да го забраниш туѓото мислење, отколку да го одбраниш своето.                                                                                              Владимир Булатовиќ - ВИБ

Секој апстинент треба да ја пронајди вистинската смисла на животот, да научи како да го живее својот живот, како да ја користи снагата на својот разум. Никогаш нема да го пронајдеме својот мир, своето место под Сонцето кое Бог за нас го определил, ако на другите им дозволиме да управуваат со нашиот живот, ако само ги извршуваме одлуките за нашиот живот кои некој друг ги носи наместо ние самите, особено ако дозволиме алкохолот да влијае на нашите одлуки што секојдневно треба да ги носиме. Најголемата вистина на човештвото гласи: “Бог на секој човек му дал неотуѓиво право само над едно - над сопствените мисли.” Веројатно со тоа сакал да ни укажи дека треба да управуваме со својот живот, да донесуваме сопствени одлуки и да ја преземаме одговорноста за последиците од нив, да имаме сопствени мисли, мисли над кои другите не ќе можат да влијаат. Користејќи ја способноста квалитетно и со полн капацитет да влијаеме врз сопствените мисли и животот воопшто, можеме да се воздигнеме до успехот во борбата со алкохолната болест. И, кога ќе се раскинат стегите со кои алкохолот го врзал нашиот ум, кога ќе се ослободиме од ропството на нашиот најголем непријател - алкохолот, кога новите сознанија и искуства за борбата со алкохолната болест стекнати во Клубот на лекувани алкохоличари ќе ги просветлат нашите мисли, кога ќе се осознаеме себе си и нашите вистински вредности, кога добрината, љубовта и човекољубието ќе ги заменат и исфрлат лошотилокот и омразата од нашите срца и ќе станат составен дел од нашиот карактер, убеден сум дека темелите на пеколот ќе се нишаат од страв, а рајските ѕвона ќе ечат од радост најавувајќи ја победата над ѓаволот.

Бидејќи Создателот ни дал потполна слобода да одлучуваме и да се користиме со нашите мисли, без сомнеж сметал дека тој дар треба да го користиме со лична иницијатива и одговорност. Во борбата со алкохолната болест постојат две групи на луѓе кои никогаш не напредуваат и ништо или многу малку постигнуваат. На првата група и припаѓаат оние кои не сакаат да го прифатат она што буквално на секој состанок во клубот им се кажува, не сакаат да ги прифатат советите од терапевтите и не ги почитуваат правилата за борба со алкохолната болест, кои се универзални и кои важат за секој апстинент. Особина на таквите луѓе е лажната представа за својата супериорност и непогрешливост. Тоа е причината што тие вистински и не започнуваат со апстиненција, туку поради својата убеденост дека само после неколку посети на клубот се научиле, го напуштаат клубот и по кратко време повторно се враќаат во прегратките на ѓаволот. Има и апстиненти кои припаѓаат во оваа група, кои упорно доаѓаат во клубот бидејќи сметаат дека не би било во ред да имаат проблеми со најблиските, кога ќе ги прашаат: “Што имаше денес ново во клубот.” Секој од нив, кратко, како затегната пушка одговара: “Како и секогаш, немаше ништо ново. Еден будала цело време се обидува да внесе некои новини во клубот, постојано се расправа и на сите им ги докажува своите ставови, како само тој се знае и само тој е во право. Главата ми прсна од него. Малку фалеше да си заминам.” Таквите апстиненти воопшто и не слушаат што навистина се зборува на состаноците, воопшто и не помислуваат дека тој будала што постојано се расправа, можеби е во право. Тоа се скришни пијаници, но сепак водат малку сметка другите тоа да не го забележат. Во втората група се оние кои немаат самоиницијатива, односно, не сакаат или не знаат да направат ништо повеќе од она што го научиле на состаноците во клубот. За нив е карактеристична повлеченоста, рамнодушноста кон активностите на другите членови на клубот, стравот од неизвесноста на новините што другите ги предлагаат. Не се вклучуваат во дискусиите, а ако нешто сепак се приморани да кажат, одговараат кратко, со што даваат до знаење дека тоа измачување за нив, треба што побрзо да заврши.

Со љубов во Бога

- Ви велам, кога несреќата би навалила на милионерот, тоа би било како кога куче ќе залае на слон.        Јохан Нестрој

- Богатството не ги смалува човековите грижи и не ги теши човековите срца.       Тибул

- Богат е онј кој е задоволен од својата судбина.       Цицерон

- Големото богатство е големо ропство.       Сенека

- Голем е оној кој и во богатството е сиромашен.        Сенека

- Нема лесно да го сочуваш тоа што на многумина им се допаѓа.       Публиј Сир

- Сето свое богатство со себе го носам.        Сенека

- Секој богаташ или е неправеден, или наследник на неправеден човек.      Латинска пог.

- Кој има многу, сака уште повеќе; а кој има доволно, стигнал до целта.       Сенека

- Единствена разлика меѓу богатиот и сиромавиот е во тоа што сиромавиот се надева на следниот оброк, додека богатиот е преокупиран од претходниот.        Демокрит

- Кој ги ограничува своите желби, секогаш е премногу богат.        Волтер

- Кога имаш се, не гледаш ништо - ќе прогледаш дури кога ќе немаш ништо.      Шекспир

- Прашувате: која е вистинската граница на богатството? Таа е: прво, да го имаш тоа што ти е потребно, а второ, да имаш колку што ти е потребно.        Сенека

- Колку повеќе даваш, толку повеќе имаш.        Лао Це

- Богатството и снагата на една земја не зависат од бројот на нејзините жители, туку од количеството на храна со која располага.        Хан Феу Цу

- Секое богатство е производ на нечија работа.       Лок

- Causa perit iusta, si dextera non sit onusta. - И поштената парница пропаѓа ако десницата не е полна (пари).        Латинска пог.

