Posledni Napisi

СПАСОТ Е НА ДОФАТ НА РАКАТА % Но, тогаш Бог одлучи да смеша прсти во нашиот живот. Еден тмурен, пролетен ден, јас заминав во полето да работам,...

Read more

АЛКОХОЛОТ - НЕВИДЛИВ, НО СТРАШЕН... % Во почетокот немаше ништо необично, не гледав ништо лошо во тоа и воопшто не ми сметаше. Но, како времето поминуваше,...

Read more

ИСКУШЕНИЈАТА ДЕМНАТ ОД СИТЕ... Во Клубот на лекувани алкохоличари владееше необична атмосфера. Ништо не укажуваше дека на состанокот ќе се случи...

Read more

ОДНЕСУВАЊЕТО НА АЛКОХОЛИЧАРОТ... Закрепнатите луѓе од проблемите со пиењето, зависноста  од алкохол ја дефинираат како мултидимензионална и комплексна...

Read more

AKTIVNOSTI VO KLUBOT Вие, кој што сега посетувате Клуб на лекувани алкохоличари, вероватно сте разбрале дека сте влегле во големото...

Read more

ПИЕЊЕТО АЛКОХОЛ - ПРОБЛЕМ ВО... Вистината за проблемите, предизвикани од пиењето алкохол е многу полесно да се скрие на работното место, отколку...

Read more

КЛУБ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ Клубот на лекувани алкохоличари Ви е како да сте во еден рудник, и во него талкате, симни се најдолу, па кaчувај...

Read more

МУДРОСТИ - ЖЕНИ, ЖЕНИ - Постојат два вида жени׃ расеани – ќе ги изгубат двете ракавици; сталожени – ќе изгубат само една. Бернар - Пристојна...

Read more

МУДРОСТИ - ЖЕНСКИ КАРАКТЕР - Некои жени се како запалена цигара; ако не ја фатиш од вистинската страна, ќе се изгориш. Тухолски - Обично се...

Read more

ДА ПОГЛЕДНЕМЕ ВО ОГЛЕДАЛОТО... Кога ќе се угасни светлоста на твојот духовен живот, темна сенка на твоите телесни желби ќе падне на твојот пат....

Read more

  • Prev
  • Next

Twitter Updates...

  •  
fukosantin epimedium african mango afrika mangosu epilamor ozoderm uzamax altin cilek lavixir ayak kokusu biber hapi super x power penis halkasi maurers

КАКО ДА СЕ ПРОНАЈДЕ ВИСТИНСКИОТ ПРАВЕЦ

Category : КЛА 048-550716, ЛЕКУВАЊЕ 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

И најлошиот ученик денес знае вистини, за кои Архимед би го жртвувал својот живот.                                                                                                                              Ренан

Незнаењето е ненапишан лист хартија, на која можеме да пишуваме. Погрешното знаење е напишан лист, кој прво мора да го бришеме, за потоа да можеме да пишуваме.     Лат.пог.

Многу луѓе сакаат да покажат доследност, тврдејќи дека не го менуваат своето мислење. Тоа само покажува дека ништо не научиле, од денот кога го формирале нивното мислење. Така очигледен доказ за сопствената глупост и незнаење, не треба да се удира на големо ѕвоно.       Ле Бон

Забележувам дека од методите што се применуваат во Клубовите на лекувани алкохоличари, изостануваат препораките од најголемиот експерт по алкохологија, др.Владимир Худолин. Покрај другото, др.Худолин препорачува: на апстинентите кои започнуваат со својата апстиненција, потребно е постојано да им помага некој од постарите членови, цело време да се грижи за него, како еден вид “Ангел чувар.” За жал, голем дел од апстинентите, кои успеале да ја победат алкохолната болест, наместо да возвратат со благодарност, целосно заборавиле колкава помош им била потребна за да го достигнат успехот. Гледајќи ги само сопствените интереси, не сакаат да си земат обврска, да му бидат “Ангели чувари” на некој од новите апстиненти, убедени се дека тој метод за многумина е преголем залаг и преголем терет. Тие би се залагале 24 часа во денот, но само за оној, кој од срце и душа ќе ги употребува зборовите: “Аман луѓе, помагајте, ова не е живот што јас го живеам”, и дека за таков човек се би направиле.

За жал, нивните и моите ставови за борбата со алкохолната болест се разликуваат како Крали Марко и телевизија. Нивното однесување наликува на однесувањето на човекот, кој сака да го проучува предметот, но му го врти грбот и го проучува по сенката што предметот ја фрла и затоа не можам да го делам нивното мислење и го сметам за сосема погрешно. Немам намера да ги оспорувам нивните методи, се разбира, не сум способен да измислам нови и подобри, туку упорно се трудам, поучен од животот, да докажам дека имам цврсти, непобитни докази со кои се обидувам да ги уверам другите дека тоа што е корисно за мене, ќе биде корисно и благодат и за нив, ако го следат мојот пример и моите совети. Се разбира, убеден сум дека лекувањето на алкохолната болест е долг и сложен процес, со чести рецидиви, дека одбивањето на алкохоличарот да признае дека е болен и дека му е потребна помош, е дел од неговата болест. Затоа, цврсто сум убеден во тоа дека - речиси и да не постои алкохоличар кој ќе дојде кај нив и ќе ги моли: “Аман луѓе помагајте.” Се надевам дека добро ќе ги прочитаат моите книги и сите мои текстови уште еднаш и со поголемо внимание, а потоа сигурно ќе го согледаат лицемерието во нивните постапки и ќе се согласат со моите ставови. Можеби приказнава што следи во текстот, ќе им помогне да ги корегираат нивните размислувања.

