Posledni Napisi

СПАСОТ Е НА ДОФАТ НА РАКАТА % Но, тогаш Бог одлучи да смеша прсти во нашиот живот. Еден тмурен, пролетен ден, јас заминав во полето да работам,...

Read more

АЛКОХОЛОТ - НЕВИДЛИВ, НО СТРАШЕН... % Во почетокот немаше ништо необично, не гледав ништо лошо во тоа и воопшто не ми сметаше. Но, како времето поминуваше,...

Read more

ИСКУШЕНИЈАТА ДЕМНАТ ОД СИТЕ... Во Клубот на лекувани алкохоличари владееше необична атмосфера. Ништо не укажуваше дека на состанокот ќе се случи...

Read more

ОДНЕСУВАЊЕТО НА АЛКОХОЛИЧАРОТ... Закрепнатите луѓе од проблемите со пиењето, зависноста  од алкохол ја дефинираат како мултидимензионална и комплексна...

Read more

AKTIVNOSTI VO KLUBOT Вие, кој што сега посетувате Клуб на лекувани алкохоличари, вероватно сте разбрале дека сте влегле во големото...

Read more

ПИЕЊЕТО АЛКОХОЛ - ПРОБЛЕМ ВО... Вистината за проблемите, предизвикани од пиењето алкохол е многу полесно да се скрие на работното место, отколку...

Read more

КЛУБ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ Клубот на лекувани алкохоличари Ви е како да сте во еден рудник, и во него талкате, симни се најдолу, па кaчувај...

Read more

МУДРОСТИ - ЖЕНИ, ЖЕНИ - Постојат два вида жени׃ расеани – ќе ги изгубат двете ракавици; сталожени – ќе изгубат само една. Бернар - Пристојна...

Read more

МУДРОСТИ - ЖЕНСКИ КАРАКТЕР - Некои жени се како запалена цигара; ако не ја фатиш од вистинската страна, ќе се изгориш. Тухолски - Обично се...

Read more

ДА ПОГЛЕДНЕМЕ ВО ОГЛЕДАЛОТО... Кога ќе се угасни светлоста на твојот духовен живот, темна сенка на твоите телесни желби ќе падне на твојот пат....

Read more

  • Prev
  • Next

Twitter Updates...

  •  
fukosantin epimedium african mango afrika mangosu epilamor ozoderm uzamax altin cilek lavixir ayak kokusu biber hapi super x power penis halkasi maurers

АЛКОХОЛОТ – НАЈГОЛЕМАТА ПРИЧИНА ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО

Category : КЛА 048-550716, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772, УЛОГАТА НА ДРЖАВАТА

0

Потврда дека сум на вистинскиот пат во борбата со алкохолното зло и дека моите размислувања и ставови се исправни, е акцијата за сузбивање на семејното насилство, на кое порано се жалеа само понекои и само понекогаш, а денес тоа стана општа појава. По примерот на многу цивилизирани држави, борбата против семејното насилство, конечно започна и во нашава мила Македонија. Со внимание ги следам случувањата на оваа тема и, колку што можам да забележам, од страна на надлежните институции оваа акција досега се води погрешно, или во најмала рака, недостасува вистинска стратегија. Имено, сите институции што се вклучени во оваа акција целосно се занимаваат само со последиците од алкохолното зло, без притоа воопшто или многу малку да ги допрат причините, од кои произлегува насилството.

Гле, ухватили птицу певачицу,

муче је, стежу – ох тешко њој.

