Posledni Napisi

СПАСОТ Е НА ДОФАТ НА РАКАТА % Но, тогаш Бог одлучи да смеша прсти во нашиот живот. Еден тмурен, пролетен ден, јас заминав во полето да работам,...

Read more

АЛКОХОЛОТ - НЕВИДЛИВ, НО СТРАШЕН... % Во почетокот немаше ништо необично, не гледав ништо лошо во тоа и воопшто не ми сметаше. Но, како времето поминуваше,...

Read more

ИСКУШЕНИЈАТА ДЕМНАТ ОД СИТЕ... Во Клубот на лекувани алкохоличари владееше необична атмосфера. Ништо не укажуваше дека на состанокот ќе се случи...

Read more

ОДНЕСУВАЊЕТО НА АЛКОХОЛИЧАРОТ... Закрепнатите луѓе од проблемите со пиењето, зависноста  од алкохол ја дефинираат како мултидимензионална и комплексна...

Read more

AKTIVNOSTI VO KLUBOT Вие, кој што сега посетувате Клуб на лекувани алкохоличари, вероватно сте разбрале дека сте влегле во големото...

Read more

ПИЕЊЕТО АЛКОХОЛ - ПРОБЛЕМ ВО... Вистината за проблемите, предизвикани од пиењето алкохол е многу полесно да се скрие на работното место, отколку...

Read more

КЛУБ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ Клубот на лекувани алкохоличари Ви е како да сте во еден рудник, и во него талкате, симни се најдолу, па кaчувај...

Read more

МУДРОСТИ - ЖЕНИ, ЖЕНИ - Постојат два вида жени׃ расеани – ќе ги изгубат двете ракавици; сталожени – ќе изгубат само една. Бернар - Пристојна...

Read more

МУДРОСТИ - ЖЕНСКИ КАРАКТЕР - Некои жени се како запалена цигара; ако не ја фатиш од вистинската страна, ќе се изгориш. Тухолски - Обично се...

Read more

ДА ПОГЛЕДНЕМЕ ВО ОГЛЕДАЛОТО... Кога ќе се угасни светлоста на твојот духовен живот, темна сенка на твоите телесни желби ќе падне на твојот пат....

Read more

  • Prev
  • Next

Twitter Updates...

  •  
fukosantin epimedium african mango afrika mangosu epilamor ozoderm uzamax altin cilek lavixir ayak kokusu biber hapi super x power penis halkasi maurers

МУДРОСТИ – ПЛАЧ, СОЛЗИ

Category : МУДРОСТИ 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

- Кога ќе ти биде тешко – плачи, но нека твоите солзи не капат на земјата, можат да ја извалкаат.     Алжирска поговорка

- Ако рониш солзи затоа што не ги гледаш ѕвездите, ти ни сонцето нема да го видиш.     Тагоре

- Без причина човек може да се насмее, но не и да заплаче.     Арапска поговорка

- Плачот на наследникот е смеа под маска.    Публиј Сир

- Потполно искрени се само оние солзи, што ги проливаме над самите себе.  Шекспир

- Многу е беден оној среќник, кој никогаш не заплакал.     Алеарди

- Плачот е посладок, отколку што тоа воопшто можеме да си го замислиме.   Петрарка

- Цела ноќ плачеше за умрениот, а утрото праша: кој умрел?     Корејска поговорка

- Ништо побрзо не се исушува од женските солзи.    Џон Вебстер

- Не треба да веруваш во плачот на: старците, децата и жените.     Калдерон

- После сопствената крв, најмногу што човек може да даде е солзата.     Ла Мартин

- Да плачеме со оној што плаче, а со тие што се смеат секогаш не треба да се смееме.    Румунска поговорка

- Најголема моќ на водата е во женските солзи.     Англиска поговорка

- Плачот не е знак на слабост, а кога ќе избие тогаш е слатка слабост, слатка и убава слабост која не го понижува јакиот човек.     И.Тарнети

- Многу е подобро да плачеш од радост, отколку да се радуваш на туѓиот плач.     Шекспир

- И во плачењето има некое задоволство; со солзите болката се смирува и отклонува.     Овидие

