СЕКОЈ ЧОВЕК ИМА ЛЕГИТИМНО ПРАВО ДА ЈА ПОСАКУВА И БАРА СРЕЌАТА

Во една прилика, др.Ферид Мухиќ, докажан хуманист и пријател на Клубот на лекувани алкохоличари, говореше дека човекот е создаден за задоволство и среќа, дека секој човек има легитимно право да ја посакува, бара и да копнее по среќата, непрекинато да трага по неа. Бидејќи не постои јасно одредена дефиниција, по која сите луѓе би ја […]

ДА ГО ПРЕТВОРИМЕ НАШЕТО БЛАТО ВО ЗЛАТО

Почитувани пријатели, со особено внимание да ги следиме примерите и советите од нашите терапевти, но и од сите разумни луѓе кои ни укажуваат на нашите слабости и, да се потрудиме и ние, бидејќи така не учат тие, да го претвориме нашето блато, во злато. По нивниот пример, по нивното несебично укажување, да се откажеме од лажните убавини и лажните задоволства […]

ДА НЕ ГО ПОВТОРУВАМЕ ГРЕВОТ

% Во мојата душа однекаде се појави и заживеа мислата дека, на овој свет, човекот може да биде среќен само по цена на болката од неговото каење и радоста од спремноста за простување на грешките. И, колку таа болка е поголема, колку каењето кај алкохоличарот, сега апстинент, е поискрено и доаѓа од длабината на срцето, толку ќе […]

ИГРА НА ПРИРОДАТА

% Атомите што се соединиле да ме обликуваат како алкохоличар, пружаат за душата непријатно соединување. Но, тоа е само невина игра на природата, бидејќи ни самите атоми не знаат точно што прават. Секако дека еден ден тие исто така рамнодушно ќе се разединат како што се соединиле, ќе се претворат во земја и прашина, но […]

ПОБЛИСКУ ДО ЦЕЛТА

% – Кога се чувствуваш несреќен, сети се на туѓите несреќи и тогаш ќе сфатиш дека можело да биде уште полошо. Во длабината на срцето прифати ја единствената вистина дека ти си бил виновен пред, а дека виновен си и сега, а тоа е најважно. Запомни дека тоа што ти го нарекуваш несреќа, пратена ти […]

МОЈАТА ТАЈНА Е МОЈ ЗАРОБЕНИК …

% – “Мојата тајна е мој заробеник, ако ми избега, ќе стане мој господар” – беше паролата што моето мислење во почетокот го правеше дијаметрално спротивно, од мислењето на нашиот терапевт, сметав дека секој човек има право да ја чува својата интима. Овде морам да кажам дека веројатно ова беше пресудниот момент за мојата цврста […]

ГЛУПОСТ И ВОЗГОРДЕАНОСТ

% Од секојдневните страдања на луѓето, се убедив дека нам ни е судено да бидеме само сведоци на страшната агонија на цивилизацијата, дека од сите задоволства што ни ги пружаат разумот, науката и моралот, ни преостанува само свирепата радост да гледаме како секојдневно се уништуваме и умираме, како во својата глупост секојдневно се уништува и умира животот и […]

ЈАС И КЛУБОТ – КЛУБОТ И ЈАС

Уште од мојата прва посета на Клубот на лекувани алкохоличари “Здрав живот” во Прилеп, мојот немирен дух се судри со размислувањата и односите во новата средина. Чувствата за единство, за слога, за заедништво, за хуманост и другарство, за смирување на духот, за толку потребното чувство за послушност кон моралните закони, во клубот беа многу изразени. […]