- Луѓето илјадапати повеќе се трудат да стекнат богатство, отколку духовно образование, иако сосема е сигурно дека нашата среќа ја прави тоа што сме, а не тоа што го имаме.                                                                                                                     Шопенхауер

- Тоа што сте го наследиле од своите претци, морате сами да го заслужите, инаку, никогаш нема да биде ваше.        Гете

- Богатството подеднакво вреди и во добри и во лоши времиња.        Латинска пог.

- Ако дојдеш во зависност од богат и моќен човек, тогаш ќе ја изгубиш или вистината или пријателството.        Сенека

- Општеството е составено од две големи класи: од оние кои имаат повеќе храна од апетит и од оние кои имаат повеќе апетит од храна.       Шамфор

- … богатите газди не ги сакаат сиромашните роднини.        Жуков

- Во неволја луѓето стануваат попаметни, во богатството полудуваат. Од сланината и кучето побеснува.         Народна поговорка

- Кој има помалку од што сака, нека знае дека има повеќе од што заслужува.   Лихтенберг 

- Се што поседуваш повеќе од што треба - смета.        Публиј Сир

- Кој е сиромав? Скржавиот. Кој е богат? Кој ништо не посакува.        Латинска пог.

- Кој што ќе одреди старец за наследник, богатството го става вгроб.        Публиј Сир

- Никој не прашува од каде имаш, но треба да имаш.        Јувенал

- Богатството треба да се искористи, а не да се злоупотреби.        Сенека

- Богатиот и во туѓина се чувствува како дома, а сиромавиот е странец и во својата куќа.

- Најголемо богатство има оној кој не посакува никакво богатство.        Сенека

- Оној што се обогатил за година дена,, требало да го обесат пред дванаесет месеци.                                                                                                                   Латинска пог.

- Раскошот на богатите ја удвојува бедата на сиромасите.        Дидро

Детето е половина мајмун, половина ангел. Колку треба да се издигнува и колку да се спушта, додека да стане човек?     Јозеф Еотвос

Дали знаете кој е најсигурен начин, со кој можете да го турнете своето дете во несреќа? Дозволете му да направи се што ќе посака.     Русо

Пред неколку денови, на покана од терапевтот г-ѓа Милка Темелкоска, присуствував на состанокот во Женскиот клуб за поддршка на апстинентите - ”Викторија.” Немам зборови со кои ќе ја опишам прекрасната атмосфера која лебдеше во просторијата, од почетокот до крајот на состанокот. На секој лик од присутните, десетина жени, можеше да се забележи задоволство и среќа, слична на среќата од човекот, кој го пронашол скриеното богатство, што толку долго го барал. Терапевтот многу вешто, без воопшто да се наметнува, ги остави присутните да ги искажат своите маки, да се посоветуваат една со друга и да си понудат помош. Со внимание ги слушаше овие напатени жени, кои отворено даваа до знаење дека одамна не ја почувствувале радоста и среќата, дека ако ништо друго, со посетата на Клубот, во нивните срца повторно се родила и живее мислата дека излез од алкохолниот пекол сепак постои. При крајот на состанокот, терапевтот рече:

- Ве молам за малку внимание. Ќе ви раскажам една приказна која многу пластично ги прикажува раните во срцето, нанесени од алкохолот. Се надевам дека ќе ви се допадне.

МНОГУ ОДАМНА ЖИВЕЕШЕ ЕДНО ДЕТЕ, СО ЛОШ КАРАКТЕР. НЕГОВИОТ ТАТКО МУ ДАДЕ ЕДНА КЕСА ПОЛНА СО КЛИНЦИ И МУ РЕЧЕ: “СЕКОГАШ КОГА ЌЕ ЈА ИЗГУБИШ КОНТРОЛАТА ВРЗ СЕБЕ, ДА ЗАКОВАШ ПО ЕДЕН КЛИНЕЦ ВО ОГРАДАТА.”

ПРВИОТ ДЕН ДЕТЕТО ЗАКОВА 37 КЛИНЦИ ВО ОГРАДАТА. ВО ТЕКОТ НА НАРЕДНИТЕ МЕСЕЦИ СЕ НАУЧИ ДА ГО КОНТРОЛИРА СВОЈОТ БЕС И БРОЈОТ НА ЗАКОВАНИ КЛИНЦИ СЕ СМАЛУВАШЕ. ОТКРИ ДЕКА ПОЛЕСНО Е ДА ГО КОНТРОЛИРА СВОЈОТ КАРАКТЕР, ОТКОЛКУ ДА КОВА КЛИНЦИ ВО ОГРАДАТА.

И ТАКА, ДОЈДЕ ДЕНОТ КОГА НИТУ ЕДНАШ НЕ БЕСНЕЕШЕ. ТОЈ МУ ГО КАЖА ТОА НА СВОЈОТ ТАТКО, А ПАК ТАТКОТО МУ РЕЧЕ: “ОД ДЕНЕС СЕКОГАШ КОГА ЌЕ УСПЕЕШ ДА ГО КОНТРОЛИРАШ СВОЈОТ КАРАКТЕР, ЌЕ ВАДИШ ПО ЕДЕН КЛИНЕЦ ОД ОГРАДАТА.”

ДЕНОВИТЕ ПОМИНУВАА, А ДЕТЕТО ГИ ВАДЕШЕ КЛИНЦИТЕ МЕНУВАЈЌИ ГО СВОЈОТ КАРАКТЕР И ЕДЕН ДЕН МУ КАЖА НА СВОЈОТ ТАТКО ДЕКА ГИ ИЗВАДИ СИТЕ КЛИНЦИ ОД ОГРАДАТА. ТОГАШ НЕГОВИОТ ТАТКО ГО ЗЕДЕ ЗА РАКА И ГО ОДВЕДЕ ДО ОГРАДАТА И МУ РЕЧЕ НА СИНОТ: “СИНКО, УБАВО СЕТО ОВА СИ ГО НАПРАВИЛ, НО ПОГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ ТИЕ ДУПКИ ШТО СЕ НАПРАВЕНИ ОД КЛИНЦИТЕ ВО ОГРАДАТА. ОГРАДАТА НИКОГАШ НЕМА ДА БИДЕ ИСТА. КОГА ВО БЕС ЌЕ ГИ КАЖЕШ НЕКОИ РАБОТИ, ТИЕ ОСТАВААТ ТРАГИ ВО ДУШАТА И СРЦЕТО, ИСТО КАКО ШТО СЕ И ОВИЕ ДУПКИ ВО ОГРАДАТА. АКО ЧОВЕК ГО ПРОБОДЕШ СО НОЖ И АКО ГО ПОВЛЕЧЕШ ИСТИОТ, ПОТОА НЕ Е БИТНО КОЛКУ ПАТИ ЌЕ КАЖЕШ ДЕКА ТИ Е ЖАЛ. РАНИТЕ ОСТАНУВААТ. ВЕРБАЛНАТА РАНА Е ИСТО ТОЛКУ БОЛНА, КОЛКУ И ФИЗИЧКАТА.”