Јадница пишти, цвркут јој стао,

                            а они вичу: “Пој, птицо, пој”.          Державин

          Пред извесно време Клубот на лекувани алкохоличари “Здрав живот” од Прилеп го посети директорот за социјални работи. Бев пријатно изненаден од неговата намера да го вклучи клубот во борбата против семејното насилство, бидејќи, како што рече, само во неколку месеци од таа година, во оваа установа има пријавено дваесетина случаи на семејно насилство и, за жал, во сите случаи, главен виновник е алкохолот. Се договори со нашиот терапевт да поработат на еден случај и за следниот состанок клубот, наместо алкохоличарот, го посети неговата сопруга, со најмалото од трите деца. На прв поглед се доби впечаток дека жената е збунета, но таа брзо се созеде и храбро ја раскажа својата тажна приказна: како нејзиниот сопруг секој ден безмилосно ја малтретира, нарекувајќи ја пред децата со најпогрдни зборови, дека е курва и недомаќинка и, се разбира, дека постојано ја тепа. “Крајно е љубоморен и неразумен” и, како што рече “ништо не работи и никого не сака да го послуша за да го подобри своето однесување. Незнам дали повеќе ќе можам да издржам. Жал ми е за трите прекрасни дечиња, да не беа тие одамна ќе го оставев” – заврши таа.

          Просторијата ја исполни чудна тишина. Оваа храбра жена не кажа ништо ново, што ние веќе не го знаевме, но нејзините искрени зборови кои ја пренесуваа молбата за помош, не погодија сите. Сигурен сум дека во тој момент секој од нас во мислите ги виде солзите на своите најмили. Жената бараше помош, а ние во тој момент се чувствувавме немоќно. Можевме да помогнеме да ги ублажиме последиците од алкохолното зло, но чинителот на злото во тој момент веројатно безгрижно седеше во некоја кафеана, далеку од нашите погледи.

          Размислував што да кажам, како да ја охрабрам, да и дадам надеж дека сепак постои начин да се помогне. Како од сон ме штрекнаа зборовите на детето. Тоа невино, четиринаесет годишно детенце, уште на почетокот не можеше да ги задржи солзите. Повтори дел од приказната на својата мајка, но на крајот не запрепасти сите кога кажа тешки зборови, несвојствени за дете на негова возраст. Усните му трепереа и со плачлив глас силно викна, како да се надева дека ќе го слушне и неговиот татко алкохоличар: “Или вие преземете нешто состојбата да се подобри, или ние, трите братчиња ќе преземеме, вака повеќе не може да се живее.”

          Бевме целосно поразени. Го советувавме детето дека тоа е најгрешниот начин за решавање на нивните проблеми, но знаевме дека со нашите совети многу не му помогнавме на несреќното семејство. Сепак, се надевам дека ако еден ден таткото алкохоличар ги прочита овие редови, дека неговата совест ќе се разбуди и дека ќе го побара патот што води кон излезот од пеколниот алкохолен лавиринт, ќе го посети Клубот на лекувани алкохоличари каде ќе најде спас за себе, уште повеќе за неговите најмили.

          Исто така, се надевам дека од примерот што го наведов, институциите на власта ќе можат да заклучат дека најлесно ќе помогнат ако се позанимаваат, пред сé со причините кои довеле до насилството, се разбира, без притоа да се казнува чинителот на злото. Убеден сум дека на секој човек со правилен пристап, со упатување на вистинското место, а тоа се Клубовите на лекувани алкохоличари, најлесно може да се помогне.

          Методите за борба со алкохолното зло, многу убаво се опишани во романот “Како да се победи Кралот Алкохол.” Прочитајте ја оваа книга и ќе научите како најлесно да се справите со злото.

МУДРОСТИ – БОРБА

Category : МУДРОСТИ 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

- Подобро е да се бориш и битката да ја загубиш, отколку никогаш да не се бориш.    Хегел

- Кога сите други средства ќе останат без плод, праведно е да се потегне мечот.     Гуру Нанак

- “Cum omnibus pacem, adversus vitia bellum” – Со сите мир, а војна против неправдата.     Латинска поговорка

- “Si cupias pacem, linguam compesce loguacem!” – Ако сакаш мир, скроти го брбливиот јазик.     Латинска поговорка

- “Viktoria pax, non pactione, parienda est.” – Мирот треба да се создаде со победа, а не со договор.     Латинска поговорка

- Се бориме да постигнеме мир, а кога ќе го постигнеме ни станува неподнослив.     Адамс

- Борбата е татко на сé и над сите господар: едни ги прави богови, а други робови; едни поробува, а други ослободува.     Хераклит

- Колку би останале слаби, животот да не ни подарел непријател.     Кукел

- Еднаквоста со непријателите е прв услов за праведен двобој. Јас ги напаѓам само оние што се победливи.     Ниче

- Човекот настојува да се множи со поголема брзина од што се неговите можности за опстанок и затоа е натеран на остра борба за опстанок.

