Posledni Napisi

МУДРОСТИ - ЖЕНИ... МАЖИ - Пријателството на две жени е само завера против трета. Кар - Жената што не е убава, никогаш не била млада. Свечин -...

Read more

ЗАВИСНОСТА ОД АЛКОХОЛОТ Е СЕМЕЕН... Ставовите кон пиењето алкохолни пијалаци се формираат уште во детството и раната младост и тоа по образецот на...

Read more

МУДРОСТИ - ОД СЕ ПО НЕШТО ЗА ЖЕНИТЕ - Секогаш е исто׃ прво некоја жена ја имаш во срцето, потоа во раката, па на колената и на крајот, на вратот. Буш -...

Read more

ВО СЕКОЈ ЧОВЕК СЕ КРИЕ ПОБЕДНИК Од нашиот прекрасен живот во Америка, ќе кажам дека со помош на нашиот роднина, кој ни најде работа, добро се снајдовме...

Read more

АЛКОХОЛОТ Е НЕВИДЛИВ...НО СТРАШЕН... Најмила моја, тоа што намерно си ми давала ракија за да не те малтретирам, воопшто нека не те измачува, бидејќи...

Read more

КАДЕ ШТО ИМА ИСКРЕНОСТ, ИМА И... Во тие моменти почна да ме измачува тоа, што Ристе почна многу брзо да постигнува добри резултати во борбата со...

Read more

НАДЕЖ ЗА СПАС ОД АЛКОХОЛОТ! % - Незнам како излегов од ординацијата. Сознанието дека сум уништувала болен човек, целосно ме порази. Толку бедно...

Read more

СПАСОТ Е НА ДОФАТ НА РАКАТА % Но, тогаш Бог одлучи да смеша прсти во нашиот живот. Еден тмурен, пролетен ден, јас заминав во полето да работам,...

Read more

АЛКОХОЛОТ - НЕВИДЛИВ, НО СТРАШЕН... % Во почетокот немаше ништо необично, не гледав ништо лошо во тоа и воопшто не ми сметаше. Но, како времето поминуваше,...

Read more

ИСКУШЕНИЈАТА ДЕМНАТ ОД СИТЕ... Во Клубот на лекувани алкохоличари владееше необична атмосфера. Ништо не укажуваше дека на состанокот ќе се случи...

Read more

  • Prev
  • Next

Twitter Updates...

  •  
african mango ozoderm

ДА БИДЕШ ТРПЕЛИВ, ТОА ЗНАЧИ ДА МИСЛИШ

Category : СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

Нашата мисла, добра или лоша, не носи во рајот или во пеколот, не на небото ниту под земјата, туку во овој живот.      Лиси Малори

Многу е полесно да го забраниш туѓото мислење, отколку да го одбраниш своето.                                                                                              Владимир Булатовиќ – ВИБ

Секој апстинент треба да ја пронајди вистинската смисла на животот, да научи како да го живее својот живот, како да ја користи снагата на својот разум. Никогаш нема да го пронајдеме својот мир, своето место под Сонцето кое Бог за нас го определил, ако на другите им дозволиме да управуваат со нашиот живот, ако само ги извршуваме одлуките за нашиот живот кои некој друг ги носи наместо ние самите, особено ако дозволиме алкохолот да влијае на нашите одлуки што секојдневно треба да ги носиме. Најголемата вистина на човештвото гласи: “Бог на секој човек му дал неотуѓиво право само над едно – над сопствените мисли.” Веројатно со тоа сакал да ни укажи дека треба да управуваме со својот живот, да донесуваме сопствени одлуки и да ја преземаме одговорноста за последиците од нив, да имаме сопствени мисли, мисли над кои другите не ќе можат да влијаат. Користејќи ја способноста квалитетно и со полн капацитет да влијаеме врз сопствените мисли и животот воопшто, можеме да се воздигнеме до успехот во борбата со алкохолната болест. И, кога ќе се раскинат стегите со кои алкохолот го врзал нашиот ум, кога ќе се ослободиме од ропството на нашиот најголем непријател – алкохолот, кога новите сознанија и искуства за борбата со алкохолната болест стекнати во Клубот на лекувани алкохоличари ќе ги просветлат нашите мисли, кога ќе се осознаеме себе си и нашите вистински вредности, кога добрината, љубовта и човекољубието ќе ги заменат и исфрлат лошотилокот и омразата од нашите срца и ќе станат составен дел од нашиот карактер, убеден сум дека темелите на пеколот ќе се нишаат од страв, а рајските ѕвона ќе ечат од радост најавувајќи ја победата над ѓаволот.

Бидејќи Создателот ни дал потполна слобода да одлучуваме и да се користиме со нашите мисли, без сомнеж сметал дека тој дар треба да го користиме со лична иницијатива и одговорност. Во борбата со алкохолната болест постојат две групи на луѓе кои никогаш не напредуваат и ништо или многу малку постигнуваат. На првата група и припаѓаат оние кои не сакаат да го прифатат она што буквално на секој состанок во клубот им се кажува, не сакаат да ги прифатат советите од терапевтите и не ги почитуваат правилата за борба со алкохолната болест, кои се универзални и кои важат за секој апстинент. Особина на таквите луѓе е лажната представа за својата супериорност и непогрешливост. Тоа е причината што тие вистински и не започнуваат со апстиненција, туку поради својата убеденост дека само после неколку посети на клубот се научиле, го напуштаат клубот и по кратко време повторно се враќаат во прегратките на ѓаволот. Има и апстиненти кои припаѓаат во оваа група, кои упорно доаѓаат во клубот бидејќи сметаат дека не би било во ред да имаат проблеми со најблиските, кога ќе ги прашаат: “Што имаше денес ново во клубот.” Секој од нив, кратко, како затегната пушка одговара: “Како и секогаш, немаше ништо ново. Еден будала цело време се обидува да внесе некои новини во клубот, постојано се расправа и на сите им ги докажува своите ставови, како само тој се знае и само тој е во право. Главата ми прсна од него. Малку фалеше да си заминам.” Таквите апстиненти воопшто и не слушаат што навистина се зборува на состаноците, воопшто и не помислуваат дека тој будала што постојано се расправа, можеби е во право. Тоа се скришни пијаници, но сепак водат малку сметка другите тоа да не го забележат. Во втората група се оние кои немаат самоиницијатива, односно, не сакаат или не знаат да направат ништо повеќе од она што го научиле на состаноците во клубот. За нив е карактеристична повлеченоста, рамнодушноста кон активностите на другите членови на клубот, стравот од неизвесноста на новините што другите ги предлагаат. Не се вклучуваат во дискусиите, а ако нешто сепак се приморани да кажат, одговараат кратко, со што даваат до знаење дека тоа измачување за нив, треба што побрзо да заврши.

Со љубов во Бога

Post a comment

african mango ozoderm