Posledni Napisi

МУДРОСТИ - ЖЕНИ... МАЖИ - Пријателството на две жени е само завера против трета. Кар - Жената што не е убава, никогаш не била млада. Свечин -...

Read more

ЗАВИСНОСТА ОД АЛКОХОЛОТ Е СЕМЕЕН... Ставовите кон пиењето алкохолни пијалаци се формираат уште во детството и раната младост и тоа по образецот на...

Read more

МУДРОСТИ - ОД СЕ ПО НЕШТО ЗА ЖЕНИТЕ - Секогаш е исто׃ прво некоја жена ја имаш во срцето, потоа во раката, па на колената и на крајот, на вратот. Буш -...

Read more

ВО СЕКОЈ ЧОВЕК СЕ КРИЕ ПОБЕДНИК Од нашиот прекрасен живот во Америка, ќе кажам дека со помош на нашиот роднина, кој ни најде работа, добро се снајдовме...

Read more

АЛКОХОЛОТ Е НЕВИДЛИВ...НО СТРАШЕН... Најмила моја, тоа што намерно си ми давала ракија за да не те малтретирам, воопшто нека не те измачува, бидејќи...

Read more

КАДЕ ШТО ИМА ИСКРЕНОСТ, ИМА И... Во тие моменти почна да ме измачува тоа, што Ристе почна многу брзо да постигнува добри резултати во борбата со...

Read more

НАДЕЖ ЗА СПАС ОД АЛКОХОЛОТ! % - Незнам како излегов од ординацијата. Сознанието дека сум уништувала болен човек, целосно ме порази. Толку бедно...

Read more

СПАСОТ Е НА ДОФАТ НА РАКАТА % Но, тогаш Бог одлучи да смеша прсти во нашиот живот. Еден тмурен, пролетен ден, јас заминав во полето да работам,...

Read more

АЛКОХОЛОТ - НЕВИДЛИВ, НО СТРАШЕН... % Во почетокот немаше ништо необично, не гледав ништо лошо во тоа и воопшто не ми сметаше. Но, како времето поминуваше,...

Read more

ИСКУШЕНИЈАТА ДЕМНАТ ОД СИТЕ... Во Клубот на лекувани алкохоличари владееше необична атмосфера. Ништо не укажуваше дека на состанокот ќе се случи...

Read more

  • Prev
  • Next

Twitter Updates...

  •  
african mango ozoderm

БЕЗ ВОЛЈА И ПАМЕТ

Category : ИСПОВЕД 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

%

Не може да се живее без разум – сопствен или позајмен. Во сите години, додека бев алкохоличар, за мене беше најголема несреќа што никој од моите блиски роднини и пријатели никогаш сериозно, со најдобра намера, не ми пријде и не ме праша: зошто тоа го правам, да ми укаже на моите грешки, да ми помогне полесно да ја согледам вистинската смисла на човековиот живот. Додуша, се случуваше некогаш некој познаник да ме потсети дека тоа што го правам не е добро, но сето тоа сите го правеа кампањски, односно, ми укажуваа на штетните последици од моето пијанство на премногу едноставен начин, така што често се лутев на нив, бидејќи се чувствував како да сум идиот во нивните очи, кој не знае толку едноставни работи.

Колку ќе беше поинаков мојот живот да се најдеше некој човек, кој внимателно ќе ме ислушаше, ќе ги согледаше моите грешки и пропусти, а потоа да ме упатеше по вистинскиот пат во животот, да се најдеше човек во кој ќе видев вистински пријател. Убеден сум дека ќе ги послушав неговите аргументирани совети, ако ми речеше: “За да ја надминеш твојата несреќна состојба, пред се треба да престанеш да се дружиш со другарите кои те влечет по кафеаните, тоа не чини, не е добро. Искористи ја својата дарба за учење и докажи им на луѓето, а пред се докажи пред себе си, дека можеш да живееш многу подобар, поуспешен и поразумен живот.”  Можеби ќе го послушав, можеби немаше да направам толку гревови од кои и денес, кога ќе се потсетам, ме облева срам и се грозам од самиот себе. Но, не се најде таков човек во сето време, додека како ѕвер ги минував своите години. Не дека сум немал добри роднини и пријатели, туку спротивно, веројатно јас не сум знаел да бидам и во нивните очи не сум бил добар роднина и пријател. Одговорот, зошто било така е едноставен: никој паметен не сака да биде во друштво со алкохоличар, со пијаница, со други зборови кажано, во друштво со будала, бидејќи, да се биде во друштво со будала е исто толку болно како да си во друштво со непријател.

Тешко е да се влее памет на тој што нема волја, уште потешко е да се влее волја на оној што нема памет. А во тој најнесреќен период од мојот живот, јас го немав ни едното, ни другото – немав ни волја, ни памет. Бев човек со страшно, промашено минато, сегашноста ми беше пекол, а иднината веќе беше отворен гроб.

Понекогаш се обидував да определам некои правила, за кои мислев да се придржувам, со надеж дека ќе успеам да го оставам алкохолот, дека ќе успеам да го променам животот кон подобро. Но секогаш, после кратко време, ѓаволските искушенија ќе ме уловеа и, самиот не забележувајќи го тоа, повторно паѓав, често и многу пониско отколку што бев порано, со уште поголема расипаност, со уште поголеми грешки од кои паѓав во очај, дали воопшто ќе можам да ги надминам . ” Повеќе пати се обидував да се подобрам, да го оставам алкохолот, но ништо не излезе од тоа” – ми велеше гласот на совеста – “зошто да се обидувам повторно. Не сум само јас таков, сите се такви, таков е животот.” Но, она слободното, духовното битие кое е единствено вистинито, единствено силно и вечно, почна се почесто да се буди во мене и не можев да не почнам да верувам, потсвесно да се надевам во чудо. Колку и да беше големо растојанието помеѓу она што бев и она што сакав да бидам – за духовното битие што почна да се буди во мене, се беше можно.

%

Post a comment

african mango ozoderm