- Ви велам, кога несреќата би навалила на милионерот, тоа би било како кога куче ќе залае на слон. Јохан Нестрој
- Богатството не ги смалува човековите грижи и не ги теши човековите срца. Тибул
- Богат е онј кој е задоволен од својата судбина. Цицерон
- Големото богатство е големо ропство. Сенека
- Голем е оној кој и во богатството е сиромашен. Сенека
- Нема лесно да го сочуваш тоа што на многумина им се допаѓа. Публиј Сир
- Сето свое богатство со себе го носам. Сенека
- Секој богаташ или е неправеден, или наследник на неправеден човек. Латинска пог.
- Кој има многу, сака уште повеќе; а кој има доволно, стигнал до целта. Сенека
- Единствена разлика меѓу богатиот и сиромавиот е во тоа што сиромавиот се надева на следниот оброк, додека богатиот е преокупиран од претходниот. Демокрит
- Кој ги ограничува своите желби, секогаш е премногу богат. Волтер
- Кога имаш се, не гледаш ништо – ќе прогледаш дури кога ќе немаш ништо. Шекспир
- Прашувате: која е вистинската граница на богатството? Таа е: прво, да го имаш тоа што ти е потребно, а второ, да имаш колку што ти е потребно. Сенека
- Колку повеќе даваш, толку повеќе имаш. Лао Це
- Богатството и снагата на една земја не зависат од бројот на нејзините жители, туку од количеството на храна со која располага. Хан Феу Цу
- Секое богатство е производ на нечија работа. Лок
- Causa perit iusta, si dextera non sit onusta. - И поштената парница пропаѓа ако десницата не е полна (пари). Латинска пог.
- Луѓето илјадапати повеќе се трудат да стекнат богатство, отколку духовно образование, иако сосема е сигурно дека нашата среќа ја прави тоа што сме, а не тоа што го имаме. Шопенхауер
- Тоа што сте го наследиле од своите претци, морате сами да го заслужите, инаку, никогаш нема да биде ваше. Гете
- Богатството подеднакво вреди и во добри и во лоши времиња. Латинска пог.
- Ако дојдеш во зависност од богат и моќен човек, тогаш ќе ја изгубиш или вистината или пријателството. Сенека
- Општеството е составено од две големи класи: од оние кои имаат повеќе храна од апетит и од оние кои имаат повеќе апетит од храна. Шамфор
- … богатите газди не ги сакаат сиромашните роднини. Жуков
- Во неволја луѓето стануваат попаметни, во богатството полудуваат. Од сланината и кучето побеснува. Народна поговорка
- Кој има помалку од што сака, нека знае дека има повеќе од што заслужува. Лихтенберг
- Се што поседуваш повеќе од што треба – смета. Публиј Сир
- Кој е сиромав? Скржавиот. Кој е богат? Кој ништо не посакува. Латинска пог.
- Кој што ќе одреди старец за наследник, богатството го става вгроб. Публиј Сир
- Никој не прашува од каде имаш, но треба да имаш. Јувенал
- Богатството треба да се искористи, а не да се злоупотреби. Сенека
- Богатиот и во туѓина се чувствува како дома, а сиромавиот е странец и во својата куќа.
- Најголемо богатство има оној кој не посакува никакво богатство. Сенека
- Оној што се обогатил за година дена,, требало да го обесат пред дванаесет месеци. Латинска пог.
- Раскошот на богатите ја удвојува бедата на сиромасите. Дидро







