Posledni Napisi

СПАСОТ Е НА ДОФАТ НА РАКАТА % Но, тогаш Бог одлучи да смеша прсти во нашиот живот. Еден тмурен, пролетен ден, јас заминав во полето да работам,...

Read more

АЛКОХОЛОТ - НЕВИДЛИВ, НО СТРАШЕН... % Во почетокот немаше ништо необично, не гледав ништо лошо во тоа и воопшто не ми сметаше. Но, како времето поминуваше,...

Read more

ИСКУШЕНИЈАТА ДЕМНАТ ОД СИТЕ... Во Клубот на лекувани алкохоличари владееше необична атмосфера. Ништо не укажуваше дека на состанокот ќе се случи...

Read more

ОДНЕСУВАЊЕТО НА АЛКОХОЛИЧАРОТ... Закрепнатите луѓе од проблемите со пиењето, зависноста  од алкохол ја дефинираат како мултидимензионална и комплексна...

Read more

AKTIVNOSTI VO KLUBOT Вие, кој што сега посетувате Клуб на лекувани алкохоличари, вероватно сте разбрале дека сте влегле во големото...

Read more

ПИЕЊЕТО АЛКОХОЛ - ПРОБЛЕМ ВО... Вистината за проблемите, предизвикани од пиењето алкохол е многу полесно да се скрие на работното место, отколку...

Read more

КЛУБ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ Клубот на лекувани алкохоличари Ви е како да сте во еден рудник, и во него талкате, симни се најдолу, па кaчувај...

Read more

МУДРОСТИ - ЖЕНИ, ЖЕНИ - Постојат два вида жени׃ расеани – ќе ги изгубат двете ракавици; сталожени – ќе изгубат само една. Бернар - Пристојна...

Read more

МУДРОСТИ - ЖЕНСКИ КАРАКТЕР - Некои жени се како запалена цигара; ако не ја фатиш од вистинската страна, ќе се изгориш. Тухолски - Обично се...

Read more

ДА ПОГЛЕДНЕМЕ ВО ОГЛЕДАЛОТО... Кога ќе се угасни светлоста на твојот духовен живот, темна сенка на твоите телесни желби ќе падне на твојот пат....

Read more

  • Prev
  • Next

Twitter Updates...

  •  
fukosantin epimedium african mango afrika mangosu epilamor ozoderm uzamax altin cilek lavixir ayak kokusu biber hapi super x power penis halkasi maurers

ЛОШО ДРУШТВО

Category : ИСПОВЕД 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

%

Беше тоа лошо друштво, а лошото друштво ми говореше: прави како што ние правиме, мисли како што ние мислиме, верувај во тоа што ние веруваме, пиј кога ние пиеме, тоа што ние го пиеме, исто како што ние пиеме,опивај се секојдневно како што и ние се опиваме. Ако не се покорев на барањата од лошото друштво, тоа ќе почнеше да ме мачи со својот потсмев, сплетки и интриги. Човек не може да ја сочува здравата памет во таква изопачена атмосфера, тоа го понижува и го влече надолу.

Во почетокот се борев со барањата од лошото друштво, но борбата беше премногу тешка, затоа што сето тоа што јас го сметав за добро, верувајќи во себе си, другарите го сметаа за лошо и, спротивно, сето тоа што јас, верувајќи во себе си го сметав за лошо, моите другари го сметаа за добро. И се се заврши со тоа што јас се предадов, престанав да си верувам себе си и почнав да им верувам на другите. Во почетокот ова откажување од себе си ми беше непријатно, но тоа непријатно чувство траеше сосема кратко и јас почнав целосно да се предавам на барањата од лошото друштво, почнав целосно да се предавам на лажните убавини на алкохолот и престанав да го доживувам тоа непријатно чувство, па може слободно да се каже дека чувствував некакво олеснување. Со целиот жар на својата природа, целосно се предадов на тој живот што го одобруваа луѓето со кои доаѓав во контакт и потполно го задушив гласот на својата совест, што се противеше и бараше нешто друго. Изгледа дека е штетно ако не се покориш, но уште полошо е ако се покориш на барањата од лошото друштво, бидејќи тогаш повеќе не си слободен човек, туку роб.

Секој човек има право да избира: дали ќе живее во состојба на помало или поголемо незнаење. Иако јас и моите другари живеевме во бездната на незнаењето, се сметавме себе си доволно паметни, воопшто не забележувавме каде не води алкохолот, бевме заблудени, заспани будали со отворени очи кои се вртат во волшебен круг, како слепци кои ги води слепец. И секогаш се прашувавме: зошто луѓето сакаат да ни ја скратат саканата и за нас нештетна заблуда, кога ние, живеејќи со неа сме посреќни, отколку со вистината? Мислевме дека луѓето околу нас, кои добронамерно ни укажуваа на нашите грешки, дека тоа го прават од завист, од омраза кон нашата лажна супериорност. Бев заблуден од лажните задоволства што алкохолот ги пружа и затоа воопшто не забележував дека од таквите задоволства се раѓа само големо страдање и разочарување.

Човекот не е ни ангел, ниту животно. Несреќата е во тоа што човекот, посебно алкохоличарот, кога сака да стане ангел, речиси секогаш станува животно. Но, животните живеат по својата природа, по дарот и определбата на Творецот. Не може ни да се зборува за грев кај животните. Но, алкохоличарот прави страшен грев затоа што живее со животински страсти, уште повеќе кога тие страсти ги изобличува во својата убеденост, дека се што прави е мотивирано од возвишеното чувство со свето име – љубов. Ниту човекот може да се спушти на нивото на животните, а притоа да не се спушти многу пониско од животинското ниво.

%

Post a comment

fukosantin epimedium african mango afrika mangosu epilamor ozoderm uzamax altin cilek lavixir ayak kokusu biber hapi super x power penis halkasi maurers