ПРИЈАТЕЛИТЕ СЕ РЕТКА ДРАГОЦЕНОСТ И ГОЛЕМО БОГАТСТВО. ТИЕ ПРАВАТ ДА СЕ СМЕЕШ, ТЕ ОХРАБРУВААТ ДА УСПЕЕШ ВО НЕШТО, ТИЕ СЕ СПРЕМНИ ДА ТЕ СЛУШААТ, ДА ЈА ПОДЕЛАТ ТВОЈАТА БОЛКА, ИМААТ УБАВИ ЗБОРОВИ ЗА ТЕБЕ И СЕКОГАШ ИМ Е СРЦЕТО ОТВОРЕНО ЗА ТЕБЕ. ПОКАЖЕТЕ ИМ НА СВОИТЕ ПРИЈАТЕЛИ КОЛКУ ВИ Е ВАЖНО НИВНОТО ПРИСУСТВО ВО ВАШИОТ ЖИВОТ.

ЖИВОТОТ НЕ Е БЛОК ЗА ЦРТАЊЕ. ГРЕШКИТЕ НЕ СЕ НАЦРТАНИ СО МОЛИВ ЗА КОИ МОЖЕ ДА СЕ УПОТРЕБИ ГУМА ЗА БРИШЕЊЕ, ЗА ДА ГИ СНЕМА, КАКО НИКОГАШ ДА НЕ ПОСТОЕЛЕ. ТИЕ СЕКОГАШ ЌЕ ЖИВЕАТ ВО СРЦЕТО НА СЕКОЈ ИСКРЕН АПСТИНЕНТ И КАКО БОЛНИ РАНИ ЌЕ ПЕЧАТ И ДО КРАЈОТ НА ЖИВОТОТ ЌЕ ГО ПОТСЕТУВААТ НА МИНАТОТО. СЕКОЈ АПСТИНЕНТ СЕКОЈДНЕВНО СЕ ПОТСЕТУВА НА ДЕНОВИТЕ И НОЌИТЕ, КОИ ТРЧАЈЌИ ГО ВОДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО ВО ПРОПАСТ. СЕ ПОТСЕТУВА НА ТОА САМО ЗАТОА ШТО ТОА ЗА НЕГО Е ЕДИНСТВЕНА ВИСТИНА - СЕ ДРУГО Е ЛАГА. СОБЕРЕТЕ СИЛИ И ПОМОГНЕТЕ ИМ НА ВАШИТЕ СОПРУЗИ. ПОКАЖЕТЕ ИМ КОЛКУ СТЕ СРЕЌНИ ОТКАКО СТАНАЛЕ АПСТИНЕНТИ. ТОА ЌЕ ИМ ЈА ЗГОЛЕМИ САМОДОВЕРБАТА ВО НИВНИТЕ ВРЕДНОСТИ И СИГУРНО ВО ИДНИНА ЌЕ СЕ ТРУДАТ ДА БИДАТ УШТЕ ПОДОБРИ, ЌЕ СЕ ТРУДАТ ДА ВИ ГИ НАДОКНАДАТ СРЕЌАТА, РАДОСТА И СЛОБОДАТА, ШТО ПОРАДИ ЗАСЛЕПЕНОСТА ОД АЛКОХОЛОТ ВИ ГИ ОДЗЕЛЕ.

Чекорев полека, со наведната глава додека се враќав кон домот. Неколкуте кратки приказни што ги кажа г-ѓа Милка, непрекинато се во мојата глава. Срам ми е да признаам, дека по цели седум години редовно посетување на Клубот, осознав дека имало уште толку многу работи, кои можат да ја разбрануваат мојата душа. Со мојата одлука да почнам да го посетувам Клубот на лекувани алкохоличари управуваше провидението. Ме водеше Божјата рака и јас од дното на душата сум и благодарен. Чувствувам дека во клубот станав многу подобар, што можеби и не е многу, бидејќи бев многу лош. Но, сега сум цврсто убеден дека се што овде се случува е само добро, затоа што да сретнеш така прекрасен човек кој со сето срце и душа се труди, умее и сака да помогне, тоа мора да е Божја волја. Убеден сум дека мудроста на нашиот терапевт ќе ми даде уште поголема сила да успеам да го поднесам заморот, да не ги чувствувам напорите да им помагам на другите како терет, да ги поднесувам со радост, мислејќи само на среќата која ме очекува од направеното добро дело.

Со љубов во Бога

- Блазе си му на сиромавиот без горчина и на богатиот без лошотилок.        Борхес

- Блазе на богатите, тие барем имаат со што да ги тешат другите.       Жорж Санд

- Не им се восхитувај на луѓето заради богатството кое го имаат, туку заради креативноста и великодушноста со кои тоа богатство го користат.       ***

- Тој што се однесува невнимателно кон парите, исто така ќе се однесува и со сите работи во животот.       ***

- Нема и не може да има праведно богатство.        Чехов

- Ако сакаш да се обогатиш, појди меѓу сиромасите.       Анте Дукиќ

- Богатите имаат поголеми маки од сиромасите, бидејќи секогаш стравуваат да не осиромашат, додека сиромасите не патат од стравот дека ќе се збогатат.        Тати

- Богатството е како морска вода: колку повеќе пиеш, се повеќе си жеден.     Шопенхауер

- Crescit in dies cupido habendi. - Желбата за имот расте од ден во ден.      Латинска пог.