Голема група луѓе патувала и се случило да скршнат од патот, така што сега морале да одат, не по рамен терен, туку преку блато, жбунови, трновити и паднати дрвја кои им го попречувале патот, и се движеле се потешко и потешко.

Тогаш патниците се поделиле во две групи: едната одлучила, без да застане, да оди право по истиот пат по кој дотогаш одела, убедувајќи се себе си и другите дека не скршнале од правиот пат и дека сепак ќе стигнат до целта. Другата група одлучила да, бидејќи правецот по кој одат очигледно е погрешен – инаку веќе би стигнале до целта – дека треба да го бараат патот, а за да го пронајдат, потребно е, не запирајќи, да тргнат што е можно побрзо во сите правци. Речиси сите патници се определиле за едно од овие две мислења: едни одлучиле непрекинато да одат право, другите да одат на сите страни, но се најдоа неколку луѓе кои, не сложувајќи се ни со едното ни со другото мислење, предложиле да, пред да тргнат во кој било од тие правци, дека е потребно пред се да застанат и да ги разгледаат околностите и дури потоа да го изберат едното или другото. Но, патниците биле толку заслепени во нивното верување дека нивното мислење е исправно, а биле и многу преплашени заради нивната положба, така што сакале да се утешат со надежта дека не залутале, туку само за некое време скршнале од патот и за час повторно ќе го најдат, и што е најважно, сакале со одење да го надминат стравот, така што тоа мислење наишло на општо негодување, прекор и потсмев од двете групи.

- Тој совет е поради малодушност, кукавичлук и мрза. Добро средство да се стигне до целта седејќи и никаде да не се оди – велеле едните.

- Та ние сме луѓе и дадена ни е снага за да се бориме и трудиме, да ги совладуваме препреките, а не малодушно да се предаваме – говореле другите.

И, макар колку и да говореле неколкуте луѓе кои не се согласувале со мнозинството, дека движејќи се во погрешен правец, не менувајќи го, во никој случај нема да се приближат, туку дека ќе се оддалечат од својата цел, а исто така дека нема да стигнат до целта ако лутаат, час на една, час на друга страна, дека единствен начин за да се дојде до целта е во тоа да, откако по сонцето и ѕвездите ќе одредат кој правец ќе ги однесе до целта, да го изберат и да тргнат по него, но дека за тоа да го направат, пред се е потребно да застанат – не за да стојат, туку за да го најдат правиот пат и потоа непоколебливо да одат по него, дека затоа е потребно да застанат и трезвено да размислат – но, колку и да говореле, никој не ги слушал.

И првата група од патниците тргнала напред во истиот правец по кој одела, другата група почнала да лута де на една, де на друга страна, но ни едната ни другата група не само што не се приближиле до целта, туку не излегле од жбуновите и трњето и лутаат и ден денес.

Мислам дека е крајно време апстинентите, кои успеале да излезат од алкохолниот пекол, да го корегираат своето однесување, да ги надоградат методите на своите активности кои, не велам дека се погрешни, туку велам дека не ги даваат вистинските резултати. Треба многу посериозно да ги разгледаат моите укажувања на оние општи и вечни правила на вистината, дека секој човек заслужува парче среќа под ова небо. Никој не се труди да докаже дека моите ставови се погрешни, никој не вели: нашите активности се исправни и сосема оправдани, во тоа сме убедени заради тоа и тоа (ако нивното единствено оправдување е тврдењето дека досега се постигнати добри резултати, тогаш нека помислат дали можеби можело да се постигне многу, многу повеќе). Никој не вели и не докажува дека можеби е точно дека се постигнуваат половични резултати, но дека имаат веќе испробан начин да, не корегирајќи се, ја исправат својата грешка. Никој не го вели ни едното ни другото, туку сите се однесуваат како тоа да не се однесува на нив, односно, за нив е поприфатлива состојбата “Status kvo”, каде ништо не треба да се менува, дека треба само да се ужива во самозадоволството од постигнатите резултати, во некои одамна поминати времиња. Дури некои измислуваат разни аргументи, со единствена цел само и само да докажат дека јас грешам, а тие се во право, со тоа што отворено ги негираат моите ставови.

- Алкохолот постоел илјадници години, а сега се најде еден будала, кој ќе го превртува светот наопаку. Ние да си ја работиме досегашната работа и резултатите сами по себе ќе си дојдат!

Очигледно е дека е дојдено време да се корегираат ваквите ставови и размислувања. Пред се, апстинентите од Клубовите на лекувани алкохоличари треба да ја зголемат енергијата, и таа не треба да ја насочуваат во правецот кој ги оддалечува од нивните најдобри намери во борбата со алкохолната болест, туку да ја насочуваат на тоа, да го дадат својот придонес за прекинување со оваа масовна хипноза – наречена алкохолизам, што човештвото го донесе до сеопшто лудило. Очигледно и јасно е дека само ако застанат и подлабоко размислат, ако ги надминат конвенциите што долго време им ги носеле размислувањата и намерите во погрешен правец, ќе можат макар малку да ја сфатат нивната положба и ќе го пронајдат оној правец, по кој треба да се движат нивните активности, за да дојдат до сознанијата за вистинската среќа и благосостојба - не на десетици или стотици луѓе кои успеале да го победат алкохолот, туку на вистинска среќа и општа благосостојба на човештвото, кон која се стремат сите луѓе и секое човечко срце поединечно.

