-Битката ја добива оној, кој цврсто одлучил да ја добие. Талмуд
- Да се биде спремен за војна е најдобар начин да се сочува мирот.
Вашингтон
- Кога богатите војуваат, сиромасите умираат. Сартр
- За време на војната, најбучните патриоти стануваат најголеми профитери. Бабел
- Војната истовремено ја открива и силата и слабоста на еден народ.
Ле Бон
- Неутралност?! Тоа значи да се заработува на војната, што други ја водат.
К.Чапек
- Ни во најдолгиот мир, човек не зборува толку бесмислици и невистини, како во најкратката војна. Жан Пол
- Тој што ќе го убие кралот и тој што ќе умре за него, еднакви се идолопоклоници. Бернард Шо
- Војната се состои во тоа да луѓето, макар што меѓу себе не се познаваат, се убиваат на заповед од луѓе кои многу добро се познаваат, а меѓусебно не се убиваат. Ајзенхауер
- Војната е игра на државниците, веселба за попот, лакрдија за адвокатот, занает за платените убијци. Шели
- Убивањето е забрането, за тоа се казнуваат сите убијци, освен оние кои масовно убиваат, на знакот од трубата. Волтер
- Ја мразам војната, но повеќе ги мразам оние што пеат за војната во која никогаш не биле. Р.Ролан
- Разорувањата што се вршат само ги ослабуваат слабите, ги обогатуваат богатите, а моќните ги прават уште помоќни. Сартр
- Дали жртвите паднале залудно? Ако светот остане каков што е, тогаш сигурно ДА. Барбис
- Кога ќе почне војната, никој со неа не се занесува како тие што ја гледаат од позадина. Спенсер
- Кога народите би биле попаметни, владарите никогаш не би се играле војна. Каспер
- Бидејќи војната почнува во човековиот ум, во човековиот ум треба да се всади идеја за љубов и мир. Унеско
- Луѓето се навикнати да за поголемо или помало парче земја пљачкаат, палат, убиваат, се колат едни со други и, за тоа највешто да го прават, измислиле убави правила кои се викаат воена вештина. Ла Бриер
- Агресијата што е ужасна кога ќе ја направи поединец, не се казнува кога ќе ја направи мнозинството. Херберт Спенсер
- Војната е ужасна, но жедта за правда е поужасна. И додека сите луѓе не ја достигнат својата правда, ќе има војни. Цирил Космаќ
- За да има добри војници, државата секогаш треба да биде во војна.
Наполеон
- Во идната војна живите ќе им завидуваат на мртвите. Хрушчов
- Војната нема да престане пред да престанат мислите за војната.
Бјорнсон
- Сите се наоѓаат во војна против сите, како во јавниот, така и во приватниот живот. Платон
- Војната не е толкава срамота за мажите што ја водат, колку за жените што ја трпат. Сигмунд Граф
- Најјакиот глас на нашето време, глас што ја замолчува секоја љубов, секој талент, секоја совест, тоа е страшниот глас на топовите.
Жилиен Грин
- Војната прво е надеж дека на едниот ќе му оди подобро, потоа очекувањето дека на другиот ќе му оди полошо, па задоволството дека ни на едниот ни на другиот не му оди подобро и, најпосле, изненадувањето дека и на едниот и на другиот му е сé полошо. Краус