- И солзите се корисни: со нив ќе се смекне и тоа што е најтврдо.     Овидие

- Плачењето е дарба на женската природа.     Цицерон

- Солзите понекогаш вредат колку и зборовите.     Овидие

- Лажните солзи укажуваат на измама, а не на плач.     Публиј Сир

КАКО ДА ИМ ПОМОГНЕМЕ НА АЛКОХОЛИЧАРИТЕ

Category : КЛА 048-550716, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

 Нека смиреноста ја победи лутината, нека доброто го совлада злото, нека грабливецот го заситат дарови, нека лажливецот го надмудри вистината – о, нека на омразата преку љубовта и дојде крајот.     Буда

        Како можеме најлесно и најсигурно да им помогнеме на алкохоличарите? Треба сите ние да ја признаеме нашата вина за несреќната состојба на многу луѓе, на кои сме можеле и на кои сеуште можеме да им помогнеме, а потоа сé што порано ни изгледало невозможно, ќе ни изгледа лесно и пријатно. Тогаш нема да се плашиме дека ќе ги извалкаме чевлите или облеката, нема да го жалиме трудот што ќе го вложиме и времето што ќе го изгубиме, нема да се плашиме и нема да бегаме пред навредите кои, во секој момент, можат да стигнат на наша адреса. Треба да бидеме спремни да седнеме на креветот од најзапоставениот алкохоличар и со него најсрдечно да разговараме, тој да почувствува како неговиот соговорник го почитува и сака, да ја почувствува топлината од дружењето со искрен, вистински пријател. Со смирено срце тивко да им речеме: ве почитуваме и сакаме, спремни сме да ви го поклониме целото наше внимание и помош, за полесно да го победите вашиот најголем непријател – алкохолот. Блесокот во нашите очи, насмевката на нашите лица, искреноста на нашите зборови ќе ги отворат нивните срца. И, кога ќе ја прифатиме таа благородна задача, после сите маки и напори, кога и во сонот ќе не измачуваат безбројните, тажни слики од средбите со алкохоличарите и нивните семејства, кога споменот на тажните, насолзени очи од нивните несреќни дечиња ќе ги параат нашите срца, слики и спомени кои барем за момент ќе не растревожат и ќе го нарушат нашиот мир, тогаш ќе ја знаеме разликата помеѓу лажниот напор за човековата слава и оној, вистинскиот напор за исполнување на Божјата заповед: “Сакај го својот ближен како себе си.” Кога сето тоа ќе го правиме тивко, од вистинско човекољубие, без возгордеаност и надуеност, доброволно, без тоа никој од нас да го бара, без притоа да бараме одобрување од кого било, тогаш за нашиот труд нема да ни бидат потребни и нема да очекуваме пофалби и награди, тоа нема да го правиме како голем подвиг, туку како нешто сосема најнормално.

          Значи, за да можеме и да бидеме способни да им помагаме на алкохоличарите, потребно е, пред сé, да дојдеме во непосреден допир со нив, да ги урнеме сите прегради кои не разделуваат од нив. Не велам дека оној, кој сака да им помага на алкохоличарите, дека треба да се откаже од својот начин на живот, но велам дека навистина би било добро, кон секој алкохоличар, да се постапува исклучиво со љубов и добрина, на секој алкохоличар да му го поклониме најскапото нешто што е во нас, нешто што нас ништо не не кошта, бидејќи љубовта и добрината се бесплатни. За да се постигне тоа не се потребни пари. Потребно е големо самопожртвување, потребни се луѓе кои ќе сакаат да прават добро, луѓе кои ќе го дадат потребниот труд, ќе се дадат себе си, ќе бидат спремни за такво добро да го дадат и својот живот. Постоело и секогаш ќе постои тоа дело, едно единствено дело за кое вреди да се даде и животот што човекот го има во себе. Тоа дело се пријателските односи помеѓу луѓето и рушење на оние прегради кои луѓето, најмногу со помош на лукавиот ѓавол и алкохолот, ги подигнале помеѓу себе, за да се мачат себе си и другите. Било што и да излезе од таа борба со алкохолното зло, сé ќе биде подобро отколку што било досега. Дури и сé да се заврши на тоа што само ќе разговараме со алкохоличарите, да бидеме убедени дека ни тоа не е ситница, најмногу поради тоа што ќе се однесуваме човечки кон стотици отфрлени, запоставени луѓе, на кои сега луѓето гледаат со презир и омраза. Кој може да пресмета какви позитивни резултати во општоморална смисла ќе има тоа што, наместо чувство на непријатност, злоба, завист, лошотилок, омраза.. ќе ги мотивираме стопати повеќе чувствата на хуманост, добрина и пријателство, кои ќе се пренесуваат на друг, трет и ќе почнат да ги зафаќаат луѓето како бесконечен бран. Па, нека се сведе само на тоа што многу луѓе ќе сфатат дека несреќата од алкохоличарите не е само нивна несреќа, туку несреќа и срамота за сите – нека се случи и само тоа и… тоа за почеток ќе биде многу добро.