Треба многу да се внимава, бидејќи нема ништо полошо, отколку кога ќе се пресоли или препече тоа што е добро, но кое со вложување на малку труд, може да биде многу, многу подобро.

Со љубов во Бога

УТОПИЈА

Category : КЛА 048-550716, ЛЕКУВАЊЕ 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

Животните живеат по својата природа, по дарот и определбата на Творецот. Не може ни да се зборува за грев кај животните. Но, човекот прави грев ако живее со животински страсти, па уште кога тие страсти ги нарекува со светото име љубов. Ниту човекот може да се спушти на нивото на животните, а да не се спушти пониско од животинското ниво.     Отец Калистрат

Последниве неколку недели добивам се повеќе коментари на мојата интернет страница, многу убави коментари кои ме подигаат во сопствените очи и ме инспирираат на уште поголема активност.  Поголемиот дел од оценките се позитивни и идентични со моите ставови за борба со последиците од алкохолот. Сепак, има и коментари каде нашите ставови за борбата со алкохолната болест, активностите што јас ги предлагам и улогата на Клубот на лекувани алкохоличари во оваа борба со најголемиот непријател на целото човештво, целосно се разликуваат. Овој напис, во три продолженија, им го посветувам ним за да ги преиспитаат своите ставови, за да дојдат до единствената, непобитна вистина што јас цело време ја застапувам: нема успех во борбата со алкохолната болест ако човек не вложи максимален труд, ако не се вложи себе си, нема успех без исполнување на основните човекови вредности – искреноста и добрината, љубовта и човекољубието, толеранцијата и трпението.

Најголема забелешка на моите текстови е што повеќето луѓе сметаат, дека во нив внесувам премногу утопија, односно, предлагам идеи кои не можат да се спроведат во дело и дека, по нивно убедување, алкохолот е длабоко навлезен во сите пори во животот на луѓето и е составен дел од нивното живеење. Жалам што стекнале таков впечаток. Признавам дека јас воопшто не се трудам да направам јасна разлика помеѓу луѓето кои умерено и повремено пијат мали количини алкохол за задоволство, од луѓето кои завлегле или веќе се наоѓаат во алкохолниот пекол.

Но, зарем навистина ќе биде покорисно ако ги занемарам страшните последици од алкохолот и моите принципи за борба со него да почнам да ги прикривам, не дај Боже да почнам да ги украсувам, само затоа што мнозинството смета дека алкохолот е важен, составен дел од секојдневието и луѓето нема да прифатат да се изменат. Таквите претпоставки и препораки, од кого и да доаѓаат, дека луѓето нема да престанат да живеат со штетните глупости кои се предизвикани од алкохолот и дека никогаш нема да ја прифатат благодадта на разумот, што јас непрекинато им советувам – тоа претскажување никако не можам и не сакам да го прифатам. Никако не можам да се согласам со тие изопачени ставови кои го оправдуваат постоењето на алкохолот, кои се во спротивност со самата човекова природа, со се што е разумно во моралните човекови потреби. Едноставно, не можам и не сакам да ја прифатам изопачената теза, дека ваквата состојба мора да остане до век и веков. Кога, не дај Боже, би се уверил дека тоа навистина е така, дека моите ставови за борба со алкохолот и алкохолната болест се само гола утопија, веднаш би престанал со моите активности, би посакал што побрзо да заврши мојот живот, бидејќи борбата со алкохолното зло е смислата на мојот живот, кој се состои во помагање на луѓето, а со тоа и менување на нивните погрешни навики и однесувања. Без тоа не ќе можам да живеам. Во границата на моите можности се трудам вистината за алкохолната болест да ја изразам јасно и јавно, за сите да можат да видат дека сепак има луѓе, кои ги гледаат вистинските последици од алкохолното зло и кои сакаат да се борат со него, луѓе кои се обидуваат да ги мотивираат послабите по дух, за и тие да се вклучат во најголемата армија на светот.

Жал ми е и многу тешко што не умеам да го искажам со многу посилни зборови тоа што е толку јасно, а на луѓето кои секојдневно ги трпат последиците од алкохолното зло им е толку потребно, зборови кои конечно ќе ги натераат разумните луѓе да ги насочат своите мисли кон помагање на алкохоличарите и ослободување од алкохолот воопшто. Тоа чувство на немоќ што е во мене, слично е на чувството на нем човек кој не може да го каже тоа што го знае, тоа што е толку потребно и спасоносно да го знаат оние, на кои би сакал да им каже. Ова силно чувство на тага што ме преокупира секако не е добро, но јас сакам да го искажам за да знаете какви се моите ставови и размислувања.

