Posledni Napisi

МУДРОСТИ - ЖЕНИ... МАЖИ - Пријателството на две жени е само завера против трета. Кар - Жената што не е убава, никогаш не била млада. Свечин -...

Read more

ЗАВИСНОСТА ОД АЛКОХОЛОТ Е СЕМЕЕН... Ставовите кон пиењето алкохолни пијалаци се формираат уште во детството и раната младост и тоа по образецот на...

Read more

МУДРОСТИ - ОД СЕ ПО НЕШТО ЗА ЖЕНИТЕ - Секогаш е исто׃ прво некоја жена ја имаш во срцето, потоа во раката, па на колената и на крајот, на вратот. Буш -...

Read more

ВО СЕКОЈ ЧОВЕК СЕ КРИЕ ПОБЕДНИК Од нашиот прекрасен живот во Америка, ќе кажам дека со помош на нашиот роднина, кој ни најде работа, добро се снајдовме...

Read more

АЛКОХОЛОТ Е НЕВИДЛИВ...НО СТРАШЕН... Најмила моја, тоа што намерно си ми давала ракија за да не те малтретирам, воопшто нека не те измачува, бидејќи...

Read more

КАДЕ ШТО ИМА ИСКРЕНОСТ, ИМА И... Во тие моменти почна да ме измачува тоа, што Ристе почна многу брзо да постигнува добри резултати во борбата со...

Read more

НАДЕЖ ЗА СПАС ОД АЛКОХОЛОТ! % - Незнам како излегов од ординацијата. Сознанието дека сум уништувала болен човек, целосно ме порази. Толку бедно...

Read more

СПАСОТ Е НА ДОФАТ НА РАКАТА % Но, тогаш Бог одлучи да смеша прсти во нашиот живот. Еден тмурен, пролетен ден, јас заминав во полето да работам,...

Read more

АЛКОХОЛОТ - НЕВИДЛИВ, НО СТРАШЕН... % Во почетокот немаше ништо необично, не гледав ништо лошо во тоа и воопшто не ми сметаше. Но, како времето поминуваше,...

Read more

ИСКУШЕНИЈАТА ДЕМНАТ ОД СИТЕ... Во Клубот на лекувани алкохоличари владееше необична атмосфера. Ништо не укажуваше дека на состанокот ќе се случи...

Read more

  • Prev
  • Next

Twitter Updates...

  •  
african mango ozoderm

ПАТОТ ДО ПОБЕДАТА

Category : ИСПОВЕД 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

%

Денес не се срамам поради тоа што не знаев ништо за работата на Клубот на лекувани алкохоличари и неговата улога во мојата борба со алкохолната болест, но ќе беше голема срамота и голема загуба за мене, ако ништо не сакав и не се потрудев да научам. Со посетата на клубот го направив првиот правилен чекор, добивав непозната сила од која чувствував како во своите раце да ја држам целата вселена. Патувам низ прашумата на животот, но сега не како уплашен патник кој низ густите дрвја трага по непозната цел, туку како патописец кој во својата свест го бележи сето тоа што треба да се знае во борбата со најголемиот непријател на целото човештво – алкохолот. И, колку повеќе ја осознавам проблематиката на алкохолизмот, се пострастно им се восхитувам на убавините на новиот живот.

Кога денес го анализирам моето однесување додека бев пијаница, доаѓам само до еден заклучок: можеби не беше толку одвратно што постојано ги повторував истите грешки, колку што беше одвратен начинот на кој до тогаш тие грешки самиот си ги простував или, да кажам поедноставно, за многу кратко време целосно заборавав на нив, како никогаш и да не постоеле. Новите грешки што секојдневно ги правев помагаа да ги заборавам старите, а за кратко време и тие стануваа стари кои ги потиснуваа нови грешки и така во бесконечен круг.

Со помош на колегите од Клубот на лекувани алкохоличари, посебно со помош на нашиот терапевт Др.Мец, дојдов до тоа тажно сознание: дека никогаш ништо не сум знаел за животот и дека никогаш ништо не ќе знаев ако и понатаму останев алкохоличар, дека таков каков што некогаш бев – никаков, кога немав ни памет, ни духовност, ни милосрдие, ни добри навики, ќе бев само терет на Мајката Земја, ќе продолжев да одам како ѕвер во човечки облик и само ќе газев по земјата без никаква цел. И, не само затоа што ги прифатив укажувањата на нашиот терапевт и колегите од Клубот на лекувани алкохоличари, не само затоа што во себе донесов цврста одлука да го променам мојот, дотогаш промашен живот, туку единствено затоа што тие укажувања беа како удар со прст на ѕидот кој беше готов да падне под сопствената тежина. Нивните укажувања беа само опомена, дека таму каде што мислев дека ми е најубаво, дека таму одамна се е пусто, дека таму не се наоѓа рајот, туку пеколот.

Откако ја осознав бесмисленоста на мојот живот, веќе не можев да продолжам и понатаму така да живеам. Кога денес, од височините до кои дојдов гледам на минатото, на стариот свет што го познавав – светот на алкохолизмот, развратот  и глупоста, тој свет ми изгледа многу мал. Целото мое детство и младоста беа оптоварени со некој непознат, неодреден немир – никогаш не знаев што точно сакам во животот. Веројатно сакав нешто по што залудно трагав, додека судбината не ме донесе во Клубот на лекувани алкохоличари, каде од првиот момент почувствував дека се наоѓам во сосема нов, друг свет, дека од сите страни сум опкружен со соема нови луѓе, од нивните сериозни интереси, радости и страдања на вистинскиот, корисен човечки живот, опкружен со луѓе кои имаат слична судбина со мојата, слична животна приказна. Во клубот најдов одговор на сите прашања, најдов луѓе кои ми служат за пример, најдов мир, конечно сум спремен да се жртвувам за копнечната цел – победа над алкохолното зло. Полека, но сигурно, клубот ми помогна да ја зацврстам волјата и храбро да зачекорам на патот кон победата, да ги победам своите страсти и навики денес, а не утре, да ја извојувам најголемата победа, победата над самиот себе, да се воспитам со работа и со совладување на многубројните слабости. Добив волја за живот, добив мотив за победа над злото што премногу долго живееше во мене, во моето срце и од каде треба и мора да се искорне.

%

Post a comment

african mango ozoderm