пон 8 мар 2010
- Здравиот човек има стотина желби, а болниот само една - да биде здрав. Нар.пог.
- Здравјето во толкава мера ги надминува своите надворешни благодети, така да здравиот просјак е посреќен од болниот крал. Шопенхауер
- Не ги делам луѓето на здрави и болни, туку на добри и зли човекови суштества. Др.Савиќ
- Лекарите непрекинато се трудат да ни го сочуваат здравјето, а куварите да ни го упропастат. Овие вторите како да се повешти во својата работа. Дидро
- Здравиот сиромав е посреќен од болниот крал. Латинска поговорка
- Здравјето на телото и умот е голем благослов - ако можеме да го поднесеме. Нуман
- Ако сакаш да оздравиш не знам од какви болести, земи не знам какви тревки, стави ги не знам каде, па ќе се излечиш не знам кога. Латинска поговорка
- Во животот постојат две големи богатства: здраво тело и здрав разум. Менандар
- Чудотворно средство во болеста - тоа е убавиот збор. Де Кроф
- Треба да се молиш здравиот дух да биде во здраво тело. Јувенал
- Како што многу луѓе се сметаат за болни, а тоа не се, така и спротивно - многумина се сметаат за здрави, а тоа не се. Георг Лихтенберг
- Медицината толку напреднала што практично повеќе ниеден човек не е целосно здрав. Хиксли
- Желбата за дравје е најмоќна медицина. Де Кроф