За мојата еуфорија и, како тие велат, заслепеност, најмногу придонесува грижата за младите луѓе, на кои секојдневно им се испраќаат погрешни, лажни пораки дека алкохолот е корисен за луѓето, пораки кои им го трасираат патот кон алкохолниот пекол. Сите ние беспомошно гледаме како секојдневно се отвораат нови кафулиња и разни фестивали на виното, пивото, ракијата, се со цел алкохолот да биде што подостапен до младите луѓе, или народски кажано, секојдневно се отвораат нови фабрики за производство на нови алкохоличари. Со тоа младите луѓе се ставаат на тешки искушенија, бидејќи алкохолот е насекаде присутен и лесно достапен, бидејќи се наоѓа на секој агол од секоја улица. Во последно време луѓето, кои најмногу заработуваат на несреќата од алкохоличарите, пласираат страшна лага, притоа вложувајќи огромни напори на разни начини да докажат дека, да речеме, пивото или виното не припаѓаат во групата штетни алкохоли. За мене пак, алкохолот е алкохол и затоа во сета таа одвратна лага гледам само гадост, гледам најголемо зло и не сакам да размислувам каде го има повеќе, а каде помалку. Во моето однесување ги прифаќам само законите на совеста и моралот, кои никого не обврзуваат, но кои водат напред и ветуваат хармонија во иднината на човештвото.

Потполно сум свесен дека во овој момент, моите размислувања и идеи наликуваат на неостварлив сон. Сепак, бидејќи надежта последна умира, нека ми биде дозволено да го задржам правото да се надевам, особено што моето искуство ме научи дека еден ден, еден далечен ден алкохолот ќе исчезне од животот на луѓето. Друга алтернатива нема, бидејќи ако не биде така, ќе биде ставен под знак прашање опстанокот на човештвото.

Со љубов во Бога

ЖЕНИТЕ ВО КЛУБОТ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ – “ВИКТОРИЈА”

Category : КЛА 048-550716, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

Бракот може да биде среќен само под овој услов: и едниот и другиот брачен другар мораат себе си да ја одредат како прва должност оваа незаменлива одлука: сакам да го сакам и да го почитувам тоа срце на кое сум му дозволил да биде господар над моето. Силвио Пелико

Не недостатокот на љубов, туку недостатокот на пријателство ги создава несреќните бракови     Ниче

Оваа мудрост од Ниче ја зедов како главна поента за мојот текст, бидејќи по седумгодишна апстиненција од алкохолот, ја сфатив нејзината вистинска порака. За разлика од многу алкохоличари, кои вината за својата несреќна состојба, за своите грешки, глупости и пропусти во животот, го посочуваат несогласувањето со својата сопруга, јас денес признавам, и пред себе и пред Бога, дека вината беше само моја. Мојата сопруга стоички ги издржа сите мои удари, сета неправда што и ја нанесов, го издржа моето неподносливо однесување, го одржа семејството, за што од сето срце и душа сум и благодарен. Таа беше и пријател, и мајка, и сопруга, и сестра – се во исто време. Денес сум многу среќен човек и можам слободно да кажам дека нема ништо поубаво, отколку кога на својата сопруга, на своите деца си им толку мил, да заради тоа и самиот себе си си уште помил.

Кога човекот ќе тргне по трнливиот пат кој води во алкохолниот пекол, за жал, заедно со него, по тој пат одат и неговите најмили – сопругата и децата. Тие гледаат како алкохоличарот секојдневно се уништува во својата глупост, но не гледаат начин како да му помогнат и нему, и себе си. И покрај големата љубов, што најблиските ја чувствуваат кон него, по долгогодишното поднесување на последиците од алкохолот, едноставно креваат раце од алкохоличарот, го оставаат сам на себе.

Единствено оправдување за оваа голема, ако не и најголема грешка на луѓето, кои се најблиски на алкохоличарот, е нивното незнаење, нивната недоволна информираност, дека спас има. Повторувам, спас од алкохолниот пекол има и лекот се наоѓа на дофат на вашите раце, треба само да соберете храброст и мудрост и да го земете, за свое добро, уште повеќе за доброто на вашите деца.

Во рамките на Клубот на лекувани алкохоличари: “Здрав живот” од Прилеп, многу успешно, корисно, и едукативно работи и Женскиот дел од клубот за поддршка - ”Викторија”. На состаноците кои се одржуваат во Центарот за Социјални работи секоја среда од 16-18 часот, присуствуваат сопругите на лекуваните алкохоличари, кои активно го посетуваат клубот, но и оние мајки, сопруги, сестри и ќерки, кои во својот дом имаат алкохоличар, но не го знаат начинот како да го убедат и тој да се обиде да ја надмине и победи алкохолната болест, што долги години ја има. Оваа активност е од извонредно значење, бидејќи многу сопруги од алкохоличарите се плашат, пред својот сопруг, да ги искажат своите маки и страдања. Добиените сознанија се од извонредно значење во натамошниот пристап кон алкохоличарот, во менувањето на неговите погледи кон алкохолот и кон животот воопшто.