Дарвин

- Таму каде што нема никаква борба, не може да има ни слобода.

Б.Бјорнсон

- Природата ја створила борбата, омразата ја пронашол човекот.  К.Чапек

- Где се луд смудрим бије, ту једнака борба није. Ивана Брлиќ Мажураниќ

- Сите мечови на светот би требало во метли да се преработат и да се изметат сите злочинци од север и од југ. Потоа од метлите да се направат плугови и да се преора целата земја.     Корејска поговорка

- Војна на сите против сите – тоа е човековиот живот.     Хобс

- Војната ги бара советите од старите и снагата на младите луѓе.   Лат.пог.

- Царството создадено со оружје, мора со оружје и да се одржува.

Монтескје

- Не плети пајакот мрежа, само заради една мува.     Народна поговорка

- Никогаш немало добра војна или лош мир.     Франклин

- Правдата не може да се добие ни со плач, ни со молитва, туку со борба.

С.Радиќ

- Мене не ми треба помош. Што потешко, тоа подобро. Најдобро работам кога се борам.     Тесла

- Војните најмногу ги мразат мајките.     Хорацие

- Во војната не смее двапати да се погреши.     Латинска поговорка

- Долго мораш да се припремаш за војна, за побрзо да победиш.     П. Сир

- Војната е пријатна само за оние што не ја искусиле.   Еразмо Десидериус

- Во војната, законите не важат.     Цицерон

- Пријатна е дамката од непријателската крв.     Публиј Сир

- Војникот, ако сака слава, сака војна.     Сенека

- Секој заљубен војува.     Овидие

- Целиот човеков живот на земјата е борба.     Латинска поговорка

- И пред Елена (повод за Тројанската војна), жената била најодвратната причина за војна.     Латинска поговорка

- Ништо не е поодвратно, отколку да водиш војна со оној, со кој пријателски си живеел.     Цицерон

- Никаде крајот не ветува помалку, отколку во војната.      Латинска пог.

- Богатите во војната ги пратија своите волови, а сиромасите своите синови.     Туцовиќ

ПОРАКА ДО МЛАДИТЕ ЛУЃЕ

Category : КЛА 048-550716, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

Истражувај го возвишеното, тежнеј кон возвишеното и ќе го достигнеш возвишеното.    Конфучие

Застани! Издигни се низ своето вистинско Јас - скроти се себе си низ своето вистинско Јас. Секогаш заштитен со своето вистинско Јас, ќе живееш во најголема радост, бидејќи твоето вистинско Јас е твој господар, бидејќи твоето вистинско Јас е твоето прибежиште.     Дамапада

          Почитувани млади луѓе, внимавајте со алкохолот, бидејќи со самата помисла на алкохолот ќе напукне оклопот што ги штити вашите доблести и низ тој отвор ќе протече танок млаз на страста кон пиењето алкохол и опивањето и ќе ја загубите неговата заштита во моментите, кога благодадта од неговата заштита ќе ви биде најпотребна.

