САМООЧИСТУВАЊЕ

%

“Господа безгрешни”, имате право кога верувате дека на светот вие сте најсовршени и највредни, дека ниту еден човек не е посовршен и поголем од вас, но знајте дека многу се лажете кога мислите дека на светот има, макар и еден човек, кој е поневреден и понизок од вас. Како што ја носите тежината на своето тело, а да не ја чувствувате како терет кој сакате да го поткренете, така, воопшто не вложувате напор и затоа не ги забележувате сопствените грешки и пороци, туку ги гледате само туѓите, а ги наоѓате и таму каде ги нема. Веќе сте станале неосетиливи кон вашите страдања, и затоа станувате неосетливи и кон страдањата на другите луѓе, особено сте крајно неосетливи за страдањата на алкохоличарите. Убеден сум дека повеќето од вас често би се срамеле и од вашите најдобри постапки, кога луѓето би можеле да ги ѕирнат вистинските мотиви, заради кои ги правите. Ако заради тоа што сте опкружени со ѓубре, вашето чувство кон нечистото почнува да бледнее и на крајот целосно ќе се изгуби, тоа значи дека постои голема веројатност и вие самите, да почнете да фрлате ѓубре, на сите страни. Често не ги разбирате луѓето кои се различни од вас и, наместо да ги прифатите такви какви што се, со сите свои добри или лоши страни, вие едноставно ги отфрлате, како што го фрлате ѓубрето во контењер.

Многу е лесно да се мразат и отфрлаат болните алкохоличари. Советот на светците е да се мрази гревот, а грешникот да се сака. Помогнете им на болните алкохоличари во лекувањето, за полесно да го исчистат алкохолното зло од нивната куќа, бидејќи лекувањето од алкохолната болест секогаш започнува од нив самите. Самоочистувањето е најјако оружје во борбата со оваа опака болест. Ако сте во состојба алкохоличарите да ги набљудувате како заболени луѓе од жална, но многу опака болест, треба да се обидете својата одвратност што ја чувствувате кон нив, да ја претворите во грижлива сомилост, за да можете искрено да им помогнете во нивното лекување.

%