- Бог е во сите луѓе, но сите луѓе не се во Бога; оттаму се и нивните страдања. Рамакришна
- Не можам да сфатам како човек може да гледа во небото и да рече дека Бог не постои. Џером
- Две работи ми велат дека Господ постои: ѕвезденото небо над мене и моралните закони во мене. Кант
- Ad multos annos. – На многаја лета. Библија
- О, господе, ако Господ има, спаси ја мојата душа – ако ја имам. Ренан
- Кога Бог не би постоел, би требало да биде измислен. Волтер
- Дури ни Бог не може да го измени минатото. Арагон
- Бог е тешко да се спознае, но тоа не значи дека го нема, туку тоа е знак на неговата величенственост, а на нашата слабост. Бог е како чиста вода која сакаме да ја испиеме; а не можете чистата вода да ја ставите во валкан сад, па потоа да судите за нејзината чистота. Толстој
- Quit deus intendant, noli perguirere sorte: guid statuat de et, sine te deliberat ille. – Немој со помош на пророштва да ги испитуваш намерите на Бога: Он и без тебе одлучува што ќе прави со тебе. Като
- Sunt superis sua iura. – Боговите имаат свои закони. Латинска пог.
- Луѓето се претвараат дека му служат на Бога, на кој што тоа и не му треба, но се користат со него, бидејќи тоа им треба. Халифакс
- Имај храброст за големите жалости во животот и трпение за малите. И, кога вредно ќе ја исполниш својата дневна задача, појди на спиење во мир. Бог е буден. Иго
- Разликата помеѓу Бог и човекот е во тоа што Бог е господар на незнаењето, а незнаењето господари со човекот. Индиски филозоф
- Господ мисли во гениите, сонува во поетите, а спие во останатите луѓе. Алтенберг
- Што Бог го прави среќен? Да види сиромашен ѓавол кој нашол богатство и го враќа назад. Еврејска пог.
- Повеќе сакам еден покајник, отколку десет праведни. Нов Завет
- И рајот и пеколот истовремено се наоѓаат во човечкото срце. Кинеска пог.
- Господ и ѓаволот непрекинато војуваат околу светот. Кој знае кој од нив е вистинскиот господар. Хебел
- Страстите прават чуда: коцкарот е во состојба да не јаде и не спие со денови како некој светец. Многу е опасно да се сака Бог, како коцкарот што ја сака својата игра. Веил
- Кон Бога се обраќаме само тогаш, кога сакаме да постигнеме нешто невозможно. За нешто возможно, доволни ни се и луѓето. Ками
- Бог е единствен кој, за да би владеел, нема потреба да постои. Бодлер
- Тоа што обично луѓето го бараат од Бога е два и два да не биде четири. Фирбанк
- Нема ништо трајно каде што Бог не е присутен. Шекспир
- Нема место за Бога во оној кој е полн со самиот себе. Еврејска пог.
- Јас без сомнеж би бил христијанин, кога христијаните би биле тоа сите дваесет и четири часа на ден. Ганди
- Ние не знаеме дали го сакаме Бог, но без сомнеж знаеме дали го сакаме својот сосед. Света Тереза
- Особина на вистинскиот Бог е во тоа што тој е љубоморен Бог, и затоа неговото обожување и религија не поднесуваат мешање на учесниците. Бекон
- Би рекол, Бог е љубов. Но, каков пакостен ѓавол е љубовта. Семјуел Батлер
- Бог е во срцата на тие што го бараат. Народна пог.
- Секое новородено дете носи порака дека Бог сеуште не ја изгубил довербата во човекот. Тагоре
- Бог сака три вида луѓе: оние што не се раздражливи, оние кои ја сакаат слободата, како и оние на кои душата им е без никаква злоба. Талмуд
- Основа на секоја вера е во тоа да, освен во тоа што го гледаме и чувствуваме во своето тело и во телата на другите суштества, постои нешто невидливо, бестелесно, што ни дава живот нам и на се видливо и телесно. Толстој
- Боговите им помагаат на оние кои работат. Латинска пог.
- Налутените Богови имаат волнени нозе, нивното доаѓање не се слуша. Хорацие
- Боговите имаат волнени нозе, но железни раце. Хорацие
- Боговите пред вредноста ја ставиле потта, односно, ништо не може да се постигне без пот. Хеснод
- Јас знам дека во мене е она без кое ништо не би било, а тоа е она што јас го нарекувам Бог. Ангелус
- Оној кој од себе не умее да направи син Божји, секогаш ќе остане во шталата со стоката. Ангелус
- Ако живеам световен живот, јас можам да бидам без Бога. Но, штом ќе помислам од каде дојдов кога се родив и каде ќе појдам кога ќе умрам, морам да признаам дека постои нешто од каде сум дојден и каде што ќе појдам. Морам да признаам дека на овој свет сум дојден од нешто за мене непојмливо и одам кон нешто исто така непојмливо. И ете, тоа непојмливо од што сум дојден и каде одам јас го нарекувам Бог. Толстој
- Да се плашиш од Бога добро е; но уште подобро е да го сакаш Бога. А најдобро е да го воскреснеш Бог во себе. Ангелус
- Најблизок до Боговите е оној во кој преовладува разумот, а не гневот. Латинска пог.
- Она во што Бог ужива нека ти биде водич во животот. Латинска пог.
- Во ништо човек не треба да се надева, против волјата на Боговите. Вергилие
- На човекот му е потребно да сака, а безрезервно да се сака може само тоа во кое нема никакво зло. Значи, мора да постои и тоа во кое нема никакво зло. А такво суштество во кое нема никакво зло е само едно: Бог. Толстој
- Кога Бог не би се сакал самиот себе во тебе, никогаш не би можел да се сакаш ни себе си, ни Бога, ни ближниот свој. Ангелус
- Никој не е наречен пророк во сопствената татковина. Нов Завет
- Бог ја сака осаменоста. Тој ќе влезе во твоето срце само тогаш, кога во него ќе биде сам, само кога ќе мислиш единствено на него. Толстој
- Иако луѓето понекогаш различно говорат за тоа што е Бог, сепак сите тие кои вистински веруваат во Бога, секогаш подеднакво разбираат што Бог од нив сака. Толстој
- Луѓето со ништо поблиску не пристигнуваат кон Бога, отколку со спасувањето на луѓето. Латинска пог.
- Бог во најмалите работи е најголем. Плиние
- Нека Бог не посредува ако заплетот не е достоен тој да го разреши. Хорацие
- Не гледа Бог на полни, туку на чисти раце. Не ги гледа Бог валканите нозе, туку чистото срце. Латинска пог.
- Се што може да се каже за Бога не е налик на него. Со зборови е невозможно да се опише Бог. Ангелус
- Два вида луѓе го знаат Бог: луѓето со смирено срце, сеедно дали се паметни или глупави, и луѓе навистина разумни. Само горделивите луѓе и со просечна памет не го познаваат Бога. Паскал
- Можно е да не се именува Бог, да не се изговара тој збор, но невозможно е да не се признава. Ништо нема, ако него го нема. Толстој
- Бог го нема само за оној кој не го бара. Барај го и Он ќе ти се јави. Толстој
- Бегајќи од Рим за да не биде ставен на измачување, Апостол Петар по патот го сретнал Исус и го прашал: “Quo vadis, domine?” – Каде одиш господару? А Исус му одговорил: “Vado Roman iterum cricifigi” - Одам во Рим по втор пат да ме распнат на крст. Засрамен, Апостол Петар се вратил во Рим каде бил мачен и каде умрел.