          Но, зошто да не мислиме и да не се надеваме дека ќе може да се направи и многу повеќе? Зошто да не се надеваме дека ќе биде направено или барем ќе почне да се прави тоа што не може да се направи со пари, туку со искрена љубов и многу труд, единствениот начин со кој може вистински да им се помогне на алкохоличарите. Дури и да не успееме да го уништиме алкохолното зло, но ќе помогнеме да се роди, да заживее и да постои свест за него и свест за борба со него – не со полициски, присилни, туку со внатрешни методи, со искрена, братска комуникација помеѓу луѓето кои го осознале и луѓето кои не го гледаат, бидејќи тоа се наоѓа во нив. Колку и да биде направено, ќе биде многу!

          Но, зошто да не се надеваме дека ќе биде направено сé? Зошто да не се надеваме дека повеќе ќе нема ниту еден несреќен човек кој ќе биде отфрлен од луѓето, ниту еден несреќник, кого можеби го прегазила судбината или неговата глупост и незнаење, го довеле во одредена непријатна и тешка состојба него – уште повеќе неговото семејство, кој можеби и не знае дека и за него постои братска помош, можеби не знае дека постои силата на спасот, дека постојат Клубови на лекувани алкохоличари.

          Зошто да не се надеваме дека еден ден сепак ќе сфатиме дека за нас нема никакви обврски, дури ни лични, најинтимни, ни семејни, ни општествени, ни државни, ни научни, кои би биле поважни од борбата со алкохолот, поважни од среќата на секој човек? Зошто да не веруваме дека луѓето еден ден ќе се освестат и дека ќе сфатат дека сé друго е соблазност и лага и дека единствено само тоа е вредно дело, достојно дело на животот? И, зошто тој “еден ден” да не биде сега, денес или утре, зошто тоа да не биде во нашава мила Македонија? Зошто да не се надеваме дека со заболениот алкохоличар нема да се случи тоа што се случува со заболениот организам, кога одненадеж ќе настапи моментот на оздравување? Организмот е болен; тоа значи дека келиите престануваат да си ја вршат својата таинствена работа; едни умираат, други се раѓаат, трети остануваат рамнодушни, работат само за себе. Но, доаѓа моментот кога секоја келија почнува со својата животворна работа: таа ги истерува мртвите, со жива ограда ги заградува заразените, внесува живот на премалената келија и телото воскреснува и живее со полн живот.

          Дали не е помудро и поедноставно да се помогне за да се спречи повторувањето на страдањата што алкохоличарите ги имаат? Секако дека е помудро и поедноставно да им се помогне да го изберат разумот, а не јунаштвото, да се убедат дека не треба да изигруваат херои кои опивајќи се ќе го уништат алкохолот, дека е подобро да ја изберат моменталната болка при разделбата со својот господар – алкохолот, од неискажливите, пеколни, бескрајни страдања. Секогаш кога размислувам за болката на алкохоличарите, на тие несреќни луѓе, ми е многу тешко. Во тие моменти чувствувам голем срам во душата, толку голем срам што мојата рака трепери и не е способна да ги запише нивните маки и страдања. Порано не можев да видам зошто е така, но денес добро знам: во нив како во огледало се гледам самиот себе, го гледам својот живот. Кога подобро ќе размислам за својот и нивниот живот, гледам дека помеѓу нас нема некои битни разлики. Чудно и страшно е што вака несреќни луѓе постојат, уште почудно и пострашно е што постојат паралелно со нашата преголема самобендисаност, возгордеаност, со нашата заблуда и наивното верување што речиси сите луѓе го имаат, дека такво нешто нам не може да ни се случи, со нашиот егоизам кој се издигнал до крајни граници, страшно е што воопшто можеме да жевееме, знаејќи дека сето тоа постои. Тоа не треба и не смее да биде, затоа што на сето тоа треба да им се противат нашето срце и нашиот разум, тоа не смее и не може да биде ако сме разумни, живи луѓе. Гласот на совеста секогаш треба да не опоменува дека не смееме да бидеме безобзирни кон така несреќни луѓе, да не опоменува дека секоја несреќа што може да му се случи на било кој човек, може да ни се случи и нам.