- Dives (est valde) rarus gui non (sit) avarus. - Редок е богаташот кој не е скржавец.                                                                                                           Латинска поговорка

- Divitiae trepidant; paupertas libera res est. - Богатството стравува, а сиромавиот човек е ослободен од стравот.        Латинска пог.

- Maximas habet divitias, gui nullas desiderat. - Најголемо богатство има кој никакво не посакува.       Сенека

- Има луѓе кои од своето богатство немаат ништо друго, освен стравот да не го изгубат.                                                                                                                         Ривараол

- Запомни дека нешто кошта онолку пари колку што тебе ти значи, а не колку што пишува во ценовникот.        ***

- Таму каде што е вашето богатство, таму ќе биде и вашето срце.        Нов завет

- Најголемо богатство на една држава се возвишените и добрите луѓе, кои во неа живеат.

- Можеби ќе имаш среќа и ќе заработиш многу пари. Но, потруди се работата да го збогатува твојот дух во иста мера со која се збогатува и твојата сметка во банката.     ***

- Ако заработиш многу пари, употреби ги за време на животот за да им помогнеш на другите. Тоа е најголемото задоволство кое богатството може да ти го донесе.     ***

- Вие не морате ништо да знаете - вие сте богат човек. А јас сум сиромав - мене мора нешто да ми падне на памет.        Џ.Нестрој

- Кој што сака да се обогати, мора да лови риби одеднаш во три реки.Мадагаскарска пог.

- Треба да се има апетитот на сиромавиот да би се уживало во богатството на богатите.                                                                                                                    А.Ривараол

- Луѓето од повисоките класи стврднати се за потребите и маките од луѓето, како што се лекарите на болката од своите пациенти.        Честерфилд

- Како што тешките алишта сметаат при движењето на телото, така и богатството смета при движењето на душата.        Индиски филозоф

- Таму каде богатството се држи на цена, таму евтини се: честа, верноста, срамот, искреноста и чедноста.       Латинска пог.

- Сиромаштијата и надежта се како мајка и ќерка: додека си зафатен со ќерката, забораваш на мајката.        Жан Пол

- Но, најјако е искушението во сиромаштијата. И најмудрите риби гладот ги тера на јадицата.       Гете

- Нема таков бедем кој што со злато натоварено магаре не ќе може да го прескокне.                                                                                                   Александар Македонски 

- Стекни што повеќе можеш, сочувај што можеш повеќе, давај што можеш повеќе.     Весли

- Во богатството човековото срце побрзо ќе стврдни, отколку јајце во зовриена вода.Борн

- Кога добар човек ќе наследи богатство, исто е како кога ќе се роди овошно дрво на сред село.        Од Коранот

- Желбата за туѓо е најголемо сиромаштво, како што задоволството од тоа што го имаш е најголемо богатство.        Омар Ибн Ал Катаб

- Богатите и моќните радо веруваат дека другите се понизни, додека тие вистински се само понижени.        Ж.Ренар

- Од големо богатство човек нема вистинска корист, освен во неговото делење: другото е само вообразеност.       Бекон

- Од шарлатанот многу полесно може да стане богаташ, отколку домаќин.        Цицерон

- Кога богатите би можеле да ги купат луѓето да умираат наместо нив, сиромасите би можеле одлично да живеат.        Еврејска пог.

- Богатството го менува човековиот карактер, но ретко на подобро.       Латинска пог.

- Прашање е дали луѓето би требало да бидат среќни заради своето богатство, или заради своите доблести.        Хорацие

- Сопственик на некој предмет е оној кој што го поседува, додека не се докаже спротивното.        Латинска пог.

- Краток е патот до богатството, но премногу е опасен.        Авганистанска пог.

- Единствена гаранција за општа благосостојба е слободата на мислење.       Х.Ласки

- Богатството и сиромаштијата имаат заедничко проклетство да од човекот направат роб.                                                                                                                     Артуро Грф

- Богат не е оној кој многу има, туку оној кој многу потреби нема.        Жил Ренар

- Малку богаташи го поседуваат своето богатство - богатството нив ги поседува.                                                                                                             Роберт Ингерсол

- Зошто ни е богатството, ако заради него секој час може да ја загубиме главата?                                                                                                       Мароканска поговорка

- Мислам дека е достоен за восхит начинот на кој провидението го разделило богатството. Да го дадело само на чесни лиѓе, со тоа доволно не би ги одликувало за нивната чесност, а невредноста на богатството повеќе не би се чувствувала. Но, кога добро ќе се забележи кои се тие луѓе кои имаат најголемо богатство, тогаш човекот, презирајќи го богаташот, на крајот доаѓа до тоа да го презира и богатството.   Монтескје

- Зошто во ниедна религија како прва заповед не е: Работи?         Бертолд Авербах

- Има многу религии, но моралот е еден.      Раскин

 Према старата религија, атеист е оној кој не верува во Бога. Новата религија вели: атеист е оној кој ја изгубил верата во самиот себе.        Вивекананда

- Атеистите не мораат да бидат чесни: нема Бог кој за нив би бил надлежен.    Д.Радовиќ

- Да бил Исус компромисен и да ги послушал фарисеите, би бил само еден непознат мал евреин повеќе на светот.        Карољ

- Ние немаме доволно религии за да се мразиме, но ни толку вера да би се сакале едни со други.       Сфифт

- Поголем број расправии на луѓето околу религијата, слични се на расправијата на двајца луѓе околу жена, која за нив не се грижи.       Халифакс

- Има разлика меѓу атеистите: не е сеедно која вера е Богот во кој не веруваат.                                                                                                            Д.Радовиќ 

