%
За крај, уште еднаш им напоменувам на читателите или слушателите на моите текстови, дека треба да бидат крајно внимателни во задоволувањето на нивните страсти, кои водат кон расипничка и разуздана слобода, а со тоа најлесно одат кон алкохолната болест, за да не се случи оклопот што ги заштитува нивните доблести да попушти тогаш, кога неговата заштита ќе им биде најпотребна. Страстите секогаш донеуваат страдање, најмногу тогаш, кога целосно се задоволени.
Тебе ти е лош твојот живот, целиот си растргнат во гревови – само што ќе излезеш од еден, за кратко време, повторно паѓаш во друг. Како барем малку да си го поправиш својот живот? Има само еден корисен и успешен начин: да го прифатиш својот живот во душата, а не во телото, да ги избегнуваш и по никоја цена да не учествуваш во лошите постапки на телесниот живот, кои се поврзани со алкохолот. Ако тоа го посакаш со целата душа, ќе забележиш како веднаш, сам од себе, твојот живот ќе се поправи. Твојот живот е лош само затоа што, со твојот духовен живот, си му служел на телесниот живот. Залудно човек се труди да се спаси од гревот, ако не се откаже од барањата на своето тело, ако барањата на телото ги смета за поважни од барањата на душата.
Гледајќи реално, никогаш нема да се ослободите од грижата на сопствената совест заради животот што го живеете, дури ни тогаш кога лажните задоволства, што алкохолот од сите страни ги нуди, ќе мислите дека ве издигнале на врвот од најголемите задоволства што кога било сте ги запознале. Човекот ќе може да дознае што треба да прави дури тогаш, кога ќе му биде јасно што не треба да прави. А, кога нема да го прави тоа што не мора да го прави, тој неизбежно ќе го прави тоа што треба да го прави, макар што можеби нема да знае зошто го прави, тоа што го прави.
%







