- Таму, каде човекот е број еден – парите се број два. Таму, каде парите се број еден – човекот е број НУЛА. Ферид Мухиќ
- Може ли кој било да се сети кога времињата не биле тешки и кога парите не биле малку.
- Господа, со што сте заслужиле толкаво богатство, освен што сте се потрудиле да се родите. Бомарше
- Поголема чест е кога имаш дукат во џебот, отколку десет ако си ги потрошил. Гвиѓардини
- Парите се како жената: да би ги сочувале треба да се занимавате со нив, инаку ќе усреќат друг. Сафир
- Има такви кои знаат да заработат пари и такви кои знаат да живеат, но многу се ретки тие што го знаат и едното и другото. Моравија
- Парите се како еж: многу е полесно да го фатите, отколку да го држите. Моржек
- Парите се одличен слуга … но во некои случаи, кога ќе почнеш да им служиш, парите се претвораат во суров господар. Френсис Бекон
- Доброто мислење на луѓето за нас е посигурно од парите. Публиј Сир
- Желбата за парите расти онолку, колку мшто пораснале парите. Јувенал
- Ни родот, ни доблестите ништо не вредат ако нема пари. Хорацие
- Кога палатите се премногу раскошни, полињата се празни. Лао Це
- Парите се клуч што ги отвора сите врати. Молиер
- Ако сакаш да знаеш што се пари, побарај ги од некого. Англиска пог.
- Љубовта кон парите е корен на сите зла. Б.Шо
- Кога ќе се одлучиш да позајмуваш пари, облечи се како да ги имаш неограничено многу. ***
- Иако сме браќа, ќесињата не ни се сестри. Народна пог.
- Сакај го својот сосед, но не уривај ја оградата. Швајцарска пог.
- Кога некој сака да ти плати сега или подоцна, одбери го првото. ***
- Човек без пари е слика на смртта. Латинска пог.
- Заштедените (собраните) пари на секого или му заповедаат, или му служат. Хорацие
- Парите малку ѕвечат, но далеку се слуша. Латинска пог.
- Најголем крал на земјата во ова време се парите. Латинска пог.
- Лакомиот човек парите го привлекуваат, но не го заситуваат. Сенека
- Иако се гордееш со парите, ист си – богатството не го менува твоето потекло. Латинска
- Двапати размисли пред да се одлучиш некому бесплатно да му завршиш некоја работа. Луѓето често не умеат да го ценат тоа, за кое не морале да платат. ***
- Човек треба да има толку, колку што му е потребно за живот. Кој ќе стекне повеќе од што му е потребно – тој е арамија. Шримад Бхагавата
- Кога на некого му позајмуваш пари, внимавај неговиот карактер да ја надминува сумата што си му ја позајмил. ***
- Кој околу вратот полно ќесе има, не може да се најде на бесилка. Руска пог.
- Кој има пари и врски, не мора да се грижи за правдата. Италијанска пог.
- Во животот треба да одбереш: парите или ќе ги заработиш, или ќе ги трошиш. Бурде
- Парите ја покажуваат својата вредност во моментот кога од нив се откажуваме. Џонсон
- Во парите лежи голема заштита. Латинска пог.
- Сеуште никој од парите не се обогатил; спротивно, нема човек во кој тие не пробудиле уште поголема желба за нив. Сенека
- Ништо не е така добро утврдено што со пари не би можело да се освои. Цицерон
- Парите управуваат со сите работи на човекот. Публиј Сир
- Парите се слуга ако знаеш да ги користиш; господар ако не знаеш. Сенека
- Да се откажеш од парите во вистинско време понекогаш е најголема добивка. Лат. пог.
- Ништо не е така досадно, така одвратно, како изобилието. Монтењ
- Немаш ли грош, секогаш си лош. Бугарска пог.
- Парите понекогаш ги решаваат проблемите, но и ги создаваат. Корејска пог.
- Кога некој ќе ти здосади, позајми му пари. Украинска пог.