- Каква е користа, браќа мои, ако некој рече дека има вера, а нема дела. Зарем може самата вера да го спаси? Како што телото без дух е мртво, така и верата без добри дела е мртва.       Апостол Јаков

- Немој да се плашиш од животот. Верувај дека животот е вреден за живеење и твојата вера ќе ти помогне саканото да го оствариш.        В.Џејмс

- Ние сме родени со верување. Човек ја носи верата како дрвото што ги носи листовите.        Емерсон

- Секогаш е добро ако човекот е во состојба со разумот да ја оправда верата што е во него.        Смит

- Кој ништо не знае, мора во се да верува.        Неруда

- Кога ништо не се знае, лесно е да се верува во нови идеи.        Доде

- И двете се погрешни: верувањето во сите и во никого.        Хорацие

- Она во што веруваш, тоа и постои.        Горки

- Луѓето тежнеат кон верувањата, кои одговараат на нивните страсти.        Расел

- Од ланецот на верувањата, само разумот ќе те спаси.        Гете

- Кој споро верува, покажува зрел ум.        Грацијан

- Подобро е да им веруваш на сопствените очи, отколку на туѓите зборови.     Југосл. пог.

- Атеизмот е повеќе на усните, отколку во срцата на луѓето.        Бекон

- Кај многу луѓе неверувањето во една работа, се темели на слепото верување во друга работа.        Лихтенберг

- Верувањето е морален акт за кој, оној кој верува, мора да има чувство на одговорност.                                                                                                                       Хозе

- Верата во безмилосен Бог, создава безмилосен човек.        Томас Пејн

- Адам во рајот не можел да има религии, бидејќи човекот и жената едниот за другиот биле Бог.        Малколм де Казал

- Во љубовта, како и во религијата, се се темели на чувствата и на верувањето во неверојатното.        Јовен Дучиќ

- Човекот е почеток на религијата, човекот е средиште на религијата, човекот е крај на религијата.        Лудвиг Фоербах

- Не печи го својот ближен заради верата на оган, уште помалку бидејќи не можеш да го јадеш.        Георг Лихтенберг

- Навистина, помеѓу верата и вистинската наука не постои сродство, ни пријателчство, па дури ни непријателство: тие живеат на различни ѕвезди.        Ниче

- Каде што верата е господар, таму разумот е слуга чија должност е да молчи.   А.Рибеиро

- Верите се како искри: ним, за да светат, потребен им е мрак.        Шопенхауер

- Секој на туѓото празноверие се потсмева, а своето го почитува и го држи за свето.                                                                                                                       Доситеј

- Попувањето е најдобар занет, бидејќи и од живите и од мртвите зема данок.   Бугар.пог.

- Свештеник е свештеник! Свет и чесен господин, а секаде по него и пред него расти бел леб, додека тој, како птиците небески, не треба ни да ора, ни да копа.        Анте Ковачиќ

- Поповите би морале да молат, а не да владеат.        Лутер

- Прави како што вели попот, но не прави што прави попот.        Романска пог.

- Слушајќи ги исповедите на жените, жупниците се тешат што не се оженети.    А.Салакру

- Боговите многу често се само кукли со жица во рацете на своите свештеници.     Виленд

Кога би сакал ова дрво да го затресам со своите раце, тоа не би можел. Но ветрот, кој што не го гледаме, го мачи и го витка како што сака. Најлошо не виткаат и не мачат невидливи раце.        Ниче

Сонцето не чека да ја распостели својата светлина и топлина. И ти, исто така, прави добри дела кои од тебе зависат, не чекајќи некој од тебе да ги бара.        Епиктет

Постојат повеќе различни методи за пристап кон алкохоличарот, кои се применуваат во Клубовите на лекувани алкохоличари, за одржување на трајна апстиненција.

Во многу земји низ целиот свет се организираат Клубови на Анонимни алкохоличари. Нивните активности се поделени на дванаесет чекори, кои апстинентот треба да ги помине за да може да смета на успех во неговото лекување. Крактеристично за апстинентите од Анонимните клубови е што тие не излегуваат во јавност и, освен најблиските на апстинентот кои и самите кријат за неговото посетување на клубот, избегнуваат луѓето од нивната околина да дознаат за тоа. Тоа е во спротивност со едно од најважните правила за успех во лекувањето  од алкохолната болест: апстинентот треба да се соочи со својот проблем предизвикан од алкохолот, да ја согледа својата бедна состојба и да побара помош и отворено да зборува за своето лекување, да не се срами од тој благороден чин. Тоа овозможува многу подобро да биде сфатен од најблиската околина.

Поголем број од Клубовите на лекувани алкохоличари ги посетуваат апстиненти кои истовремено се во фаза на медикаментно лекување. Состаноците во овие Клубови поминуваат во разговор на терапевтот со секој апстинент поединечно и евентуално со член од неговото семејство, присутен на состанокот. Практикувањето на овие два методи има свој недостаток, бидејќи во рамките на Клубот нема оформено механизам, за да може секојдневно да се следи напредокот на апстинентите во нивното лекување. Во случај на криза, апстинентите се принудени да се јавуваат само кај терапевтите или директно во Нервното одделение, а поради немање информации за апстинентот, не постои можност навреме да се реагира во случај на рецидив. Во центарот на вниманието во вака организираните Клубови е терапевтот и сите предлози и идеи за работата на Клубот, доаѓаат исклучиво од него. Апстинентите, кои почнуваат да посетуваат Клуб на лекувани алкохоличари, добиваат впечаток како да се наоѓаат во болница, во буквална смисла на зборот.  