          Патот за излез од алкиохолниот пекол е пронајден. Сите оние кои имаат било каков проблем со алкохолот, треба само да покажат храброст и волја и да ги порачаат книгите “Како да се победи Кралот алкохол” и “Исповед на еден алкохоличар” и ќе го пронајдат спасот за себе, уште повеќе за своите најмили.

МУДРОСТИ – БОЛЕСТ

Category : МУДРОСТИ 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

- Позади радоста и смеата може да се крие груб, лош и неосетлив човек, но позади болката секогаш стои само болка.     Вилд

- Човекот во несреќата поднесува само една болка – болката на другите.     Лериш

- Да сакаш да го избегнеш неизбежното, значи да ја зголемиш својата болка.      Чуан Це

- Кој пелин пиел, не знае што е сладост.

Кој никогаш не бил тажен, не знае што е радост.               Ј.Ј.Змај

- И невините болката ги тера да лажат.       Публиј Сир

- Ако те снајде каква било болка, застани мирно и прашај ја што сака од тебе.    Гибел

- Turpe spectaculum habet animus aeger. – Болната душа дава жалосна слика.     Сенека

- “Dolor est medicina doloris” – Болката е лек за болката.     Като

- Воздишката болката ја оддава, но не не ослободува од неа.     Публиј Сир

- Лошо се грижи за себе болниот, кој својот лекар го одредува за наследник.     П.Сир

- Во болеста, на лекарот му се ветува небески свод.     Латинска поговорка

- Една шугава овца, може да го зарази целото стадо.     Латинска поговорка

- Во телесната болка најмачно е тоа што е нетелесно, односно нашата нетрпеливост и нашето предубедување дека болката вечно ќе трае.     Жан Пол

- Колку малку фантазија имаме за болката што им ја нанесуваме на другите.     Ниче

- Само сродната болка ќе ни измами солза, а секако, секој плаче заради себе.     Хајне

- Луѓето што трпат болка, мислат дека никогаш доволно не сочувствуваме во нивната болка.     Алфред де Мисе

- Ние сме створени за болка. Солзите за срцето се тоа што е водата за рибите.   Флобер

- Болеста, како и љубовта, доаѓаат и си одат кога што сакаат.     Јасмина Пулјо

- Болеста е судбина на сиромасите, но и казна за богатите.     Иво Андриќ

- Болката што отклонува друга болка е како лек.     Публиј Сир

- Каде што боли, таму е и прстот.     Латинска поговорка

- Човечката душа самата се навредува ако дозволи да ја совладаат насладата или болеста.     Марко Аурелие

- Болката го поттикнува човекот да мисли; размислувањето го прави човекот помудар; мудроста го прави животот поднослив.     Патрик

- Од нова болка старата болка ќе помини.      Шекспир

- Изрази ја својата болка со зборови! Болката која не говори го загушува срцето додека не пукне.     Шекспир

- Големите болки бараат големи души. Само големите души трпат големи болки.     Божидар Кнежевиќ

- Расположен човек и со добра волја, болеста го одбегнува.     Лао Це

- Болеста не доаѓа наеднаш, како од ведро небо, туку тоа е последица на долга низа мали, незабележливи грешки против здравјето, кои се надоврзуваат една на друга и растат како грутка снег што се тркала, додека еден ден не падне на главата од грешникот.     Хипократ

- Болниот човек знае многу работи, за кои здравиот и не сонува.     Арне Гарборг

- Од стотина болести, педест се настанати по наша грешка, другите од незнаење.      Паоло Мантегаца

- Болката има своја снага која не поправа, таа не прави подобри, помолосрдни, таа не осветува и не уверува дека нашиот живот е должност, а не забава.     Чезаре Канти

- Болката за изгубените работи многу е поголема, отколку што тие навистина вредат.     Настасиевиќ                                                               

fukosantin epimedium african mango afrika mangosu epilamor ozoderm uzamax altin cilek lavixir ayak kokusu biber hapi super x power penis halkasi maurers