          Сите млади луѓе денес се наоѓаат во многу голема опасност. Таа опасност доаѓа оттаму што во тие години, кога се создаваат навиките, кои засекогаш ќе останат во нивниот карактер, младите луѓе живеат без никакви правила и не гледаат ништо друго, освен задоволување на страстите кои од сите страни ги привлекуваат и за кои вложуваат огромна енергија за да ги задоволат. Положбата на младите луѓе е многу опасна бидејќи, ако човекот ги постави страстите како идеал, како единствена цел во животот, како што ги поставуваат младите, кога со текот на времето страста кон алкохолот ќе стане особено силна, тогаш без исклучок и по многу познатиот и неоспорен закон, ќе дојдат дотаму што, за да го почувствуваат очекуваното задоволство, кое навикнале да го почувствуваат, ќе мораат непрекинато да ја зголемуваат дозата со алкохолот, бидејќи кога еднаш страста кон алкохолот ќе биде задоволена, вториот и третиот пат нема да го пружа тоа уживање што навикнале да го почувствуваат и ќе треба многу повеќе да се испие алкохол, за да се дојде до саканиот ефект. (Постои закон по кој е познато дека уживањето се зголемува со аритметичка прогресија, додека средствата со кои се поттикнува тоа уживање – алкохолот, мораат да се зголемат на квадрат). Тоа е така едноставен пат што по него, со ретки исклучоци, одат речиси сите млади луѓе и, ако навреме не се спречат, тогаш во иднината влегуваат помалку или повеќе осакатени или сосема пропаѓаат, како што тоа секојдневно го гледаме. Единствен начин да се спасите од таа положба е да застанете, да погледнете околу вас и да пронајдете вистински идеали, односно што сакате да бидете во животот и да ја вложите целата енергија за да го достигнете тоа што го сакате.

          Денес често може да се слушне како младиот човек говори: не сакам да живеам по туѓата памет, сам ќе смислам и ќе го трасирам патот кон мојот живот. Што има да го измислувате веќе измисленото, да измислувате топла вода?

          За жал, поголем број од младите луѓе, особено оние кои веќе тргнале кон алкохолниот пекол, се однесуваат така, како да одат наназад кон провалија. Тие знаат дека позади нив се наоѓа провалија во која секој момент можат да паднат, но воопшто не обраќаат внимание на неа, туку се забавуваат само со тоа што го гледаат пред нив, уживаат во ѓаволските сласти, воопшто не размислувајќи дека тоа ги води во пропаст. И никакви укажувања не можат да ги разбудат за да ја согледаат вистината, едноставно, се однесуваат како хипнотизирани, убедени во својата безгрешност, верувајќи само во теоријата која не поднесува критика.

          Почитувани млади луѓе, во романот “Како да се победи Кралот Алкохол.” волшебното стапче ви е дадено – прифатете ги советите за градењето на вистинската смисла на вашиот живот и ќе научите како со него да се користите. Земете го веќе измисленото и весело чекорете кон среќен и плоден живот.

МУДРОСТИ – СĖ ЗА ЗДРАВЈЕТО

Category : МУДРОСТИ 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

- Помеѓу слободата и здравјето сличноста е во тоа, што нивната вредност ја осознаваме, дури откако ќе ги изгубиме.     Бекон

- Пред да удриш, запрашај се: колкава болка стои позади твојата тупаница?    Сартр

- Една половина од животот човекот го поминува губејќи го здравјето, а другата половина трудејќи се да го врати.     Леонардо Да Винчи

- Посреќен е најпростиот дух во здраво тело, од најмудриот во болно. Цицерон

- Најголема од сите лудости е да се жртвува своето здравје, макар за што било: заради стекнување на богатство, заради напредување во службата, заради ученост, заради слава, а за попатните сласти и краткотрајните задоволства и да не зборуваме – спротивно, на здравјето треба сé да му се подреди.     Шопенхауер

- “Mens sana in corpore sano”… е глупава изрека. Здравото тело е производ на здравиот дух.     Бернард Шо

- Најдобрите лекари на светот се: Доктор Диета, Доктор Мир и Доктор Радост.      Сфифт

- Само лекарите можат да убиваат без страв и грижа на совеста, не потегајќи меч на друг, освен рецептот.     Сервантес

- Човекот го носи лекарот во себе, само треба да му помогне во работата. Ако телото не е прочистено, тогаш колку повеќе го храниш, толку повеќе му штетиш. Кога болниот се храни премногу обилно, тој ја храни и болеста.     Хипократ

- Лекарите имаат голема предност; кога ќе направат грешка, тие едноставно ја закопуваат.     Ренар

- Ако лекарот не може да направи добро, нека внимава да не направи зло.     Хипократ

- “Medice cura te ipsum” – Лекару, излечи се сам.     Латинска поговорка

- “Medicus curat, natura sanat” – Лекарот лечи, природата излекува.   Лат.