Почитувани мајки, сопруги, ќерки, сестри, деца – дојдете во храмот на спасот и побарајте спас за вашите најмили, пронајдете го најлесниот пат кон среќна иднина за вашето семејство, посетете го Женскиот дел од клубот “Викторија.” На вратата ќе ве пречека веселата насмевка на нашите прекрасни терапевти г-ѓа Милка Темелкоска – социолог и др.Снежана Ѓорѓијоска – психијатар. Ќе слушнете многу совети кои ќе ви бидат од голема корист за вашата иднина, но бидете убедени дека во нивното срце ќе останат многу неискажани нешта, бидејќи невозможно е на еден состанок да се искажат најдлабоките тајни за смислата на животот и живеењето. Сепак, ќе поминете прекрасно попладне со луѓе кои имале слична или иста животна судбина, со луѓе кои успеале да го пронајдат начинот како да се соочат со секојдневните проблеми, со луѓе кои ќе изразат спремност искрено да ви помогнат во секое време. И, кога по завршувањето на состанокот полека ќе чекорите кон вашиот дом, кога вашите мисли ќе ги средуваат впечатоците од оваа, за вас, необична средба, опиени од кратката среќа на надежта што после долго време повторно ќе заживее во вашето срце, низ главата ќе ви доаѓаат безброј прашања, а меѓу нив најглавните: “Овие среќни жени немале толку големи проблеми и страдања како што имам јас. Нивните мажи сигурно не биле големи пијаници и не правеле толку големи проблеми како мојот сопруг.” Во тој момент погледнете подлабоко и поискрено во вашето срце и одговорот што таму ќе го пронајдете, ќе ги разбие вашите дилеми и сомнежи. “Во секое семејство каде има пијаница, на овој или на оној начин ги има истите проблеми. Долго време ме мачеше мислата дека само ние така живееме, дека во другите бракови тоа го нема. Но, тоа мора да е судбина на сите луѓе кои завлегле во алкохолниот пекол. Веројатно и тие, како и јас, мислеле дека тоа е само нивна несреќа. Досега ја криев таа премногу срамна несреќа не само од другите, туку и од самата себе. Денес за првпат во животот добив вистинска надеж дека шанса за излез од пеколниот алкохолен лавиринт, во кој толку долго време се наоѓаме, сепак постои. За успехот на овие среќни, неверојатни жени, полни со позитивна енергија, мора да се најзаслужни терапевтите. Не верував дека на земјата сеуште постојат луѓе, кои во себе имаат толку љубов и човекољубие, како што во себе имаат г-ѓа Милка и др.Жане. Но, од каде извира нивната сила и енергија да се зафатат со спасување на алкохоличарите, кои се отфрлени од луѓето и живеат на маргините на општеството? Без дилеми, тоа мора да е дар од нашиот Семоќен Бог. Божјата промисла не случајно ги избрала токму овие храбри и несебични жени, г-ѓа Милка и др.Жане, на својот грб да ги носат тешкотиите во борбата со злото, како најголеми борци да бидат Божјото оружје, до конечната победа над најголемиот непријател за целото човештво – алкохолот.”

Ги повикувам сите сопруги или ќерки, мајки или сестри, кои не знаат каде да ја побараат помошта што им е толку неопходна, да дојдат во Женскиот клуб за поддршка на лекуваните алкохоличари “Викторија.” Треба да соберете храброст, да ги надминете сите предрасуди и да ја согледате реалноста дека алкохолизмот е болест, како и секоја друга болест и дека може да се лечи. Терапевтите и сопругите кои го посетуваат клубот ќе ви поклонат искрено внимание, на сите ќе ви пружат рака за помош. Знаете, кога човек ќе мора преку греда да премине преку некоја провалија, тоа многу полесно ќе го направи, ако знае дека од другата страна има некој, кој ќе му подаде рака. Раката ви е пружена, имајте мудрост и прифатете ја. Преминете на страната на победниците над ѓаволот. Посетете го клубот и наполнете ги вашите чаши од изворот на надежта што потекува од срцата на нашите терапевти, пружете ја раката кон плодоносното дрво кое расте од нивното срце и вкусете од слатките плодови на среќата. Бидете убедени дека ќе ви се измени вашиот живот, ќе ви се изменат вашите соништа. И, кога вашиот сопруг, брат или син ќе излезе од пеколот, кога на вашата одлука што сега треба да ја донесете, а за која можеби се колебате, ќе набљудувате од друга перспектива, кога мирот, среќата и радоста ќе се вратат во вашиот дом, убеден сум дека вашето задоволство ќе биде многу големо, толку големо, како да сте ја добиле главната премија на лотарија.

Со љубов во Бога

МУДРОСТИ – СМРТ

Category : МУДРОСТИ 075 985772

0

- Ах, таа смрт, сета е како ненаситна вреќа искрпена со туѓи животи.       Славко Јанески

- Се што сакам за својот погреб е тоа, да не бидам жив закопан.       Честерфилд

- Му рече глината на мајсторот: ‘Зошто ме гмечеш? Ќе дојде ден па и јас тебе ќе те гмечам.’       Кабир

- Често сум посакувал да умрам, но под покривачот – никој да не чуе.       Лихтенберг

- Оној што лажно го разбира животот, лажно ќе ја рзбере и смртта.        Толстој

- Смртта сепак, сеуште е побрза од се.       Ал-Мутанаби

- Смртта е сурова, но животот е често посуров.       Икбал

- На дрвото спалено од гром, повеќе не му е местото во расадникот.       Тагоре

- Смртта, како и раѓањето, тајни се на природата.       Аурелие

- Потруди се да по смртта испратиш мрзлив човек.       Еврејска пог.

- Оној кој своето тело го гледа како сенка, како снегулка, како пена на брановите од океанот, ќе дојде до тоа да не ја гледа повеќе смртта.       Будистички запис

- Да се родиш во вистинскиот час – милост е од небото; да умреш во вистинскиот час исто така – милост е од небото.       Лијах Це

- Сите часови рануваат, последниот убива.      Напис на градскиот саат од Рим

- Кога смртта не би претставувала некое зло, тогаш и Боговите би сакале да умрат.  Сафо

- Последниот час сите не изедначува.       Латинска пог.

