- Подобро е да се бориш и битката да ја загубиш, отколку никогаш да не се бориш. Хегел
- Кога сите други средства ќе останат без плод, праведно е да се потегне мечот. Гуру Нанак
- “Cum omnibus pacem, adversus vitia bellum” – Со сите мир, а војна против неправдата. Латинска поговорка
- “Si cupias pacem, linguam compesce loguacem!” – Ако сакаш мир, скроти го брбливиот јазик. Латинска поговорка
- “Viktoria pax, non pactione, parienda est.” – Мирот треба да се создаде со победа, а не со договор. Латинска поговорка
- Се бориме да постигнеме мир, а кога ќе го постигнеме ни станува неподнослив. Адамс
- Борбата е татко на сé и над сите господар: едни ги прави богови, а други робови; едни поробува, а други ослободува. Хераклит
- Колку би останале слаби, животот да не ни подарел непријател. Кукел
- Еднаквоста со непријателите е прв услов за праведен двобој. Јас ги напаѓам само оние што се победливи. Ниче
- Човекот настојува да се множи со поголема брзина од што се неговите можности за опстанок и затоа е натеран на остра борба за опстанок.
Дарвин
- Таму каде што нема никаква борба, не може да има ни слобода.
Б.Бјорнсон
- Природата ја створила борбата, омразата ја пронашол човекот. К.Чапек
- Где се луд смудрим бије, ту једнака борба није. Ивана Брлиќ Мажураниќ
- Сите мечови на светот би требало во метли да се преработат и да се изметат сите злочинци од север и од југ. Потоа од метлите да се направат плугови и да се преора целата земја. Корејска поговорка
- Војна на сите против сите – тоа е човековиот живот. Хобс
- Војната ги бара советите од старите и снагата на младите луѓе. Лат.пог.
- Царството создадено со оружје, мора со оружје и да се одржува.
Монтескје
- Не плети пајакот мрежа, само заради една мува. Народна поговорка
- Никогаш немало добра војна или лош мир. Франклин
- Правдата не може да се добие ни со плач, ни со молитва, туку со борба.
С.Радиќ
- Мене не ми треба помош. Што потешко, тоа подобро. Најдобро работам кога се борам. Тесла
- Војните најмногу ги мразат мајките. Хорацие
- Во војната не смее двапати да се погреши. Латинска поговорка
- Долго мораш да се припремаш за војна, за побрзо да победиш. П. Сир
- Војната е пријатна само за оние што не ја искусиле. Еразмо Десидериус
- Во војната, законите не важат. Цицерон
- Пријатна е дамката од непријателската крв. Публиј Сир
- Војникот, ако сака слава, сака војна. Сенека
- Секој заљубен војува. Овидие
- Целиот човеков живот на земјата е борба. Латинска поговорка
- И пред Елена (повод за Тројанската војна), жената била најодвратната причина за војна. Латинска поговорка
- Ништо не е поодвратно, отколку да водиш војна со оној, со кој пријателски си живеел. Цицерон
- Никаде крајот не ветува помалку, отколку во војната. Латинска пог.
- Богатите во војната ги пратија своите волови, а сиромасите своите синови. Туцовиќ







