- Помеѓу слободата и здравјето сличноста е во тоа, што нивната вредност ја осознаваме, дури откако ќе ги изгубиме. Бекон
- Пред да удриш, запрашај се: колкава болка стои позади твојата тупаница? Сартр
- Една половина од животот човекот го поминува губејќи го здравјето, а другата половина трудејќи се да го врати. Леонардо Да Винчи
- Посреќен е најпростиот дух во здраво тело, од најмудриот во болно. Цицерон
- Најголема од сите лудости е да се жртвува своето здравје, макар за што било: заради стекнување на богатство, заради напредување во службата, заради ученост, заради слава, а за попатните сласти и краткотрајните задоволства и да не зборуваме – спротивно, на здравјето треба сé да му се подреди. Шопенхауер
- “Mens sana in corpore sano”… е глупава изрека. Здравото тело е производ на здравиот дух. Бернард Шо
- Најдобрите лекари на светот се: Доктор Диета, Доктор Мир и Доктор Радост. Сфифт
- Само лекарите можат да убиваат без страв и грижа на совеста, не потегајќи меч на друг, освен рецептот. Сервантес
- Човекот го носи лекарот во себе, само треба да му помогне во работата. Ако телото не е прочистено, тогаш колку повеќе го храниш, толку повеќе му штетиш. Кога болниот се храни премногу обилно, тој ја храни и болеста. Хипократ
- Лекарите имаат голема предност; кога ќе направат грешка, тие едноставно ја закопуваат. Ренар
- Ако лекарот не може да направи добро, нека внимава да не направи зло. Хипократ
- “Medice cura te ipsum” – Лекару, излечи се сам. Латинска поговорка
- “Medicus curat, natura sanat” – Лекарот лечи, природата излекува. Лат.
- Со лекарствата не може да се победи судбината. Латинска поговорка
- Ништо не фали додека лекарот е присутен. Латинска поговорка
- Застани му на патот на злото уште на почетокот; лекот касно се набавува кога злото, заради одолговлекување, зајакнало. Овидие
- Лагата им е дозволена единствено на лекарите. Латинска поговорка
- Времето е првиот и најдобриот лек. Латинска поговорка
- Паметниот лекар секогаш го мршти челото. Ако случајот тргне на лошо, тој со тоа ќе потсети на “виша сила”, а ако добро се заврши, ќе потсети на својата скромна вештина. Сигмунд Граф
- Добриот лекар секогаш спасува – ако не од болеста, тогаш барем од лошите лекови. Жан Пол
- Лекарите го оставаат човекот да умре, а шарлатаните го убиваат. Ла Бриер
- Колкју повеќе адвокати, толку подолга парница; колку повеќе лекари, толку пократок живот. Морис Готлеб Сафир
- Кога Бог ја прогласи лагата за грев, одма одреди дека тоа не се однесува на лекарите. Научете добро да лажете, за да можете подобро да тешите. Андре Субиран
- Го чува животот тој што го чува здравјето. Латинска поговорка
- Додека сме здрави сите, многу лесно, им даваме на болните добри совети. Терент
- Да сакаш да оздравиш е дел од здравјето. Сенека







