- Треба да се сочува мирот во секоја прилика, дури и кога ќе се случи нешто непријатно, бидејќи сé што се случува има своја причина, своја потреба и, над сé, има своја поука. Учител по јога
- Години со голем напор се потребни за да се постигне мир, а само еден миг за да се изгуби. Реј
- Ништо не може да ни донесе спокојство, ако сами не го создадеме.
Емерсон
- Спокојството не може да се најде ни во работата, ни во задоволствата, ни во манастир, туку во својата душа. Сомерсет Мом
- Има луѓе кои мирно шетаат по паркот гледајќи фонтани, додека царства се рушат. Шатобријан
- Тешко е да бидеш спокоен, ако нема што да се работи. Шопенхауер
- Мир во меѓународните односи е период на разговор помеѓу два пеиода војна. Берк
- Мудриот човек со подеднаква смиреност прима пофалби и поднесува навреди. Конфучие
- Единствено човеково богатство е психичкиот мир; најголема доблест е човековата добрина. Др.Савиќ
- Од законите и царевите не зависи човековиот мир, туку од неговите тивки фамилијарни радости, неговиот разум, верата, совеста. Голд Смит
- Најпривлечното дрво прво ќе биде пресечено, бунарот чија вода е најчиста ќе биде прв исушен. Лао Це
- Слушај, гледај и молчи, ако сакаш да живееш во мир. Латинска пог.
- Искрениот мир им доликува на луѓето, а страшниот гнев на животните.
Овидие
- Подобар и побезбеден е мирот, од несигурната победа. Латинска пог.
- За каузата на мирот, никаква туѓа жртва не е доволно голема. Чапек
- Мир! Сега повторно мирно можеме да се посветиме на нашето наоружување. Чапек
- Светскиот мир ќе се оствари еден ден. Не затоа што луѓето ќе станат подобри (на тоа не смееме да се надеваме), туку затоа што еден нов поредок на работите, новата наука и новите економски потреби ќе ги присилат да живеат во мир. Анатол Франс
- Љубовта према мирот почнува со тоа што ќе се престане со зборување за праведни војни. Сигмунд Граф
- Мирот го носиме како алиштата кои однапред ги крпиме, додека одпозади се параат. Вилхелм Раб
- Срамниот мир дури и со војна се заменува. Тацит
- Имај мир со луѓето, негувај ја војната со пороците. Латинска пог.
- Кога владее мир, добро е да се размислува: каква корист војната донесува? Публиј Сир
- Мирот е време во кое синовите ги погребуваат своите татковци, војната е време во кое татковците ги погребуваат своите синови. Херодот
- Јас верувам во мир, инаку не би можел да бидам министер за војна.
Хапел
- Некој мора да го започне мирот, како што некој ја започнува војната.
Цвај
- Постои само едно средство да би триумфирал мирот: да се усвои закон по кој, во случај на војна, воената штета да ја плаќа – победникот.
Ајзенхауер
- Мирот не е последица на војната, туку доблест која се раѓа од храброста на духот. Спиноза
- Америка е за мир, бидејќи атомската војна не може да се добие. Реган







