- За сите сиромашни држави, карактеристично е тоа што имаат многу празници. Микеш
- Сиромаштијата толку ги понижува луѓето, што прави сирмашните да се срамат од своите доблести. Вовнарг
- На сиромавиот најискрено му помага сиромав. Анте Дукиќ
- Кога сиромав јади пиле, едниот од нив е болен. Еврејска поговорка
- Повикот и плачот на сиромавиот се дига до небото, но не стигнува до човековите уши.
- Сиромаштијата им била мајка на многу големи луѓе. Марден
- Срамот на богатиот и смртта на сиромавиот не се слуша далеку. Ромска поговорка
- Кога сиромавиот ќе кивне, мора самиот да си посака здравје. Мадагаскарска пог.
- Штом сиромавиот ќе почне да се огледува на богатиот – пропаѓа. Публиј Сир
- Патникот со празни џебови ќе пее пред разбојникот, бидејќи не се плаши дека овој што било ќе му укради. Јувенал
- Причина за сиромаштијата кај многумина е чесноста. Латинска поговорка
- Полесно им е да ја поднесат сиромаштијата на оние, кои во неа се родени. Лат. пог.
- Сиромаштијата го тера човекот на многу искушенија. Публиј Сир
- Чесна работа е веселата сиромаштија – да бидеш сиромав, но задоволен. Сенека
- Кога сиромаштијата ќе влезе на врата, љубовта излегува низ прозорец. Романска пог.
- Од сиромаштијата не треба да се срамиме. Има многу повеќе луѓе кои би требало да се срамат од своето богатство. Џорџ Нестрој
- Бидејќи природата те створила како голо дете, не заборавај стрпливо да го носиш товарот на сиромаштијата. Като
- Некој е сиромав заради пороци, а некој заради доблести. Исидора Секулиќ
- Подобро е да бидеш чесно сиромав, отколку неправедно богат. Латинска поговорка
- Подобро е да жиовееш без грижи во сиромаштија, отколку да се растргнуваш заради богатство. Федар
- На сиромавиот му недостига многу, а на скржавиот се. Публиј Сир
- Никој не живее така сиромашно, како што сиромашен се родил. Публиј Сир
- Ништо не е така бедно како човек кој од среќен, станал несреќен. Латинска пог.
- Сиромаштијата под присила е беда, сиромаштијата по волја е богатство. Дервондел
- Сиромашните луѓе би сакале да живеат како милионери, а нас милионерите, лекарите не присилуваат да живееме како сиромаси. Синатра
- Сиромавиот се срами од својата сиромаштија; срамејќи се тој ја губи гордоста; без гордост него го презираат; презрен се оддава на тага; тагата го води во очај; очајот му го поматува разумот – а секој знае дека неразумниот го демне пропаст. Затоа, сиромаштијата е корен на сите зла. Панчатанантра
- Никогаш не е беден оној, на кого му е лесно да умре. Сенека
- Никогаш не е мало тоа што е доволно; а никогаш не е многу тоа што не е доволно. Сенека
- Да нема сиромаси, не би имало кој да работи. Бугарска поговорка
- Во сиромашна куќа и Бог е гладен. Народна поговорка
- На мршавиот бивол ни мувите не слетуваат. Мадагаскарска поговорка
- Кој е така сиромашен да нема никого, во исто време е и толку богат, да не може никого ни да изгуби. Лудвиг Мрзел
- За сите сиромашни држави карактеристично е тоа што имаат многу празници. Микеш
- Заблуда е сфаќањето дека сиромасите и богатите се еднакви пред смртта. Тие се еднакви дури после смртта. Емерсон
- На бедните малку вера им се поклонува. Латинска поговорка
- Сиромаштијата и староста се најголем терет. Цицерон
- Сиромаштијата е несреќа само за оној, кој и се спротивставува. Сенека
- Не е маката во тоа што сум сиромав, туку затоа што тоа на светот му е познато. Шмит
- Вистинска несреќа е да останеш без богатство тогаш, кога веќе еднаш си го вкусил. Сенека
- Ако сиромавиот му завидува на богатиот, тогаш не е ништо подобар од него. Толстој
- Човек лесно се привикнува на најтежок живот, ако сите околу него живеат лошо. Толстој
- Ако сиромаштијата бара друштво, ќе го има доволно. Антониони







