Posledni Napisi

МУДРОСТИ - ЖЕНИ... МАЖИ - Пријателството на две жени е само завера против трета. Кар - Жената што не е убава, никогаш не била млада. Свечин -...

Read more

ЗАВИСНОСТА ОД АЛКОХОЛОТ Е СЕМЕЕН... Ставовите кон пиењето алкохолни пијалаци се формираат уште во детството и раната младост и тоа по образецот на...

Read more

МУДРОСТИ - ОД СЕ ПО НЕШТО ЗА ЖЕНИТЕ - Секогаш е исто׃ прво некоја жена ја имаш во срцето, потоа во раката, па на колената и на крајот, на вратот. Буш -...

Read more

ВО СЕКОЈ ЧОВЕК СЕ КРИЕ ПОБЕДНИК Од нашиот прекрасен живот во Америка, ќе кажам дека со помош на нашиот роднина, кој ни најде работа, добро се снајдовме...

Read more

АЛКОХОЛОТ Е НЕВИДЛИВ...НО СТРАШЕН... Најмила моја, тоа што намерно си ми давала ракија за да не те малтретирам, воопшто нека не те измачува, бидејќи...

Read more

КАДЕ ШТО ИМА ИСКРЕНОСТ, ИМА И... Во тие моменти почна да ме измачува тоа, што Ристе почна многу брзо да постигнува добри резултати во борбата со...

Read more

НАДЕЖ ЗА СПАС ОД АЛКОХОЛОТ! % - Незнам како излегов од ординацијата. Сознанието дека сум уништувала болен човек, целосно ме порази. Толку бедно...

Read more

СПАСОТ Е НА ДОФАТ НА РАКАТА % Но, тогаш Бог одлучи да смеша прсти во нашиот живот. Еден тмурен, пролетен ден, јас заминав во полето да работам,...

Read more

АЛКОХОЛОТ - НЕВИДЛИВ, НО СТРАШЕН... % Во почетокот немаше ништо необично, не гледав ништо лошо во тоа и воопшто не ми сметаше. Но, како времето поминуваше,...

Read more

ИСКУШЕНИЈАТА ДЕМНАТ ОД СИТЕ... Во Клубот на лекувани алкохоличари владееше необична атмосфера. Ништо не укажуваше дека на состанокот ќе се случи...

Read more

  • Prev
  • Next

Twitter Updates...

  •  
african mango ozoderm

ЈАС И КЛУБОТ – КЛУБОТ И ЈАС

Category : КЛА 048-550716, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

Уште од мојата прва посета на Клубот на лекувани алкохоличари “Здрав живот” во Прилеп, мојот немирен дух се судри со размислувањата и односите во новата средина. Чувствата за единство, за слога, за заедништво, за хуманост и другарство, за смирување на духот, за толку потребното чувство за послушност кон моралните закони, во клубот беа многу изразени. Особено беше видлива улогата на нашиот терапевт при разгледувањето на проблемите од животот, што секој алкохоличар ги има во својата борба со алкохолната болест. Секогаш ведар, насмеан, со изразита трпеливост и смиреност, тој, со речник разбирлив за сите, на многу едноставен начин ги објаснуваше прашањата од секојдневниот живот.

Веројатно поттикнат од својата глупост и возгордеаност, од чувството за супериорност, уште на почетокот помислив дека, прво, во Клубот на лекувани алкохоличари (КЛА) нема ништо ново што јас веќе не го знам, нешто што ќе биде корисно во мојот понатамошен живот и, второ, дека прашањата што се разгледуваат на состаноците се премнопгу едноставни, глупави, па дури и детинести прашања за кои не вреди да се вложува посебен труд и внимание. Мислам дека треба да напоменам дека уште во моите први посети, почнав многу критички да ја оценувам работата на клубот, почнав да предлагам некои новини за кои сметав дека, ако се прифатат, се од голема, многу голема важност за клубот, а за себе и за моите проблеми што ги имав со алкохолот воопшто не разговарав, ниту сметав дека има потреба од тоа.

За да ја одбранам својата глупост и возгордеаност, во моите мисли се роди чудна желба што побрзо да најдам одговор на прашањата за животот на алкохоличарот, за доброто и злото, да докажам пред себе си, посебно да им докажам на членовите на клубот, дека тоа навистина се припрости прашања, за какви што јас ги сметав.

И, со сиот жар, со сите свои сили и знаење се обидов да ги одговорам. Но, само што ги допрев, само што пробав да ги решам и да одговорам на нив, во истиот момент се уверив дека, прво, тоа не се детинести и глупави прашања, туку најзначајни и најдлабоки прашања за животот на секој човек, посебно за животот и среќата на алкохоличарот и неговите најблиски и, второ, дека јас не ќе можам, макар колку и да размислувам, да ги решам. Безброј одговори на овие прашања непрекинато поминуваа низ мојата глава, но ниту еден од нив не ми изгледаше дека е токму оној вистинскиот одговор, од кој ќе ја согледам правата вистина за смислата на животот.

%

Post a comment

african mango ozoderm