Posledni Napisi

МУДРОСТИ - ЖЕНИ... МАЖИ - Пријателството на две жени е само завера против трета. Кар - Жената што не е убава, никогаш не била млада. Свечин -...

Read more

ЗАВИСНОСТА ОД АЛКОХОЛОТ Е СЕМЕЕН... Ставовите кон пиењето алкохолни пијалаци се формираат уште во детството и раната младост и тоа по образецот на...

Read more

МУДРОСТИ - ОД СЕ ПО НЕШТО ЗА ЖЕНИТЕ - Секогаш е исто׃ прво некоја жена ја имаш во срцето, потоа во раката, па на колената и на крајот, на вратот. Буш -...

Read more

ВО СЕКОЈ ЧОВЕК СЕ КРИЕ ПОБЕДНИК Од нашиот прекрасен живот во Америка, ќе кажам дека со помош на нашиот роднина, кој ни најде работа, добро се снајдовме...

Read more

АЛКОХОЛОТ Е НЕВИДЛИВ...НО СТРАШЕН... Најмила моја, тоа што намерно си ми давала ракија за да не те малтретирам, воопшто нека не те измачува, бидејќи...

Read more

КАДЕ ШТО ИМА ИСКРЕНОСТ, ИМА И... Во тие моменти почна да ме измачува тоа, што Ристе почна многу брзо да постигнува добри резултати во борбата со...

Read more

НАДЕЖ ЗА СПАС ОД АЛКОХОЛОТ! % - Незнам како излегов од ординацијата. Сознанието дека сум уништувала болен човек, целосно ме порази. Толку бедно...

Read more

СПАСОТ Е НА ДОФАТ НА РАКАТА % Но, тогаш Бог одлучи да смеша прсти во нашиот живот. Еден тмурен, пролетен ден, јас заминав во полето да работам,...

Read more

АЛКОХОЛОТ - НЕВИДЛИВ, НО СТРАШЕН... % Во почетокот немаше ништо необично, не гледав ништо лошо во тоа и воопшто не ми сметаше. Но, како времето поминуваше,...

Read more

ИСКУШЕНИЈАТА ДЕМНАТ ОД СИТЕ... Во Клубот на лекувани алкохоличари владееше необична атмосфера. Ништо не укажуваше дека на состанокот ќе се случи...

Read more

  • Prev
  • Next

Twitter Updates...

  •  
african mango ozoderm

СПАСИТЕЛОТ

Category : ИСПОВЕД 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

%

Клубот на лекувани алкохоличари “Здрав живот” од Прилеп наликува на каменит свод чии камења се меѓусебно поврзани. Но, тој ќе се сруши ако над него деноноќно не бдее нашиот вистински пријател, нашиот спасител, нашиот духовен водач, нашиот ангел чувар Др.Методија Николоски – Мец.

Кога зборував за докторите, реков дека целосно сум незадоволен од нив и дека целосно ме разочараа и како лекари, но и како луѓе. Тие го знаеја само тоа што е општо познато, општо прифатено и тие самите беа дел од тоа што е општо признато и прифатено. Нивната малодушност дозволуваше општо признатото да им се врежи во нивната памет, и да се однесуваат по тие општи, непишани правила исто толку лесно, како што етикетата со бомбастичното име на некој алкохолен пијалак, се лепи на специјално направено шише токму за тој алкохолен пијалак, за подобро да се продава. Многу лекари, да можат да се издигнат над самите себе, би се зачудиле што некој им дозволил да бидат лекари.

Во овие тешки времиња, преполни со безбројни искушенија, пред иднината на луѓето во која се мешаат најубави желби и надежи, но и страшни закани, би требало да се создадат експерти кои ќе бидат јаки во карактерот и знаењето, кои ќе поседуваат голем капацитет на љубов и човекољубие, луѓе кои ѓе имаат сили вистински да го носат товарот на најголемите должности кои се предизвик на дваесеттиот век – да бидат авангарда во борбата со најголемото зло на нашата, а веројатно и на идните генерации – алкохолот. Без никакво двоумење сметам дека Др.Мец, со своите дела, докажа дека може да биде најдобар пример за сите нив. Толку се разликува од своите колеги, како целиот свој работен век да го поминал во некоја светски позната клиника за алкохологија, а не во општата болница во Прилеп.

Самото сознание, после толку разочарувања од лекарите, дека сепак постои лекар, кој во борбата со алкохолната болест може да направи чуда, од самиот почеток на моето посетување на Клубот на лекувани алкохоличари “Здрав живот”, ми даваше голема надеж и ме правеше необично среќен. Мојот ограничен ум, преполн со погрешни сознанија за штетните последици од алкохолот, но и за животот воопшто, во почетокот не можеше правилно да ја разбере неговата едноставност, особено не можеше да ја разбере непрекинатата активност на овој необичен човек, преокупиран со желбата да помогне на секој алкохоличар, во секое време. Сепак, во потсвеста чувствував дека овој човек поседува необична моќ, на секој апстинент да му пренесе посебна сила, сила од која апстинентот станува како џин кој успешно се напрега да ги раскине синџирите, со кои алкохолот го врзал. На секој состанок во клубот, од Др.Методија Николоски - Мец слушав зборови, какви што среќавав само во книгите напишани од големите писатели и филозофи и за чие говорење ниту еден човек, што до тогаш го познавав, не беше од толку голем калибар. Се наоѓав како во ретка, величенствена состојба, во која човек гледа како соништата од скриените агли на својата фантазија, стануваат стварност. Во такво духовно расположение апстинентите доаѓаа до состојба на покајување, целосно се убедуваа во својата грешност.

% 

Post a comment

african mango ozoderm