- Луѓето подлабоко се поклонуваат на дисаѓи полни со пари, отколку на глави полни со мудрост.    Козби

- За човек да биде независен и непристрастен, треба да има полни џебови со пари.   Лиен

- Полесно е парите да ги стекнеш, отколку да ги зачуваш.    Монтењ

- Парите не ја прават среќата, но спречуваат многу несреќи.    Др.Џонсон

- Кога бев млад, верував дека парите се најважни во животот. Сега, кога остарев, тоа го знам.    Вилд

- Парите се најважна работа на светот. Тие претставуваат здравје, снага, чест, племенитост и убавина. А желбата за нив претставува болест, слабост, срамота, безначајност и одвратност.    Брнард Шо

- Тоа што јас не можам како човек, што не можам со моите индивидуални способности, тоа можам со помош на парите.    Маркс

- Желбата за пари е смрт за пријателството - парите од пријателот можат да направат непријател.    Латинска поговорка

- Изгубените пари се оплакуваат со вистински солзи.    Јувенал

- “Кралот - пари”, и дава на девојката и потекло и убавина.    Хорацие

- Да имаш пари е исто толкаво зло, како и ако ги немаш.    Латинска поговорка

- Не е ли човек на човек плен? Ѕверовите убиваат заради глад, а човекот тоа го прави за пари.    Греј

- Оној кој знае како е да се биде сиромав, знае се.    Микеле

- Сиромаштијата не е само несреќа, таа е и понижување.    Бернард Шо

- Да не знаеш да ја поднесеш бедата, срамота е; да не знаеш со работа да ја отклониш е уште поголема срамота.    Перикле

- Сиромаштијата не е грев, но од Бога е срамота.    Руска поговорка

- Човекот ги прави парите, а не парите човекот.    Народна поговорка

- Парите ни помагаат да ја поднесеме сиромаштијата.    Алфонс Аплиас

- Тие што мислат дека со парите можат се, сигурно се спремни за пари да направат што било.    Едмон Бошен

- Луѓето се восхитуваат на храброста, талентот, добротата, големите задачи и големите искушенија, но не ценат ништо освен парите.    Енри Бек

- Без пари ни синот на таткото гробот не му го копа.    Бугарска поговорка

- Не цени ги парите ни повеќе ни помалку од што вредат: тие се добар слуга, но и лош господар.    Дима

- Најубавата особина на парите е во тоа што со нивна помош може на другите да им донесете радост, но за жал, тоа го прават мал број од оние што ги имаат.    Перл Бак

- Оние кои имаат намера да играат за пари, мораат и душата да ја стават на коцка. Ојштен

- Пари во џебот - ѓавол во срцето.    Козарац

- Кога се во прашање парите, сите се од иста вера.    Волтер

- Не е злато се што сјае, а не е ни сјај се што е од злато.    Хебел

- Кога на некој ќе му позајмиш пари, или ќе ги изгубиш парите или пријателот.  Југ. пог.

- Никогаш не троши ги парите, пред да ги имаш.    Цицерон

- На тој што нема пари, ништо не му помага тоа што е побожен.    Лутер

- Парите имаат тркалезен облик, за полесно да одат од рака во рака.    Народна пог.

- Парите кога заминуваат имаат сто нозе, а кога доаѓаат само две.    Народна поговорка

- Кога немам пари, се чувствувам бедно каде било да се наоѓам. Тоа морам да го надминам, а најдобар начин е да ставам во џебот сто златници и да ги носам цела година. Постојаната тежина на златото ќе ми го отклони непријатното чувство на невредност.    Шопенхауер

- Сега знам по што луѓето се разликуваат од животните - тоа се тешкотиите заради парите.    Жил Ренар

- Порасна богатството и лудата желба за него - и, макар што имаат многу, бараат уште повеќе.    Овидие