Во Клубовите на лекувани алкохоличари во Република Македонија, прифатен е методот со кој, за време на состаноците и другите активности на Клубот, во центарот на вниманието се апстинентите. На состаноците се води дискусија помеѓу апстинентите, често пати предизвикана од наметнатата конфликтна тема од страна на терапевтот, и на тој начин секој апстинент има можност директно да учествува во разработувањето на разни теми и прашања од областа на алкохолизмот, кои, особено на младите апстиненти, не им се доволно јасни. Се разбира, од таквите дискусии, од искуството на постарите членови на Клубот, апстинентите постојано ги збогатуваат своите сознанија, кои подоцна ќе им бидат од извонредно значење во лекувањето, особено во моментите на алкохолна криза. Со текот на времето, кај апстинентот се зголемува неговата волја за цврста апстиненција, се зголемува довербата кон другите членови од Клубот, се зголемува довербата и сигурноста во самиот себе. Често се случува некој апстинент, кој подолго од една година бил пасивен или многу малку учествувал во активностите на Клубот, да почне да ги искажува своите ставови, што е сигурен знак за напредок во неговото лекување. Во Клубовите на лекувани алкохоличари кои го прифатиле овој метод, има многу пријатна атмосфера за време на состаноците. И структурата на апстинентите кои го посетуваат Клубот е сосема поразлична од првите два наведени примери. Клубот го посетуваат и многу луѓе кои имаат по десет, петнаесет, дваесет па и повеќе години апстиненција. Има два мотиви кои ги тераат апстинентите толку долго да останат во Клубот: стравот од рецидив и, што е случај кај повеќето апстиненти, нивната желба да возвратат на благодадта што ја примиле при нивното лекување, со тоа што непрекинато ќе им помагаат на помладите апстиненти.

Иако многу експерти по алкохологија велат дека е доволно апстинентот редовно да посетува Клуб на лекувани алкохоличари од 3-5 години, практиката покажува дека тоа е погрешен пристап, дека многу апстиненти по повеќе од десетгодишна апстиненција, влегуваат во рецидив. За одбрана од рецидивот во Клубот на лекувани алкохоличари има оформено патронажна група, составена од еден терапевт и двајца апстиненти, кои го посетуваат човекот кој направил рецидив, во неговиот дом. Авторитетот на терапевтот и веќе стекнатото пријателство и почитување помеѓу апстинентите, придонесуваат, во најголем број случаи, апстинентот кој направил рецидив, повторно да се врати во Клубот и да продолжи со своето успешно лекување.

Недостаток на овој метод е што некои апстиненти, кои почнуваат со својата апстинанција, многу брзо го напуштаат Клубот и повторно му се враќаат на алкохолот. Најголема причина за тоа е што новиот апстинент, веднаш по излегувањето од болницата, недоволно подготвен, без доволно сознанија за значењето на Клубот во неговото лекување и во животот воопшто, се среќава со информации кои во тој момент тој не може правилно да ги оцени и разбере. Затоа, уште во почетокот кај некои апстиненти се јавува разочараност и нивниот интерес за посета на Клубот опаѓа. Препорака од експертите е да се практикува, барем извесен период, покрај редовните состаноци каде присуствуваат сите апстиненти, да се работи одвоено со апстинентите кои го започнуваат своето лекување, за да се припремат да можат правилно да го разберат значењето и користа од посетата на Клуб на лекувани алкохоличари.

За значењето на Клубот на лекувани алкохоличари, во менувањето на односот на апстинентот кон алкохолот и кон животот воопшто, најдобро ќе дознаете ако ги прочитате моите книги: “Исповед на еден алкохоличар” и “Како да се победи Кралот Алкохол.”

Со љубов во Бога

- Бог е во сите луѓе, но сите луѓе не се во Бога; оттаму се и нивните страдања. Рамакришна

- Не можам да сфатам како човек може да гледа во небото и да рече дека Бог не постои.                                                                                                                             Џером

- Две работи ми велат дека Господ постои: ѕвезденото небо над мене и моралните закони во мене.       Кант

- Ad multos annos. - На многаја лета.       Библија

- О, господе, ако Господ има, спаси ја мојата душа - ако ја имам.       Ренан

- Кога Бог не би постоел, би требало да биде измислен.       Волтер

- Дури ни Бог не може да го измени минатото.       Арагон

- Бог е тешко да се спознае, но тоа не значи дека го нема, туку тоа е знак на неговата величенственост, а на нашата слабост. Бог е како чиста вода која сакаме да ја испиеме; а не можете чистата вода да ја ставите во валкан сад, па потоа да судите за нејзината чистота.       Толстој

- Quit deus intendant, noli perguirere sorte: guid statuat de et, sine te deliberat ille. - Немој со помош на пророштва да ги испитуваш намерите на Бога: Он и без тебе одлучува што ќе прави со тебе.       Като

- Sunt superis sua iura. - Боговите имаат свои закони.       Латинска пог.

- Луѓето се претвараат дека му служат на Бога, на кој што тоа и не му треба, но се користат со него, бидејќи тоа им треба.       Халифакс

- Имај храброст за големите жалости во животот и трпение за малите. И, кога вредно ќе ја исполниш својата дневна задача, појди на спиење во мир. Бог е буден.       Иго

- Разликата помеѓу Бог и човекот е во тоа што Бог е господар на незнаењето, а незнаењето господари со човекот.       Индиски филозоф

- Господ мисли во гениите, сонува во поетите, а спие во останатите луѓе.       Алтенберг

- Што Бог го прави среќен? Да види сиромашен ѓавол кој нашол богатство и го враќа назад.       Еврејска пог.

- Повеќе сакам еден покајник, отколку десет праведни.       Нов Завет

- И рајот и пеколот истовремено се наоѓаат во човечкото срце.       Кинеска пог.

- Господ и ѓаволот непрекинато војуваат околу светот. Кој знае кој од нив е вистинскиот господар.       Хебел

- Страстите прават чуда: коцкарот е во состојба да не јаде и не спие со денови како некој светец. Многу е опасно да се сака Бог, како коцкарот што ја сака својата игра.       Веил

- Кон Бога се обраќаме само тогаш, кога сакаме да постигнеме нешто невозможно. За нешто возможно, доволни ни се и луѓето.       Ками

- Бог е единствен кој, за да би владеел, нема потреба да постои.       Бодлер

- Тоа што обично луѓето го бараат од Бога е два и два да не биде четири.       Фирбанк

- Нема ништо трајно каде што Бог не е присутен.       Шекспир

- Нема место за Бога во оној кој е полн со самиот себе.       Еврејска пог.

