Posledni Napisi

СПАСОТ Е НА ДОФАТ НА РАКАТА % Но, тогаш Бог одлучи да смеша прсти во нашиот живот. Еден тмурен, пролетен ден, јас заминав во полето да работам,...

Read more

АЛКОХОЛОТ - НЕВИДЛИВ, НО СТРАШЕН... % Во почетокот немаше ништо необично, не гледав ништо лошо во тоа и воопшто не ми сметаше. Но, како времето поминуваше,...

Read more

ИСКУШЕНИЈАТА ДЕМНАТ ОД СИТЕ... Во Клубот на лекувани алкохоличари владееше необична атмосфера. Ништо не укажуваше дека на состанокот ќе се случи...

Read more

ОДНЕСУВАЊЕТО НА АЛКОХОЛИЧАРОТ... Закрепнатите луѓе од проблемите со пиењето, зависноста  од алкохол ја дефинираат како мултидимензионална и комплексна...

Read more

AKTIVNOSTI VO KLUBOT Вие, кој што сега посетувате Клуб на лекувани алкохоличари, вероватно сте разбрале дека сте влегле во големото...

Read more

ПИЕЊЕТО АЛКОХОЛ - ПРОБЛЕМ ВО... Вистината за проблемите, предизвикани од пиењето алкохол е многу полесно да се скрие на работното место, отколку...

Read more

КЛУБ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ Клубот на лекувани алкохоличари Ви е како да сте во еден рудник, и во него талкате, симни се најдолу, па кaчувај...

Read more

МУДРОСТИ - ЖЕНИ, ЖЕНИ - Постојат два вида жени׃ расеани – ќе ги изгубат двете ракавици; сталожени – ќе изгубат само една. Бернар - Пристојна...

Read more

МУДРОСТИ - ЖЕНСКИ КАРАКТЕР - Некои жени се како запалена цигара; ако не ја фатиш од вистинската страна, ќе се изгориш. Тухолски - Обично се...

Read more

ДА ПОГЛЕДНЕМЕ ВО ОГЛЕДАЛОТО... Кога ќе се угасни светлоста на твојот духовен живот, темна сенка на твоите телесни желби ќе падне на твојот пат....

Read more

  • Prev
  • Next

Twitter Updates...

  •  
fukosantin epimedium african mango afrika mangosu epilamor ozoderm uzamax altin cilek lavixir ayak kokusu biber hapi super x power penis halkasi maurers

МОЈАТА ПРИНЦЕЗА

Category : ИСПОВЕД 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

%

Кога имав дваесет години ми се случи нешто убаво, што го промени мојот живот кон подобро. Бог се смилува и ми го пушти јажето на спасот, да ме извлече од дното на пеколот во кој бев паднат. Запознав едно прекрасно девојче, покрај мајка ми, најдобрата личност што до тогаш ја знаев и која по една година стана моја сопруга. Искрено и со целата своја душа и срце го засакав тоа мало, наивно детенце, кое со своите седумнаесет години беше спремно да ми ја поклони сета своја љубов.

Настојував да бидам добар со мојата принцеза, но се случуваше понекогаш да и подвикнам посилно кога нешто не ми беше по волја, а таа секогаш, со солзи во очите, почнуваше да се правда и да се извинува, целосно прифајќајќи ја вината што не беше нејзина. Имаше многу такви моменти во кои јас, фасциниран од нејзината добрина, после многу кратко време се чувствував бедно, како идиот кој подмолно ја злоупотребува добрината од единствениот човек кој искрено ме сакаше. И покрај сите мои слабости, единствено таа ме разбираше и несебично ми помагаше со својата смиреност, за што искрено и од се срце сум и благодарен.

Во домот од нејзините родители имаше прекрасно изразување на љубовта меѓу родителите и децата. Тоа откритие беше нешто најубаво што до тогаш го имав доживеано. Поради моето несреќно детство, целиот живот гладував за љубов, мојата природа чезнееше за љубов, љубов што е органска потреба на секое битие. Да бев малку попаметен, овие сознанија можеше да ми послужат како добар пример – како треба да се однесувам кон моите најмили.

Но јас, таков каков што бев – никаков, не бев спремен да го изменам моето однесување и одговорно да ги прифатам сите обврски на бракот. Бог ни подари и две прекрасни дечиња, а со тоа моите должности пораснаа, но јас и тогаш не бев спремен целосно да се откажам од алкохолот. Потребите на телото, само на телото, лесно можат да се задоволат. Но, не постои таа сила со која ќе може да се набави сето тоа, што човекот може да го посака. Впрочем, глупоста е најнеобична од сите болести – болниот не страда од неа, туку сите околу него. Мојата глупост ги водеше моите мисли во погрешен правец и затоа само во ретки моменти бев во состојба правилно да мислам. Куќата на мислите за мене беше целосно затворена, нејзините прозори заковани, а моето тело беше само сениште, оставено како чувар на таа своја куќа.

Продолжив и понатаму често да пијам, додуша настојував потполно да не се опивам, но сепак, беше доволно за да не можам целосно да се посветам на семејството, да посветам поголема грижа и внимание на воспитувањето на децата. Да бидам целосно искрен, воопшто не го забележав и не се порадував со нивното растење. Моите најмили добиваа удари кои исклучиво јас ги имав заслужено, бидејќи бев несреќен, ги унесреќував сите околу мене. Се разбира, и добар дел од парите ги трошев на задоволување на моите страсти. Сепак, најжалосно од се е тоа што воопшто не го изменив карактерот. Речиси никогаш не се однесував насилно, но мојот збор мораше секогаш да биде последен, а моите желби и наредби да се извршуваат без приговор. Едноставно, моето однесување се повеќе наликуваше на однесувањето од татко ми, а самиот факт дека доживеав тешки разочарувања и трауми, кои можеби ќе ме следат додека сум жив, не ми даваше право и не смеев да газам на вредностите и убавините од моите најблиски, што животот им ги пружа.

% 

Post a comment

fukosantin epimedium african mango afrika mangosu epilamor ozoderm uzamax altin cilek lavixir ayak kokusu biber hapi super x power penis halkasi maurers