- Со лекарствата не може да се победи судбината.    Латинска поговорка

- Ништо не фали додека лекарот е присутен.     Латинска поговорка

- Застани му на патот на злото уште на почетокот; лекот касно се набавува кога злото, заради одолговлекување, зајакнало.     Овидие

- Лагата им е дозволена единствено на лекарите.     Латинска поговорка

- Времето е првиот и најдобриот лек.     Латинска поговорка

- Паметниот лекар секогаш го мршти челото. Ако случајот тргне на лошо, тој со тоа ќе потсети на виша сила, а ако добро се заврши, ќе потсети на својата скромна вештина.     Сигмунд Граф

- Добриот лекар секогаш спасува – ако не од болеста, тогаш барем од лошите лекови.     Жан Пол

- Лекарите го оставаат човекот да умре, а шарлатаните го убиваат.         Ла Бриер

- Колкју повеќе адвокати, толку подолга парница; колку повеќе лекари, толку пократок живот.     Морис Готлеб Сафир

- Кога Бог ја прогласи лагата за грев, одма одреди дека тоа не се однесува на лекарите. Научете добро да лажете, за да можете подобро да тешите.     Андре Субиран

- Го чува животот тој што го чува здравјето.     Латинска поговорка

- Додека сме здрави сите, многу лесно, им даваме на болните добри совети.    Терент

- Да сакаш да оздравиш е дел од здравјето.     Сенека

ПОСЛЕДИЦИ ОД АЛКОХОЛИЗМОТ

Category : КЛА 048-550716, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

Нема убави зборови што можат да го заменат примениот ќотек.     Антун Радиќ

Ако човек се напие малку – добар е како овца. Ако се напие малку повеќе – станува храбар како лав. Ако ја премине мерата – агресивен е како тигар. А ако пиењето му стане страст – личи на свиња која се брбешка во калта.     Еврејска пог.

          Алкохолизмот е болест широко распространета во светот и кај нас. Тоа е зависност која ја уништува секоја клетка во човековиот организам, а најмногу и меѓу првите ги уништува мозочните клетки. Заради тоа многу брзо се појавуваат промени во личноста и карактерот, изменето однесување, несогласување со околината, а особено со членовите на семејството кои најмногу ги чувствуваат последиците од алкохолот. Како секојдневен сведок на многу семејни тргедии, сакам да нагласам дека лекувањето од алкохолната болест е многу сложен и долготраен процес – зависи од самиот зависник, но и од подршката која во текот на лекувањето, алкохоличарот, кој се одлучил да апстинира, ја добива од своето семејство. Затоа, кога еден алкохоличар ќе одлучи да се лекува, се лекува и целото семејство, бидејќи основно во лекувањето не е само алкохоличарот да престане со пиењето, туку уште поважно е да ја одржи апстиненцијата. Потребно е апстинентот во целост да го смени начинот на живеење и однесување, но исто така и членовите на неговото семејство треба да се пренаучат како да живеат со секојдневните радости и проблеми – трезвено, без алкохол. Ова е сложен и долготраен процес, кој не може да се одвива само во рамките на здравствените установи. Единствени места каде е возможен овој процес се Клубовите на лекувани алкохоличари.