- Јас без сомнеж би бил христијанин, кога христијаните би биле тоа сите дваесет и четири часа на ден.       Ганди

- Ние не знаеме дали го сакаме Бог, но без сомнеж знаеме дали го сакаме својот сосед.                                                                                                               Света Тереза

- Особина на вистинскиот Бог е во тоа што тој е љубоморен Бог, и затоа неговото обожување и религија не поднесуваат мешање на учесниците.       Бекон

- Би рекол, Бог е љубов. Но, каков пакостен ѓавол е љубовта.       Семјуел Батлер

- Бог е во срцата на тие што го бараат.       Народна пог.

- Секое новородено дете носи порака дека Бог сеуште не ја изгубил довербата во човекот.       Тагоре

- Бог сака три вида луѓе: оние што не се раздражливи, оние кои ја сакаат слободата, како и оние на кои душата им е без никаква злоба.       Талмуд

- Основа на секоја вера е во тоа да, освен во тоа што го гледаме и чувствуваме во своето тело и во телата на другите суштества, постои нешто невидливо, бестелесно, што ни дава живот нам и на се видливо и телесно.       Толстој

- Боговите им помагаат на оние кои работат.       Латинска пог.

- Налутените Богови имаат волнени нозе, нивното доаѓање не се слуша.       Хорацие

- Боговите имаат волнени нозе, но железни раце.       Хорацие

- Боговите пред вредноста ја ставиле потта, односно, ништо не може да се постигне без пот.       Хеснод

- Јас знам дека во мене е она без кое ништо не би било, а тоа е она што јас го нарекувам Бог.       Ангелус

- Оној кој од себе не умее да направи син Божји, секогаш ќе остане во шталата со стоката.       Ангелус

- Ако живеам световен живот, јас можам да бидам без Бога. Но, штом ќе помислам од каде дојдов кога се родив и каде ќе појдам кога ќе умрам, морам да признаам дека постои нешто од каде сум дојден и каде што ќе појдам. Морам да признаам дека на овој свет сум дојден од нешто за мене непојмливо и одам кон нешто исто така непојмливо. И ете, тоа непојмливо од што сум дојден и каде одам јас го нарекувам Бог.       Толстој 

- Да се плашиш од Бога добро е; но уште подобро е да го сакаш Бога. А најдобро е да го воскреснеш Бог во себе.       Ангелус

- Најблизок до Боговите е оној во кој преовладува разумот, а не гневот.     Латинска пог.

- Она во што Бог ужива нека ти биде водич во животот.       Латинска пог.

- Во ништо човек не треба да се надева, против волјата на Боговите.       Вергилие

- На човекот му е потребно да сака, а безрезервно да се сака може само тоа во кое нема никакво зло. Значи, мора да постои и тоа во кое нема никакво зло. А такво суштество во кое нема никакво зло е само едно: Бог.       Толстој

- Кога Бог не би се сакал самиот себе во тебе, никогаш не би можел да се сакаш ни себе си, ни Бога, ни ближниот свој.       Ангелус

- Никој не е наречен пророк во сопствената татковина.        Нов Завет

- Бог ја сака осаменоста. Тој ќе влезе во твоето срце само тогаш, кога во него ќе биде сам, само кога ќе мислиш единствено на него.       Толстој

- Иако луѓето понекогаш различно говорат за тоа што е Бог, сепак сите тие кои вистински веруваат во Бога, секогаш подеднакво разбираат што Бог од нив сака.       Толстој

- Луѓето со ништо поблиску не пристигнуваат кон Бога, отколку со спасувањето на луѓето.       Латинска пог.

- Бог во најмалите работи е најголем.       Плиние

- Нека Бог не посредува ако заплетот не е достоен тој да го разреши.       Хорацие

- Не гледа Бог на полни, туку на чисти раце. Не ги гледа Бог валканите нозе, туку чистото срце.       Латинска пог.

- Се што може да се каже за Бога не е налик на него. Со зборови е невозможно да се опише Бог.       Ангелус

- Два вида луѓе го знаат Бог: луѓето со смирено срце, сеедно дали се паметни или глупави, и луѓе навистина разумни. Само горделивите луѓе и со просечна памет не го познаваат Бога.       Паскал

- Можно е да не се именува Бог, да не се изговара тој збор, но невозможно е да не се признава. Ништо нема, ако него го нема.       Толстој

- Бог го нема само за оној кој не го бара. Барај го и Он ќе ти се јави.       Толстој

- Бегајќи од Рим за да не биде ставен на измачување, Апостол Петар по патот го сретнал Исус и го прашал: “Quo vadis, domine?” - Каде одиш господару? А Исус му одговорил: “Vado Roman iterum cricifigi” - Одам во Рим по втор пат да ме распнат на крст. Засрамен, Апостол Петар се вратил во Рим каде бил мачен и каде умрел.

Никој не може да знае се, а срамотно и штетно е да се претвараш дека го знаеш и тоа што не го знаеш.       Толстој

Tempora mutantur et nos mutamur in illis - Времињата се менуваат и ние се менуваме во нив.       Латинска поговорка

Биди му и ученик и слуга на секој паметен човек, што ќе го сретнеш.      Хазрит-Али

Денес навистина се чувствувам како голем победник над алкохолот - најголемиот непријател на сите луѓе, но тоа ни оддалеку не ми носи вистинска среќа. Никако не можам да бидам среќен, кога секојдневно околу мене ги гледам страдањата на многу алкохоличари, посебно страдањата на нивните семејства, на кои треба и мора да им се помогне. И затоа, тоа што јас го пишувам во моите книги и написи е само мое видување на животот со и без алкохол, само ги препорачувам моите искуства за помагање на луѓето кои имаат каков било проблем предизвикан од алкохолот и.., ништо повеќе од тоа. Целосно се согласувам со мислењето дека терапевт во Клуб на лекувани алкохоличари, може да биде само стручно лице од медицината, социологијата или психологијата. Сите оние, кои ми префрлаат дека преку моите активности или преку моите текстови се мешам во терапевтските работи, нека се преслушаат уште еднаш и ќе видат дека никаде нема да најдат дел каде се мешам во терапевтските работи, особено не се мешам во делот на медицината. Со внимание проследете ја приказнава и се надевам дека некои работи ќе ви бидат појасни.

