- Ако некого го победиш со аргументи, тоа сеуште не мора да значи и дека си победил. Чуанг Цу
-Таква е војната – сé што е под неа, брзо старее и пропаѓа. Михајло Лалиќ
- Се чудам како луѓето можат да преживеат една битка, без оглед како таа се завршила. Како тоа да не умираат од тага ако ја изгубиле, или од радост ако ја добиле? Шарл Лигњ
- Никој не знае што е војна, ако во неа нема син. Жосеф д” Местр
- Доаѓаш и му ја одземаш земјата на непријателот; доаѓа непријателот и ти ја одзема земјата тебе. Сумерска изрека
- Кога куршумите ќе засвират околу ушите, времето споро поминува. И.Шибл
- Реалисти: работата повеќе се исплатува отколку војната, та мирно работат – некои други за нив војуваат. Станислав Шимиќ
- Ако ви појдат мажите и синовите на фронт, жени – не плачете, бидејќи предолго би плачеле. Виетнамска поговорка
- Тие два народа (Англичани и Французи) војуваат заради громади од снег во Канада и трошат на таа преубава војна многу повеќе, отколку што вреди цела Канада. Волтер
- Јунакот често е спремен да ја изгуби војната, но никогаш не е спремен да ја изгуби љубовницата или коњот. Жорж Фејдо
- Политиката е и возбудлива и опасна како војната, но во војната може да се загине само еднаш, а во политиката повеќепати. Черчил
- Стеблото на слободата не може да процвета ако не го залиеме со крвта од кралевите. Робеспјер
- Револуцијата не е ни гозба, ни книжевно творештво, ни сликање, ни везење. Таа не може да се изведува така елегантно, така полека и културно, така умерено, добродушно, учтиво, така воздржано и попусливо. Револуција – тоа е побуна, насилен акт со кој една класа заменува друга. Мао Це Тунг
- Зашто ме убивате? – Па што, зарем вие не живеете од другата страна на водата? – Пријателе, кога би живееле од оваа страна, јас би бил убиец и неправедно би било вака да ве убијам; но, ако живеете од онаа страна, јас сум јунак и, тоа е праведно. Паскал
- Револуциите мораат да почиваат на крвави темели. Револуцијата што не е создадена на такви темели, не може да биде трајна. Ататурк
- Законодавците или револуционерите кои ветуваат целосна еднаквост и слобода, или се утописти или лажговци. Гете
- Ако тиранијата е насилство, тогаш револуцијата е насилство против насилството. Гоце Делчев
- Нема последна револуција. Револуциите се бескрајни. Замјатин
- Во револуциите постојат два вида луѓе: тие што ги дигаат и оние што со нив се користат. Наполеон
- Чистата револуција не може да трае две недели. Кокто
- Бунтот сам по себе не е племенит, туку по тоа што го бара. Ками
- Бунтот на мислите секогаш претходи на бунтот на оружјето. Филип
- Затворените бесови стопати се полоши од слободните. И.Б.Мажураниќ
- Граќанска војна. Ура! Во име на народот ќе се истребиме самите себе.
Чапек
- До револуција може да дојде само таму, каде што има свест. Жан Жорес
- Револуцијата е преоѓање од стариот поредок, кој се руши во прав, во нов поредок кој се раѓа. Емил Литре
- Револуцијата не е дело на богатите, туку дело на сиромасите.
В.Главинов
- Ако му го одземете оружјето на домородецот, ќе скапува од глад. Ако му го одземете на цивилизираниот човек, ниеден човек повеќе нема да гладува. Канижај
- Човекот од оружјето направи Бог. И, кога оружјето ќе победи, човекот ќе биде поразен. Тагоре
- Малку вреди оружјето на бојното поле, ако дома нема памет. Цицерон
- Ако сакаш да живееш во земја, потопена со крв и солзи, која се наоѓа помеѓу чеканот – тиранијата, и наковалната – револуцијата, ти преостанува да бидеш револуционер, заштитник на робот, или издајник – соучесник на тиранинот. Гоце Делчев
- Револуционерот во својата љубов према луѓето треба да биде вистински човек; во својата самоувереност вистински борец; во своите предвидувања вистински пророк. Гоце Делчев
- Најдобар услов за мирен живот е: не биди толку богат да ти завидуваат, ни така сиромав да те сожалуваат. Билингс
- Ни човекот, ни предметите не можат да се огледаат на површината од разбранувана вода. Во стварност можат, но сликата ќе биде искривена. Исто така, ако нашиот дух е вознемирен, впечатоците што ги примаме ќе бидат деформирани, а мислите конфузни. Староиндиски запис







