Posledni Napisi

МУДРОСТИ - ЖЕНИ... МАЖИ - Пријателството на две жени е само завера против трета. Кар - Жената што не е убава, никогаш не била млада. Свечин -...

Read more

ЗАВИСНОСТА ОД АЛКОХОЛОТ Е СЕМЕЕН... Ставовите кон пиењето алкохолни пијалаци се формираат уште во детството и раната младост и тоа по образецот на...

Read more

МУДРОСТИ - ОД СЕ ПО НЕШТО ЗА ЖЕНИТЕ - Секогаш е исто׃ прво некоја жена ја имаш во срцето, потоа во раката, па на колената и на крајот, на вратот. Буш -...

Read more

ВО СЕКОЈ ЧОВЕК СЕ КРИЕ ПОБЕДНИК Од нашиот прекрасен живот во Америка, ќе кажам дека со помош на нашиот роднина, кој ни најде работа, добро се снајдовме...

Read more

АЛКОХОЛОТ Е НЕВИДЛИВ...НО СТРАШЕН... Најмила моја, тоа што намерно си ми давала ракија за да не те малтретирам, воопшто нека не те измачува, бидејќи...

Read more

КАДЕ ШТО ИМА ИСКРЕНОСТ, ИМА И... Во тие моменти почна да ме измачува тоа, што Ристе почна многу брзо да постигнува добри резултати во борбата со...

Read more

НАДЕЖ ЗА СПАС ОД АЛКОХОЛОТ! % - Незнам како излегов од ординацијата. Сознанието дека сум уништувала болен човек, целосно ме порази. Толку бедно...

Read more

СПАСОТ Е НА ДОФАТ НА РАКАТА % Но, тогаш Бог одлучи да смеша прсти во нашиот живот. Еден тмурен, пролетен ден, јас заминав во полето да работам,...

Read more

АЛКОХОЛОТ - НЕВИДЛИВ, НО СТРАШЕН... % Во почетокот немаше ништо необично, не гледав ништо лошо во тоа и воопшто не ми сметаше. Но, како времето поминуваше,...

Read more

ИСКУШЕНИЈАТА ДЕМНАТ ОД СИТЕ... Во Клубот на лекувани алкохоличари владееше необична атмосфера. Ништо не укажуваше дека на состанокот ќе се случи...

Read more

  • Prev
  • Next

Twitter Updates...

  •  
african mango ozoderm

УЛОГАТА НА МЕДИУМИТЕ

Category : КЛА 048-550716, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

%

За луѓето најдобро да ги осознаат сите активности што ги има во Клубот на лекувани алкохоличари, во борбата на секој апстинент со алкохолната болест, за презентирање на правата вистина за клубот, за афирмирање на Клубот на лекувани алкохоличари како единствено место за успешно лечење и одржување на трајна апстиненција од оваа опака болест, најголем придонес можат да имаат медиумите. Но, средствата за јавно информирање, од замене необјасниви причини, посветуваат многу малку внимание на темата алкохолизам, последиците од алкохолната болест и борбата против неа. Додуша, одвреме навреме се реализираат некои емисии на оваа тема, но се останува на тоа. На пример, со намера на луѓето да им покажеме дека Новата година може убаво да се дочека и без алкохол, ние, членовите на Клубот на лекувани алкохоличари “Здрав живот’ од Прилеп, секоја година организираме дочек во просториите на клубот. Не можам со зборови да ја пренесам атмосферата, едноставно, прекрасно е – играме, пееме, се веселиме и смееме до бескрај. Голема штета е што на луѓето, особено на алкохоличарите, не им се овозможува да го видат тоа. Ефектот од нашите дружења ќе ја достигне вистинската цел ако која било од телевизиите, кои редовно ги покануваме, покаже интерес и да испрати своја екипа, во пет минутна репортажа да ја сними и пренесе прекрасната атмосфера во јавноста.

Господа, испраќам порака до сите вас, кои со надоверба гледате на работата и користа за апстинентите, од посетувањето на Клуб на лекувани алкохоличари. Се надевам дека барем малку успеав да ви предочам – која е вашата должност како добронамерни, цивилизирани луѓе, во односот кон болните алкохоличари. Пред се, треба со голем респект да гледате на апстинентите кои го посетуваат клубот, да ја почитувате и цените нивната храброст и мудрост, во намерата да си помогнат себе си и да им помогнат на другите. Наместо да ги критикувате и омаловажувате, треба да ги охрабрувате вашите родители, вашите брачни другари, вашите браќа, вашите деца, покажете вистинско човекољубие со тоа што ќе им укажувате и на вашите соседи, кои од разни причини завлегле или веќе се наоѓаат во алкохолниот пекол, кои се на пат целосно да бидат совладани од алкохолната болест да што поитно, за свое добро, уште повеќе, за доброто на своите најблиски, да дојдат и да побараат помош во Клуб на лекувани алкохоличари.

% 

Post a comment

african mango ozoderm