          Кога човек ќе почне да се занимава со поправањето на самиот себе, ќе ги согледа сите свои недостатоци и штом ќе ги осознае, должен е и да ги поправи. Поправањето на самиот себе е најдобриот начин за воспитување на своите и туѓите деца, како и на возрасните луѓе. А што правиме ние? Велат, не е добро без вино и ракија кога купуваш, продаваш, договараш, пред се на празници, крштевки, свадби, погреби… Може да се каже дека при секое продавање, купување, за условите треба добро да се размисли, а не да се очекува човекот да се напие. Но, тоа сеуште е најмало зло. Да кажеме, ќе дојде празник. Празник значи прекинување, одмор од секојдневните активности. Човекот има можност за се состане со семејството, роднините, пријателите, да поразговара, да се развесели. И, што е најважно, може да размисли за своето однесување, за мирот во душата. Но, наместо разговор, веселба со пријателите и роднините, луѓето се опиваат со вино и ракија и наместо да размислат за мирот во душата – пцујат, честопати кавги, се тепаат помеѓу себе. Или крштевањето! Се родил човекот, треба да се размисли како убаво да се воспита. А за убаво да се воспита, треба човекот самиот да се поправи, да се одвикне од лошото и да се научи на добро, додека наместо тоа – вино и ракија, пијанчење… Исто е, дури полошо на свадбите. Се согласиле млади луѓе да живеат во слога, љубов и мир, да одгледуваат и воспитуваат деца. Би требало да им се покаже пример за добар живот. Наместо тоа – повторно вино и ракија. Најглупаво е на погребите. Заминал човекот од каде што е дојден, од Бога кон Бога. Може да се каже дека треба да се размисли за душата, ако не веднаш, тогаш на враќање од гробишта, каде е закопано телото на таткото, мајката, братот кој заминал таму каде сите ние одиме и што никого нема да го заобиколи. И што наместо тоа? Вино и ракија и сé што произлегува од нив. А ние велиме – не е добро човек да не се напие, така од стари останало. Но, старите не сфатиле дека тоа е лошо. Но, ние сфаќаме. А кога сфаќаме, тогаш треба да прекинеме со алкохолот и глупостите што одат со него. Ако човек прекине со алкохолот една година – две, нека се заврти и ќе види дека, прво, за една година останале доста пари во куќата, второ, многу глупави и лоши зборови, а исто така и лоши дела останале неизречени и ненаправени, трето, во семејството ќе има повеќе слога, љубов и мир, четврто и најважно, во душата на човекот ќе му биде многу подобро, ќе ја почувствува радоста на вистинскиот, корисен човечки живот – корисен за себе, уште повеќе за неговите најмили.

Моите книги “Исповед на еден алкохоличар” и “Како да се победи Кралот алкохол” им ги препорачувам на сите луѓе, кои во своето место на живеење имаат Клуб на лекувани алкохоличари, но и на оние кои немаат, бидејќи во нив ќе го пронајдат патот за излез од алкохолниот пекол, ќе ги научат методите за полесно да се спасат од оваа опака болест.

МУДРОСТИ – ЗДРАВЈЕ, ЛЕКАР

Category : МУДРОСТИ 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

- Здравиот човек има стотина желби, а болниот само една – да биде здрав.     Нар.пог.

- Здравјето во толкава мера ги надминува своите надворешни благодети, така да здравиот просјак е посреќен од болниот крал.     Шопенхауер

- Не ги делам луѓето на здрави и болни, туку на добри и зли човекови суштества.     Др.Савиќ

- Лекарите непрекинато се трудат да ни го сочуваат здравјето, а куварите да ни го упропастат. Овие вторите како да се повешти во својата работа.     Дидро

- Здравиот сиромав е посреќен од болниот крал.     Латинска поговорка

- Здравјето на телото и умот е голем благослов – ако можеме да го поднесеме.     Нуман

- Ако сакаш да оздравиш не знам од какви болести, земи не знам какви тревки, стави ги не знам каде, па ќе се излечиш не знам кога.     Латинска поговорка

- Во животот постојат две големи богатства: здраво тело и здрав разум.     Менандар

- Чудотворно средство во болеста – тоа е убавиот збор.     Де Кроф

- Треба да се молиш здравиот дух да биде во здраво тело.    Јувенал

- Како што многу луѓе се сметаат за болни, а тоа не се, така и спротивно – многумина се сметаат за здрави, а тоа не се.     Георг Лихтенберг

- Медицината толку напреднала што практично повеќе ниеден човек не е целосно здрав.      Хиксли

- Желбата за дравје е најмоќна медицина.     Де Кроф

fukosantin epimedium african mango afrika mangosu epilamor ozoderm uzamax altin cilek lavixir ayak kokusu biber hapi super x power penis halkasi maurers