- Умирајќи ги оставаме истите глупости што ги затекнавме кога се родивме.       Волтер

- Еден паднат лист ја навестува смртта на една година.       Јапонска пог.

- Ако човекот не мрази ништо повеќе од смртта, зошто тогаш не ги избегнува сите опасности кои можат да се избегнат.        Монг Це

Често размислував за смртта и увидов дека таа е последно од сите зла.      Бекон

- После смртта на Бога, претставниците на новата филозофија сложно ја обзнануваат смртта на неговиот убиец – уништувањето на човекот.       Дифрес

- Сите се раѓаат како љубители на вистината, а умираат како лажговци.       Вовнарг

- Кого Боговите го сакаат, млад умира.        Платон

- Смртта ги изедначува сите: се раѓаме нееднакви, умираме еднакви.       Сенека

- Смртта со иста нога удира и на колибата од сиромавиот и на кралските палати. Хорацие

- Добро да умреш значи да ја избегнеш опасноста од лошиот живот.       Сенека

- Осудени сме на смрт ние и се што е наше.       Хорацие

- Од затвор можеш да побегнеш, но од смртта не можеш.       Народна пог.

- Не гледам ништо што би можело да се спореди со смртта.       Иби Ал-Мутаз

- Кој што се плаши од смртта, тој или се плаши дека повеќе нема да чувствува, или дека ќе мора поинаку да чувствува, отколку што чувствува сега.       Марко Аурелие

- Во смртта го има и ова: таа ги отвора вратите на славата, а ја загушува зависта.    Бекон

- Кој го надминал стравот од смртта, престанува да се плаши пред нејзиното доаѓање, туку почнува со внимание да ги следи облиците во кои таа се појавува.       Антун Барак

- Во бегството смртта е срамна, во победата славна.       Цицерон

- Неизвесно е на кое место смртта те очекува, затоа ти очекувај ја на секое место. Сенека

- Среќен е човек ако умре пред сам да ја повика смртта.       Публиј Сир

- Мора да се умре, но не онолку пати колку ти би сакал.      Публиј Сир

- Смртта го стигнува и човекот кој бега.      Хорацие

- Чесната смрт често ќе го разубави и срамниот живот.       Цицерон

- Смртта го чува законот, го носи кралот исто како сиромавиот.       Латинска пог.

- Зошто да се плашиме од смртта? Таа е најубавата авантура во животот.      Ч. Фронан

- Не е смртта најтажна затоа што заедно со неа се завршува, туку затоа што после неа ништо не започнува.       Тадеуш Котарбински

- Кога би можело смртта да се преспие на рати!       Ст. Јиржи Лец

- Каква прекрасна претстава за смртта имале старите: таа била одмор за добрите и ужас за злите. Смртта значи била искушение за староста.       Лијах Це

- Во секоја капка што ја пиеш, во секој залак што го јадеш, има и живот и смрт. Само што смртта е поверна од животот: сите ќе те остават, сите ќе те заборават, само таа не.                                                                                                         Фран Мажураниќ 

- Три работи се невозможни: да се изградат скали до небото, на морето да се стави поклопец и за смртта да се најде замена.        Народна пог.

- Да се плашиш од смртта пострашно е отколку да умреш.       Сенека

- Никој не умира прерано ако умира несреќен.       Публиј Сир

- Бидејќи во смртта нема никакво зло, тогаш тоа само по себе е веќе големо добро. П.Сир

- Да умреш, тоа значи да преминеш на страната на појакиот.       Жан Ростан

- За човекот кој ја извршил својата природна должност, смртта е природна и добредојдена како сон.       Џорџ Сантајана

Од прашине ситне до небеских тела,

одгонетнули смо тајну најмудријих дела.

Расплели смо чворове најмудријих речи,

само тајну смрти не можемо пречи.

                                                                                          Абдул Ибн Сина

- Сите ги очекува една иста ноќ.       Хорацие

- Смртта бара се: да умреш не е казна, туку закон.       Сенека

- Смртниот спровод повеќе плаши од самата смрт.       Латинска пог.

- Можете да направите предвреме да умрам, но не можете да направите да не умрам.                                                                                                                      Плиние

- Кој се плаши од смртта, ги губи радостите на животот.       Като

- Немој себе да си прорекуваш долг живот: каде и да одиш смртта ќе те следи, како сенката телото.       Като

- Таму, каде целиот живот е тажен, смртта е најубава работа.       Публиј Сир

- Како што сонот е слика на смртта, така и постелата е слика на гробот.      Латинска пог.

- Човекот толку пати умира, колку пати ги губи своите најмили.       Публиј Сир

- Кој е спремен да умре, тој не може со сила да се натера на нешто.       Латинска пог.

