Posledni Napisi

МУДРОСТИ - ЖЕНИ... МАЖИ - Пријателството на две жени е само завера против трета. Кар - Жената што не е убава, никогаш не била млада. Свечин -...

Read more

ЗАВИСНОСТА ОД АЛКОХОЛОТ Е СЕМЕЕН... Ставовите кон пиењето алкохолни пијалаци се формираат уште во детството и раната младост и тоа по образецот на...

Read more

МУДРОСТИ - ОД СЕ ПО НЕШТО ЗА ЖЕНИТЕ - Секогаш е исто׃ прво некоја жена ја имаш во срцето, потоа во раката, па на колената и на крајот, на вратот. Буш -...

Read more

ВО СЕКОЈ ЧОВЕК СЕ КРИЕ ПОБЕДНИК Од нашиот прекрасен живот во Америка, ќе кажам дека со помош на нашиот роднина, кој ни најде работа, добро се снајдовме...

Read more

АЛКОХОЛОТ Е НЕВИДЛИВ...НО СТРАШЕН... Најмила моја, тоа што намерно си ми давала ракија за да не те малтретирам, воопшто нека не те измачува, бидејќи...

Read more

КАДЕ ШТО ИМА ИСКРЕНОСТ, ИМА И... Во тие моменти почна да ме измачува тоа, што Ристе почна многу брзо да постигнува добри резултати во борбата со...

Read more

НАДЕЖ ЗА СПАС ОД АЛКОХОЛОТ! % - Незнам како излегов од ординацијата. Сознанието дека сум уништувала болен човек, целосно ме порази. Толку бедно...

Read more

СПАСОТ Е НА ДОФАТ НА РАКАТА % Но, тогаш Бог одлучи да смеша прсти во нашиот живот. Еден тмурен, пролетен ден, јас заминав во полето да работам,...

Read more

АЛКОХОЛОТ - НЕВИДЛИВ, НО СТРАШЕН... % Во почетокот немаше ништо необично, не гледав ништо лошо во тоа и воопшто не ми сметаше. Но, како времето поминуваше,...

Read more

ИСКУШЕНИЈАТА ДЕМНАТ ОД СИТЕ... Во Клубот на лекувани алкохоличари владееше необична атмосфера. Ништо не укажуваше дека на состанокот ќе се случи...

Read more

  • Prev
  • Next

Twitter Updates...

  •  
african mango ozoderm

ГЛУПОСТ И ВОЗГОРДЕАНОСТ

Category : КЛА 048-550716, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

%

Од секојдневните страдања на луѓето, се убедив дека нам ни е судено да бидеме само сведоци на страшната агонија на цивилизацијата, дека од сите задоволства што ни ги пружаат разумот, науката и моралот, ни преостанува само свирепата радост да гледаме како секојдневно се уништуваме и умираме, како во својата глупост секојдневно се уништува и умира животот и живеењето на луѓето, на ова Божјо дело – наречено свет.

Во тоа време бев на почетокот од мојата борба со алкохолната болест и за мене вистината беше дека животот е бесмислен. Се чувствував како човек, кој долго, бесцелно патувал и стигнал на ивицата од некоја провалија и јасно гледав дека пред мене нема ништо, освен пропаст. Назад не беше можно, а беше невозможно да се затворат очите за да не се види дека напред нема ништо друго, освен лагата за животот, освен вистински пекол, вистински страдања, вистинска смрт – потполно уништување на себе си.

Бидејќи не можев да го најдам вистинскиот одговор, одлучив да не мислам на алкохолот, со надеж дека одговорот, со текот на времето, сам ќе излезе пред мене. Но, овие напори останаа залудни. Алкохолот постојано беше во моите мисли: додека читав, додека работев, додека упорно се трудев да размислувам за нешто друго. Воопшто не беше тешко во мојата глава да се предизвикаат такви визии, бидејќи се околу мене, почнувајќи од мојата сопруга, од моите прекрасни деца, од мојата побелена коса и вештачките заби – се ме потсетуваше на алкохолот. Во сето тоа, сепак, чувствував големо задоволство од фактот што никогаш не паднав во искушение, во криза, никогаш не се фатив себе си да размислувам за враќање кон злото, за враќање во канџите на алкохолот, против кој се заколнав дека ќе се борам, дека ќе го победам како свој најголем непријател.

Бев жеден за знаења и, за што подобро да ги спознаам тајните на животот, почнав да читам разни книги, но и од нив ништо не разбрав. Кога сфатив дека сам не ќе можам да најдам одговори кои ќе ми ја покажат вистинската смисла за животот на алкохоличарот, почнав со се поголемо внимание да ја следам работата на клубот. Почнав да се споредувам со другите членови на клубот, станав свесен дека сакам да бидам ист како нив. Но, тие во својот мозок имаа нешто, некакво знаење, што го немаше кај мене. Но, знаење си е знаење! Тоа што тие го научиле би можел да го научам и јас. Тие тоа го научиле со помош на клубот и докторот, додека јас бев сеуште заробен од алкохолот.

Моето внимание посебно го привлече укажувањето на нашиот терапевт, дека од посебна и многу голема важност за секој апстиенент, во неговата борба за излез од алкохолниот пекол, е да се претстави пред членовите на Клубот на лекувани алкохоличари, да го раскаже својот животен пат.

%

Post a comment

african mango ozoderm