- Ни со нозете, ни со желбите не треба да се помине повеќе од што е возможно. Епиктет
-Особина на мудрецот е да биде умерен и во тоа што на сите им е дозволено. Јувенал
- На едно стебло гради само едно гнездо. Теокрит
- Среќата сама од себе се руши кога ќе ги премине дозволените граници. Цицерон
- Тебе, што ја фалиш “златната средина” да ми биде животен пат, одговарам: “Кој сака да биде млак меѓу ладно и топло, или да трепери меѓу животот и смртта, или да е пифтијаст – ни течен ни цврст.” Гибран
- Јади колку што имаш, работи колку што можеш. Народна поговорка.
- Брзината на времето е бескрајна, но уште побрза им изгледа на оние кои гледаат наназад. Сенека
- Часот што поминал не може повеќе да се врати. Овидие
- Пустите желби не ги враќаат поминатите денови. Латинска поговорка
- “Добри стари времиња” – сите времиња, кога му припаѓаат на минатото се добри. Бајрон
- Ништо што било вредно во минатото не заминува; ниедна вистина или добро кое човек го создал никогаш не умира, ниту може да умре. “““
- На тоа што било лани и чавките се смеат. Јапонска поговорка.
- Оние што не го паметат минатото, осудени се да го повторуваат. Георг Сантајана
- На многумина би им се допаднал, да не си се трудел да им се допаднеш на сите. Латинска поговорка
- Љубомората секогаш се раѓа со љубовта, но секогаш не умира со неа. Шопенхауер