СЛОБОДАТА НА МИСЛИТЕ

Category : АЛКОХОЛИЗАМ 075 985772

0

Слободата не е никаква привилегија која може само да се ужива. Таа мора секогаш одново да се освојува да би се одржала.     Расел

Слободата не е само аспект на човековиот живот, како што е богатството или бедата, мирот или војната, здравјето или болеста. Самата слобода е суштина на животот.     Салвадор Мадариага

Секој апстинент треба да ја пронајде вистинската смисла на животот, да научи како да го живее својот живот, како да ја користи снагата на својот разум. Никогаш нема да успееме да го пронајдеме својот мир, своето место под Сонцето кое Бог за нас го определил, ако на другите им дозволиме да управуваат со нашиот живот, особено ако дозволиме алкохолот да не совлада и да почне да влијае на нашите одлуки што секојдневно ги носиме. Најголемата вистина на човештвото гласи: “Бог на секој човек му дал неотуѓиво право само над едно – над сопствените мисли.” Веројатно со тоа сакал да ни укажи дека треба да управуваме со сопствениот живот, да донесуваме сопствени одлуки и да ја преземаме одговорноста за последиците од нив, да имаме сопствени мисли, мисли над кои другите не ќе можат да влијаат. Користејќи ја способноста квалитетно и со полн капацитет да влијаеме врз сопствениот ум и живот, можеме да се воздигнеме до успехот во борбата со алкохолното зло. И, кога ќе се скинат стегите со кои алкохолот го врзал нашиот ум, кога ќе се ослободиме од неговото ропство, кога новите сознанија и искуства стекнати во Клубот на лекувани алкохоличари ќе ги просветлат нашите мисли, кога ќе се осознаеме себе си и нашите вистински вредности, кога добрината, љубовта и човекољубието ќе ги заменат и исфрлат лошотилокот и омразата од нашите срца и ќе станат дел од нашиот карактер, убеден сум дека темелите од пеколот ќе се нишаат од страв, а рајските ѕвона ќе ечат од радост за да ја навестат победата над ѓаволот.

Бидејќи Создателот ни дал потполна слобода да одлучуваме и да се користиме со нашите мисли, без сомнеж сметал дека тој дар треба да го користиме со лична иницијатива, при донесувањето на секојдневните одлуки и преземање на одговорноста за последиците од нив. Во борбата со алкохолната болест постојат две групи на луѓе кои никогаш не напредуваат и ништо или многу малку постигнуваат. На првата група и припаѓаат оние кои не сакаат да го прифатат она, што буквално на секој состанок во клубот им се кажува, не сакаат да ги прифатат советите од терапевтите и не ги почитуваат правилата за борба со алкохолната болест. Главната особина на таквите луѓе е лажната представа за својата супериорност и непогрешливост. Тоа е причината што тие вистински и не започнуваат со апстиненција, туку поради својата убеденост дека само после неколку посети на клубот се научиле, го напуштаат клубот и по кратко време повторно се враќаат во прегратките на ѓаволот. Има и апстиненти кои припаѓаат на оваа група, кои упорно доаѓаат во клубот, бидејќи сметаат дека не би било во ред да имаат проблеми со најблиските, кога ќе ги прашаат: ”Што имаше денес ново во клубот.” Секој од нив, кратко, како затегната пушка одговара: ”Немаше ништо ново. Еден будала цело време само се расправа и на сите упорно им докажува дека само тој е во право. Главата ми прсна од него. Малку фалеше да си заминам.” Таквите апстиненти се скришни пијаници, но сепак водат сметка како божем тоа другите не го забележуваат. Во втората група се оние кои немаат самоиницијатива, односно не сакаат или не знаат да направат ништо повеќе од она што го научиле на состаноците во клубот. За нив е карактеристична повлеченоста, рамнодушноста кон активностите на другите членови, стравот од неизвесноста на резултатот од новините кои се предлагаат. Не се вклучуваат во дискусиите, а ако нешто сепак се приморани да кажат, одговараат кратко со што даваат дознаење, дека тоа измачување за нив, треба што побрзо да заврши.

Главната заблуда кај алкохоличарите е тоа што на секој од нив му изгледа сосема оправдано да со неговиот живот, наместо здравиот разум, управува тежнеењето кон задоволствата и одвратност кон страдањата. И, алкохоличарот, без да ја користи слободата на своите мисли, се предава на тој водител – тој бара задоволство во пиењето алкохол и упорно ги избегнува страдањата од соочувањето со секојдневните проблеми и што е најпогубно за него, во тоа ја гледа целта и смислата на животот. Но, човекот не може да живее само во задоволства, ниту може да ги избегне страдањата. Јасно е дека целта на човековиот живот мора да не е во тоа. А и кога би била – каква глупост: целта се задоволствата, а нив ги нема и не може да ги има. Дури и кога би постоеле – зарем крајот на животот и смртта не се секогаш поврзани со страдањата. Целта на животот е надвор од задоволување на страстите кои, наместо убавина, секогаш на крајот носат само страдање.

МУДРОСТИ – БЕСМРТНОСТ

Category : МУДРОСТИ 075 985772

0

- Гробовите на овој свет се полни со оние, кои себе си се сметале за бесмртни.     Кар

- Contra vim mortis non est medicamen in fortis – Против снагата на смртта не расти лек во градината.       Салеринска школа

- Mortem optare malum: timere peius. – Зло е да се сака смртта, но уште полош е стравот од неа.       Сенека

- Mortem ubi contenas, viceris omnem metum. – Ако ја презреш смртта, ќе совладаш секаков страв.       Публиј Сир

- Mortuo gui mittit munus, nihil dat illi, adinit sibi. – Кој на умрениот дар му дава, ништо не му дава, си одзема себе си.       Публиј Сир

- Не е едноставно да се живее по смртта. Понекогаш на тоа треба да се потроши целиот живот.       Станислав Јиржи Лец

- Зошто толку ја посакуваме бесмртноста? Зарем не е доволно ако твоите дела те надживеат и им помогнат на поколенијата подобро да живеат.       Јасмина Пуљо

- Нема поголема утеха за просечниот човек, од сознанието дека ни гениите не се бесмртни.       Гете

Збогум, пријателе збогум,

еве ти ја мојата рака,

на светот да живееш не е ништо ново,

но и да умреш исто така.

