%
Не можев да претпоставам, ниту да очекувам, дека случајно изговорените зборови, можат да предизвикаат такво дејство. Како полето на смртта, прекриено со мртвите коски од луѓето, да се затресе од допирот на духот, а вкочанетите коски се размрдаа. Непромислено ги изговорив зборовите на љубов и сожалување, зборови од кои секој можеше да извлече корисна поука и, тие влијаеја така, како само тие зборови да ги чекаа, за да престанат да бидат трупови и – оживеаја. Сите гледаа во мене и очекуваа да кажам големи зборови и да направам големи дела, со кои ќе им помогнам во нивната борба со ѓаволот. Се покажа дека е многу потешко да се помогне, отколку што очекував. Конешно сфатив дека на алкохоличарите може да им се помогне, само ако тие самите ги променат своите ставови кон алкохолот и кон животот воопшто.
На крајот од својот говор, уште им реков: “Ѓаволот, кој секогаш стои пред вратата на вашите срца, ја зграбил приликата кога сте посегнале по чашката со алкохол. Со тоа сте му ја отвориле вратата и тој скокнал во вашето срце и таму сега седи како домаќин. Истерајте го надвор! И, во иднина, бидете внимателни и не ја отворајте вратата низ која тој, така лесно влегува. Самите бидете си власт над себе си – тогаш ниту една власт нема да ви биде потребна, особено нема да ви биде потребна власта од најстрашниот ѓавол – алкохолот. Многу повеќе вреди да се живее и најбеден живот, исполнет со искрена љубов и внимание со своето семејство, отколку да се живее сам, во изобилство.”
%