Во некоја голема ливада израснал пиреј. И, за да го отстранат, сопствениците на ливадата го коселе, а пирејот растел уште повеќе. Се случило да чесен и разумен човек го посети еден од сопствениците на ливадата и, помеѓу останатите совети кои му ги дал, рекол дека пирејот не треба да се коси, бидејќи од тоа тој уште повеќе расте, туку дека треба да се корне.

Но, сопствениците на ливадата, заради својата возгордеаност и погрешните сознанија кои со текот на времето ги стекнале, не го послушале советот и воопшто не размислувале за него, како никогаш и да не им бил даден. И, макар што во наредните години имало луѓе кои им спомнувале на сопствениците од ливадата за советот од разумниот домаќин, на нив никој не обраќал внимание и постапувале како и порано, така што косењето на пирејот, штом ќе се појавел, станал не само обичај, туку свето предание, а ливадата се повеќе била обрасната од пиреј. И работата дошла дотаму што на ливадата останал само пирејот. Луѓето се секирале поради тоа и секој од нив смислувал како тоа да се спречи, но не го правеле само тоа што, многу одамна, им го предложил чесниот домаќин. Се случило да еден човек, кој ја гледал таа жалосна состојба во која се наоѓала ливадата и кој се сетил на заборавениот совет, да не се коси пирејот, туку да се корне - се случило да тој човек ги предупреди сопствениците на ливадата дека неразумно постапиле и дека на таа неразумност ги предупредил разумниот домаќин.

И, што се случило? Наместо да проверат дали предупредувањето на тој човек е оправдано и, доколку е оправдано да престанат да го косат пирејот, или, ако е неоправдано, да докажат дека неговото тврдење не е точно и до тие совети поради тоа не мораат да се придржуваат, сопствениците на ливадата не го направиле ни едното ни другото, туку се нашле навредени заради предупредувањето на тој човек и почнале да го навредуваат. Го нарекувале безумен и возгордеан човек кој вообразил дека единствено тој го разбрал советот од чесниот домаќин, го нарекувале злобник кој сака пирејот уште повеќе да се рашири и луѓето да останат без ливада. “Тој вели дека не треба да го косиме пирејот, а ако не го уништуваме пирејот - зборувале тие, свесно премолчувајќи дека човекот не велел дека не треба да се уништи пирејот, туку дека не треба да се коси, ами да се корне - пирејот уште повеќе ќе порасне и целосно ќе ја упропасти нашата ливада. И зошто ни е дадена ливадата, ако на неа треба да одгледуваме пиреј?” И, мислењето дека тој човек е лажливец и безумник или дека има намера да им напакости на луѓето толку се прифатило, така што сите го напаѓале и исмевале. И колку тој човек да објаснувал дека има најдобри намери, другите воопшто не сакале да го слушаат, затоа што еднаш засекогаш било заклучено дека тој е безумен и возгордеан човек, кој погрешно ги тумачи зборовите на разумниот, чесен домаќин.

Оваа приказна ја раскажав за што попластично да ја прикажам положбата на сите оние кои укажуваат на одредбите од Евангелското учење, дека сите луѓе се браќа и на секого треба да му се помогне, дека сите луѓе, бидејќи се исти пред Бога, заслужуваат парче среќа на овој свет, дека единствено љубовта и човекољубието се најсилното оружје против алкохолното зло, дека на сите алкохоличари, кои го бараат спасот во Клубот на лекувани алкохоличари, тоа им е најпотребно. Но, дали затоа што луѓето, особено луѓето кои имаат големо искуство во борбата со алкохолната болест, не обраќаат внимание на моите укажувања, или затоа што јас не умеам доволно јасно тоа да го искажам, за да ме разберат, или затоа што им изгледа премногу тешко да се исполнат моите укажувања, како и да е - како времето поминува, на моите укажувања се помалку и помалку им се придава внимание и, на крајот дојде дотаму што тие целосно се отфрлени, а доказ за тоа се и забелешките во нивите коментари.

Светото Писмо не учи дека животот е љубов и бидејќи е љубов, тој е радост, среќа. Навистина, се што е потребно, единствено потребно е - да сакаш, да умееш да се навикнеш да сакаш, сите, секогаш, да се одвикнеш да кого било не го сакаш - во четири очи и позади грбот. Оваа Света Вистина длабоко е навлезена во моите мисли и затоа со сите сили се трудам да постапувам по неа: треба да се бара, да се сака, да се работи единствено тоа што е добро за луѓето - да се сака и да се развива љубовта кон нив, да се ублажува нељубовта во нив.

Единствено, најголемо добро за луѓето е љубовта. Јас тоа по себе го знам и затоа само тоа им го посакувам и поклонувам на луѓето, единствено во таа насока ги усмерувам моите активности. Настојувам не само да ја допирам љубовта, туку смело живеам во таа смисла и затоа се изедначувам со секој човек и пред мене е само едно: пред мене е жив човек, додека сум жив во можност сум да го направам тоа што и мене и нему ќе му пружи среќа, со што ќе се исполни Волјата Божја.

Јас го кажав своето. Сега ми останува да се надевам дека ќе мотивирам што повеќе луѓе да ја разбудат во себе и да ја прифатат хуманоста како единствен водич во нивните идни активности. Настојувам моите очекувања да не ги издигнувам на многу високо ниво, бидејќи, во овој момент и под вакви околности, можноста да се разочарам е повеќекратно поголема, отколку можноста да уживам во среќата од успехот на моите хумани намери.

Со љубов во Бога

Next Page »