Последните стихови на Сергеј Есењин

- Длабоко сум убеден дека мртвите живеат се додека има живи кои мислат на нив.

Емил Енри

- Бесмртноста, хармонијата и слободата се во нас самите и таму тие го чекаат своето ослободување.      Ауробиндо

- Блазе на оној кој засекогаш ќе живее, имало зошто и да се роди.       Његош

- Прв услов на бесмртноста е смртта.      Станислав Јиржи Лец

- Се е минливо, само смртта е бесмртна.     “““

- Човекот е смртен, но неговото име може да стане бесмртно.      Јапонска пог.

- Ниеден човек не верува во сопствената смрт и во потсвеста, повеќе или помалку, е убеден во својата бесмртност.       Фројд

- На мрак се осудени оние кои се предадени на телото, на црна темнина оние кои се предадени само на духот. Оние кои се предадени и на телото и на духот, со телото ја надминуваат смртта, а духот ја достигнува бесмртноста.       Упанишад

- Кога некој би понудил бесмртност на земјата, кој би сакал да го прими тој жалосен поклон.    “““

- Подобро е еднаш да се умре, отколку цел живот да се умира од страв.       Езоп

- Повеќе чувствуваме гледајќи еден мртов човек, отколку кога читаме во воените извештаи за илјадници мртви.       У. Донадони

- Моментот кога се раѓаме веќе е чекор кон смртта.       Волтер

- Треба да ги оплакуваат луѓето кога ќе се родат, а не кога ќе умрат.       Монтескје

- Не се плашиме од смртта, туку од размислувањето за смртта.       Сенека

- Тој што ќе ги научи луѓето да умираат, ќе ги научи и да живеат.       Монтењ

Све што време даље хити,

све што вечма прошлост грли,

све се вечма моји мртви,

мени чине неумрли.

Јован Јовановиќ – Змај

- Дека умрел уште не е доказ и дека живеел.      Ст. Јиржи Лец

- Кој мора да умре, ќе умре во мрак макар и да продавал свеќи.      Колумбиска пог.

- Од смртта најмалку се плашат оние, чиј што живот има најголема вредност.       Кант

- Мртвите многу подобро се поднесуваат еден со друг, отколку живите.      М.Беговиќ

- Мислејќи на мртвите, ги сожалувам живите.       Антун Барац

- Почитувањето кон мртвите, го зацврстува пријателството на живите.       Де Азис

- Кон мртвите должни сме да имаме почит, на мртвите им ја должиме само вистината.

Волтер

- Кога си дошол на овој свет, ти си плачел, а сите околу тебе се радувале. Кога ќе го оставаш светот, направи така да сите плачат, а ти да се насмевнуваш.       Толстој

- Далечината помеѓу две нули – раѓањето и смртта – човекот брзо ја претрчува.       Ками

- Луѓето се плашат од смртта, а не од тоа што после неа доаѓа.       Батлер

- Одвратно е да те снема, да исчезнеш со сознанието дека луѓето потполно не те запознале.      Сартр

- Читајќи ги надгробните споменици, сфаќаме дека прво треба да умреме, ако сакаме за нас добро да се зборува.       Богар

- Ни најубавиот некролог на никого не му го продолжил животот.      Форбат

- Човекот навистина е мртов дури тогаш, кога никој повеќе нема са се сеќава на него.

Фрањо Алфиревиќ

- Два пати се умира. Другата смрт е да бидеш заборавен.       Фонтен

- Колку и да е слатко и славно за татковината да се умре, сепак сметам дека е послатко за татковината да се живее.       Хорацие

- Твоето срце трепери од страв пред смртта и ти пребледуваш од самата помисла на неа. Запознај се себе си и биди мудар, па нема да умреш, ни кога ќе умреш.       Икбал

- Ако животот и смртта ги поднесуваш не придавајќи им важност, нема да се грижиш дали ќе умреш порано или покасно.       Јанг Це

- Ден за ден човекот гледа како суштествата умираат, па сепак, се однесува како да самиот никогаш нема да умре.       Махабхарата

- Кога не се знае животот, како може да се разбере смртта?       Конфучие

- Вистинскиот гроб на умрените се наоѓа во срцето на живите.       Хери

- Имај на памет дека не треба да се плашиш од смртта, бидејќи таа, иако не е добро, сепак е крај на неволјите.       Като

- Јас ја сакам својата граина, сакам да читам некоја книга, сакам да ги милувам децата. Кога ќе умрам, јас се лишувам од тоа задоволство и затоа не сакам да умрам и се плашам од смртта.       Толстој

- Човекот како телесно суштество се противи на смртта, но со помош на разумот, тој може секогаш тоа противење да го замени не само со покорување, туку и со посакување.

Толстој

- Ти се плашиш од смртта, но замисли што би било со тебе кога би морал вечно да живееш каков што си?       Толстој

- Кога човек ќе го излечат од смртна болест и тој повторно се врати во живот, тоа отприлика е исто како кога кола, која треба да ја преминат преку некоја река, ја извлечат на оваа, а не на онаа страна. Преку реката мора да се помине неизбежно.       Толстој

fukosantin epimedium african mango afrika mangosu epilamor ozoderm uzamax altin cilek lavixir ayak kokusu biber hapi super x power penis halkasi maurers