Posledni Napisi

МУДРОСТИ - ЖЕНИ... МАЖИ - Пријателството на две жени е само завера против трета. Кар - Жената што не е убава, никогаш не била млада. Свечин -...

Read more

ЗАВИСНОСТА ОД АЛКОХОЛОТ Е СЕМЕЕН... Ставовите кон пиењето алкохолни пијалаци се формираат уште во детството и раната младост и тоа по образецот на...

Read more

МУДРОСТИ - ОД СЕ ПО НЕШТО ЗА ЖЕНИТЕ - Секогаш е исто׃ прво некоја жена ја имаш во срцето, потоа во раката, па на колената и на крајот, на вратот. Буш -...

Read more

ВО СЕКОЈ ЧОВЕК СЕ КРИЕ ПОБЕДНИК Од нашиот прекрасен живот во Америка, ќе кажам дека со помош на нашиот роднина, кој ни најде работа, добро се снајдовме...

Read more

АЛКОХОЛОТ Е НЕВИДЛИВ...НО СТРАШЕН... Најмила моја, тоа што намерно си ми давала ракија за да не те малтретирам, воопшто нека не те измачува, бидејќи...

Read more

КАДЕ ШТО ИМА ИСКРЕНОСТ, ИМА И... Во тие моменти почна да ме измачува тоа, што Ристе почна многу брзо да постигнува добри резултати во борбата со...

Read more

НАДЕЖ ЗА СПАС ОД АЛКОХОЛОТ! % - Незнам како излегов од ординацијата. Сознанието дека сум уништувала болен човек, целосно ме порази. Толку бедно...

Read more

СПАСОТ Е НА ДОФАТ НА РАКАТА % Но, тогаш Бог одлучи да смеша прсти во нашиот живот. Еден тмурен, пролетен ден, јас заминав во полето да работам,...

Read more

АЛКОХОЛОТ - НЕВИДЛИВ, НО СТРАШЕН... % Во почетокот немаше ништо необично, не гледав ништо лошо во тоа и воопшто не ми сметаше. Но, како времето поминуваше,...

Read more

ИСКУШЕНИЈАТА ДЕМНАТ ОД СИТЕ... Во Клубот на лекувани алкохоличари владееше необична атмосфера. Ништо не укажуваше дека на состанокот ќе се случи...

Read more

  • Prev
  • Next

Twitter Updates...

  •  
african mango ozoderm

ПОБЛИСКУ ДО ЦЕЛТА

Category : КЛА 048-550716, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

%

- Кога се чувствуваш несреќен, сети се на туѓите несреќи и тогаш ќе сфатиш дека можело да биде уште полошо. Во длабината на срцето прифати ја единствената вистина дека ти си бил виновен пред, а дека виновен си и сега, а тоа е најважно. Запомни дека тоа што ти го нарекуваш несреќа, пратена ти е како твое искушение, за да научиш покорно и стрпливо да ја поднесуваш несреќата и дека благодарение на таа несреќа треба да станеш подобар. Во тоа е и целата твоја животна задача – непрекинато да се бориш со злото и, низ таа тешка борба, да станеш подобар.

Кога искушенијата ќе те опкружат од сите страни и кога непријателите (сите оние кои ќе ти завидуваат на твојата среќа и ќе ти нудат алкохол за да станеш како нив и повторно да се вратиш во алкохолниот пекол) ќе навалат како река, кога ќе почувствуваш немоќ, во тие моменти ќе ја согледаш потребата од силата на спасот, ќе ја согледаш вистинската потреба од Клуб на лекувани алкохоличари и ќе сфатиш дека одиш кон победата единствено тогаш и само тогаш, кога се бориш заедно со своите другари од Клубот на лекувани алкохоличари.

Ако се наоѓаш во тешки ситуации, меѓу луѓе кои не те разбираат, кои не водат сметка за тоа што тебе ти е потребно и пријатно, кои ќе те отфрлат како исцеден лимон откако ќе те искористат, сети се на твоите другари од Клубот на лекувани алкохоличари, сети се на нивната спремност да ти помогнат во секое време и наеднаш ќе почувствуваш голема радост.

- Признав дека страдањата и несреќите на моите најмили се исклучиво моја вина, мој злочин и дека јас сакам искрено да се покајам за тој злочин. Дури ни Бог не може да го измени минатото, направеното да го направи ненаправено, не може на моите најмили да им ја врати првобитната среќа, да им ги врати убавините на животот, што на така подмолен начин им ги уништив. Ќе беше многу лесно ако моите најмили имаа по десетина животи, така што во тој случај воопшто не ќе беше страшно ако некој будала, како мене, им одземе еден од нив.

Бидејќи на моите најмили не можев да им ја вратам среќата, честопати размислував себе си да се унесреќам многу повеќе отколку што беа тие. Но, сфатив дека освен еден будала помалку на земјава, освен радоста на ѓаволот од успехот во уништувањето на човекот, дека друго никој ништо не добиваше од тоа. Ми остана само искрено да се кајам и жалам за сите пропусти, за сите неправди и глупости, да се кајам и жалам многу повеќе отколку што тоа луѓето можат да го знаат, многу повеќе отколку што тоа воопшто можат да го замислат.

% 

Post a comment

african mango ozoderm