- Зошто во ниедна религија како прва заповед не е: Работи? Бертолд Авербах
- Има многу религии, но моралот е еден. Раскин
Према старата религија, атеист е оној кој не верува во Бога. Новата религија вели: атеист е оној кој ја изгубил верата во самиот себе. Вивекананда
- Атеистите не мораат да бидат чесни: нема Бог кој за нив би бил надлежен. Д.Радовиќ
- Да бил Исус компромисен и да ги послушал фарисеите, би бил само еден непознат мал евреин повеќе на светот. Карољ
- Ние немаме доволно религии за да се мразиме, но ни толку вера да би се сакале едни со други. Сфифт
- Поголем број расправии на луѓето околу религијата, слични се на расправијата на двајца луѓе околу жена, која за нив не се грижи. Халифакс
- Има разлика меѓу атеистите: не е сеедно која вера е Богот во кој не веруваат. Д.Радовиќ
- Каква е користа, браќа мои, ако некој рече дека има вера, а нема дела. Зарем може самата вера да го спаси? Како што телото без дух е мртво, така и верата без добри дела е мртва. Апостол Јаков
- Немој да се плашиш од животот. Верувај дека животот е вреден за живеење и твојата вера ќе ти помогне саканото да го оствариш. В.Џејмс
- Ние сме родени со верување. Човек ја носи верата како дрвото што ги носи листовите. Емерсон
- Секогаш е добро ако човекот е во состојба со разумот да ја оправда верата што е во него. Смит
- Кој ништо не знае, мора во се да верува. Неруда
- Кога ништо не се знае, лесно е да се верува во нови идеи. Доде
- И двете се погрешни: верувањето во сите и во никого. Хорацие
- Она во што веруваш, тоа и постои. Горки
- Луѓето тежнеат кон верувањата, кои одговараат на нивните страсти. Расел
- Од ланецот на верувањата, само разумот ќе те спаси. Гете
- Кој споро верува, покажува зрел ум. Грацијан
- Подобро е да им веруваш на сопствените очи, отколку на туѓите зборови. Југосл. пог.
- Атеизмот е повеќе на усните, отколку во срцата на луѓето. Бекон
- Кај многу луѓе неверувањето во една работа, се темели на слепото верување во друга работа. Лихтенберг
- Верувањето е морален акт за кој, оној кој верува, мора да има чувство на одговорност. Хозе
- Верата во безмилосен Бог, создава безмилосен човек. Томас Пејн
- Адам во рајот не можел да има религии, бидејќи човекот и жената едниот за другиот биле Бог. Малколм де Казал
- Во љубовта, како и во религијата, се се темели на чувствата и на верувањето во неверојатното. Јовен Дучиќ
- Човекот е почеток на религијата, човекот е средиште на религијата, човекот е крај на религијата. Лудвиг Фоербах
- Не печи го својот ближен заради верата на оган, уште помалку бидејќи не можеш да го јадеш. Георг Лихтенберг
- Навистина, помеѓу верата и вистинската наука не постои сродство, ни пријателчство, па дури ни непријателство: тие живеат на различни ѕвезди. Ниче
- Каде што верата е господар, таму разумот е слуга чија должност е да молчи. А.Рибеиро
- Верите се како искри: ним, за да светат, потребен им е мрак. Шопенхауер
- Секој на туѓото празноверие се потсмева, а своето го почитува и го држи за свето. Доситеј
- Попувањето е најдобар занет, бидејќи и од живите и од мртвите зема данок. Бугар.пог.
- Свештеник е свештеник! Свет и чесен господин, а секаде по него и пред него расти бел леб, додека тој, како птиците небески, не треба ни да ора, ни да копа. Анте Ковачиќ
- Поповите би морале да молат, а не да владеат. Лутер
- Прави како што вели попот, но не прави што прави попот. Романска пог.
- Слушајќи ги исповедите на жените, жупниците се тешат што не се оженети. А.Салакру
- Боговите многу често се само кукли со жица во рацете на своите свештеници. Виленд







