Posledni Napisi

МУДРОСТИ - ЖЕНИ... МАЖИ - Пријателството на две жени е само завера против трета. Кар - Жената што не е убава, никогаш не била млада. Свечин -...

Read more

ЗАВИСНОСТА ОД АЛКОХОЛОТ Е СЕМЕЕН... Ставовите кон пиењето алкохолни пијалаци се формираат уште во детството и раната младост и тоа по образецот на...

Read more

МУДРОСТИ - ОД СЕ ПО НЕШТО ЗА ЖЕНИТЕ - Секогаш е исто׃ прво некоја жена ја имаш во срцето, потоа во раката, па на колената и на крајот, на вратот. Буш -...

Read more

ВО СЕКОЈ ЧОВЕК СЕ КРИЕ ПОБЕДНИК Од нашиот прекрасен живот во Америка, ќе кажам дека со помош на нашиот роднина, кој ни најде работа, добро се снајдовме...

Read more

АЛКОХОЛОТ Е НЕВИДЛИВ...НО СТРАШЕН... Најмила моја, тоа што намерно си ми давала ракија за да не те малтретирам, воопшто нека не те измачува, бидејќи...

Read more

КАДЕ ШТО ИМА ИСКРЕНОСТ, ИМА И... Во тие моменти почна да ме измачува тоа, што Ристе почна многу брзо да постигнува добри резултати во борбата со...

Read more

НАДЕЖ ЗА СПАС ОД АЛКОХОЛОТ! % - Незнам како излегов од ординацијата. Сознанието дека сум уништувала болен човек, целосно ме порази. Толку бедно...

Read more

СПАСОТ Е НА ДОФАТ НА РАКАТА % Но, тогаш Бог одлучи да смеша прсти во нашиот живот. Еден тмурен, пролетен ден, јас заминав во полето да работам,...

Read more

АЛКОХОЛОТ - НЕВИДЛИВ, НО СТРАШЕН... % Во почетокот немаше ништо необично, не гледав ништо лошо во тоа и воопшто не ми сметаше. Но, како времето поминуваше,...

Read more

ИСКУШЕНИЈАТА ДЕМНАТ ОД СИТЕ... Во Клубот на лекувани алкохоличари владееше необична атмосфера. Ништо не укажуваше дека на состанокот ќе се случи...

Read more

  • Prev
  • Next

Twitter Updates...

  •  
african mango ozoderm

ДА ГО ПРЕТВОРИМЕ НАШЕТО БЛАТО ВО ЗЛАТО

Category : КЛА 048-550716, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

Почитувани пријатели, со особено внимание да ги следиме примерите и советите од нашите терапевти, но и од сите разумни луѓе кои ни укажуваат на нашите слабости и, да се потрудиме и ние, бидејќи така не учат тие, да го претвориме нашето блато, во злато. По нивниот пример, по нивното несебично укажување, да се откажеме од лажните убавини и лажните задоволства што ѓаволот ни ги нуди, а кои на крајот носат само несреќа и зло. Да се покаеме, да ја признаеме нашата срамота.

Рибите исфрлени на суво загинуваат; слично се случува и со апстинентите кои ќе го напуштат својот клуб – своето свето место, кога ќе се вратат во своето старо јато, на своите валкани страсти, во канџите на својот стар познаник – алкохолот и, на тој начин, ќе се оддалечат од своите добри намери. Да бидеме убедени дека само во Клубот на лекувани алкохоличари ќе научиме, дека само во болката од нашето искрено каење се наоѓа нашиот вистински спас, се наоѓа нашата животна радост.

Ако Семоќниот Бог одредил да живеам доволно долго, да доживеам длабока старост и, со побелена коса и свенато лице да ја дочекам и да слезам во вечната ноќ, или пак ако денешниот ден е мој последен ден од мојот живот - се надевам дека ќе ја имам таа радост, во пеколот што сам си го изградив со својот живот, да го понесам споменот на многубројните незаборавни, пресреќни моменти од мојот живот откако станав апстинент и дека храбро ќе застанам пред ѓаволот и ќе му викнам: сатано, можеш да ми ги искршиш сите коски, можеш да го запалиш моето тело за вмиг да ме снема, можеш да ја исцедиш целата крв од моите жили, но среќата што ми ја подари Клубот на лекувани алкохоличари, среќата што им ја вратив на моите најмили, среќата што ја чувствувам со целата душа и срце во моментите кога успевам и другите да ги наговорам да го следат патот што ги води кон излезот од твојот страшен пекол, тие нешта не можеш да ми ги земеш. Споменот на нашите терапевти, на овие прекрасни луѓе, кои како Ангели Божји секојдневно го враќаат мирот и среќата во илјадници домови на алкохоличарите, спомен што ме издига до небесата – тоа никогаш не ќе можеш да ми го одземеш.

… заради успехот во борбата со алкохолната болест чувствувам голема радост во мојата душа. Со гордост уживам во љубовта и вниманието на моите најмили, во симпатиите и добрината на моите колеги од Клубот на лекувани алкохоличари, во симпатиите на сите Вас кои ги читате моите текстови и, бидејќи чувствувам дека сум многу почитуван и сакан – и самиот себе уште повеќе си се засакав.

Post a comment

african mango ozoderm