Posledni Napisi

СПАСОТ Е НА ДОФАТ НА РАКАТА % Но, тогаш Бог одлучи да смеша прсти во нашиот живот. Еден тмурен, пролетен ден, јас заминав во полето да работам,...

Read more

АЛКОХОЛОТ - НЕВИДЛИВ, НО СТРАШЕН... % Во почетокот немаше ништо необично, не гледав ништо лошо во тоа и воопшто не ми сметаше. Но, како времето поминуваше,...

Read more

ИСКУШЕНИЈАТА ДЕМНАТ ОД СИТЕ... Во Клубот на лекувани алкохоличари владееше необична атмосфера. Ништо не укажуваше дека на состанокот ќе се случи...

Read more

ОДНЕСУВАЊЕТО НА АЛКОХОЛИЧАРОТ... Закрепнатите луѓе од проблемите со пиењето, зависноста  од алкохол ја дефинираат како мултидимензионална и комплексна...

Read more

AKTIVNOSTI VO KLUBOT Вие, кој што сега посетувате Клуб на лекувани алкохоличари, вероватно сте разбрале дека сте влегле во големото...

Read more

ПИЕЊЕТО АЛКОХОЛ - ПРОБЛЕМ ВО... Вистината за проблемите, предизвикани од пиењето алкохол е многу полесно да се скрие на работното место, отколку...

Read more

КЛУБ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ Клубот на лекувани алкохоличари Ви е како да сте во еден рудник, и во него талкате, симни се најдолу, па кaчувај...

Read more

МУДРОСТИ - ЖЕНИ, ЖЕНИ - Постојат два вида жени׃ расеани – ќе ги изгубат двете ракавици; сталожени – ќе изгубат само една. Бернар - Пристојна...

Read more

МУДРОСТИ - ЖЕНСКИ КАРАКТЕР - Некои жени се како запалена цигара; ако не ја фатиш од вистинската страна, ќе се изгориш. Тухолски - Обично се...

Read more

ДА ПОГЛЕДНЕМЕ ВО ОГЛЕДАЛОТО... Кога ќе се угасни светлоста на твојот духовен живот, темна сенка на твоите телесни желби ќе падне на твојот пат....

Read more

  • Prev
  • Next

Twitter Updates...

  •  
fukosantin epimedium african mango afrika mangosu epilamor ozoderm uzamax altin cilek lavixir ayak kokusu biber hapi super x power penis halkasi maurers

ПРАВИЛА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ЦВРСТА АПСТИНЕНЦИЈА

Category : КЛА 048-550716, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

Vinum dementat et sapientes – Виното и мудрите ги побудалува.       Лат.поговорка

Цени го човекот кој ти укажува на твоите грешки како да ти открил скриено богатство – цени го мудрецот кој ти ги покажува животните опасности.     Дамапада

За остварување на поставените задачи, Клубот на лекувани алкохоличари делува следејќи ги правилата за работа, кои важат за сите клубови. Со тоа се осигурува полесна соработка помеѓу клубовите. Во својата борба со алкохолната болест, секој апстинент треба да ги почитува универзалните правила кои се применуваат во сите Клубови на лекувани алкохоличари, но и правилата и навиките што може да се применуваат во клубот, во кој членува.

- СТРОГО ОДБЕГНУВАЈТЕ ГИ КАФЕАНИТЕ И СТАРОТО ДРУШТВО

- НЕ ЧУВАЈТЕ АЛКОХОЛ ВО ВАШИТЕ ДОМОВИ

- СЕКОЈДНЕВНО ЗЕМАЈТЕ ЕСПЕРАЛ – НАЈМАЛКУ ЕДНА ГОДИНА

- СЕКОЈ ДЕН ПОМИНАТ БЕЗ АЛКОХОЛ Е КАПИТАЛ

- ВО ТЕКОТ НА ЛЕКУВАЊЕТО ПОМАГАЈТЕ ИМ НА ДРУГИТЕ, ОСОБЕНО АКО СЕ ВО КРИЗА

- ОТВОРЕНО ЗБОРУВАЈТЕ ЗА СЕБЕ КАКО ЗА АЛКОХОЛИЧАР И ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА ОКОЛИНАТА ЗА ЛЕКУВАЊЕТО

- АКО ИМАТЕ КРИЗА, ЈАВЕТЕ СЕ ВЕДНАШ ВО КЛУБ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ, БИДЕЈЌИ ТАА Е ПРОПРАТНА ПОЈАВА ПРИ АПСТИНЕНЦИЈАТА

- АКО ДОЈДЕ ДО РЕЦИДИВ, ЈАВЕТЕ СЕ, ШТО Е МОЖНО ПОСКОРО НА ТЕРАПЕВТОТ ИЛИ ВО СВОЈОТ КЛУБ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ

- БЕЗ КЛУБ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ НЕМА АПСТИНЕНЦИЈА

          Секое од овие правила во себе носи јасна порака и упатство, за апстинентот полесно да излезе од алкохолниот пекол. Иако можеби на прв поглед ќе ви изгледаат како работи кои одамна ги знаете и на кои не треба да им посветите поголемо внимание, бидете убедени дека тие во себе носат длабока смисла. Затоа, ајде да ги разгледаме поединечно.

          - За апстинентот да успее да го промени својот поглед кон алкохолот и кон животот воопшто, тој мора, барем еден период, додека не се наоружа со цврста волја за апстиненција, СТРОГО ДА ГИ ИЗБЕГНУВА КАФЕАНИТЕ И СТАРОТО ДРУШТВО. На кафеаната алкохоличарот треба да гледа како на куќа во која се раѓа и живее злото, како на место во кое ѓаволот ја фрлил својата мрежа за да го улови секој, што преку алкохолот премногу ќе му се приближи, и повторно да го внеси во алкохолниот пекол.

          - Кревка е човечката душа и многу лесно може да падне во искушение. Затоа, НЕ ЧУВАЈТЕ АЛКОХОЛ ВО ВАШИТЕ ДОМОВИ. Многу лесно може да се случи, и тоа во моментите кога најмалку очекувате, вашата рака едноставно несвесно и непланирано, да посегне по шишето со алкохол. Се препорачува и вашите гости да ги пречекувате со сок или кисела вода, без оглед дали тие ќе ви замерат за тоа.

          - Кога терапевтот ќе оцени дека сте психички подготвени да прифатите вистинска апстиненција, за полесно да успеете во тоа, ќе ви препише и есперал. СЕКОЈДНЕВНО ЗЕМАЈТЕ ЕСПЕРАЛ НАЈМАЛКУ ЕДНА ГОДИНА и многу полесно ќе се спротивставите на алкохолните кризи, кои можат во секој момент да се појават. Напоменувам дека еспералот треба да се зема исклучиво по препорака на лекар – терапевт.

          - Во семејствата каде има алкохоличар, особено ако неговата алкохолна болест е во покритична фаза, СЕКОЈ ДЕН ПОМИНАТ БЕЗ АЛКОХОЛ Е КАПИТАЛ. Вистинско богатство за членовите од семејството е алкохоличарот да помине макар само еден ден трезен. Не само што тој ден нема залудно да потроши пари на пијанчење, туку многу поважно е што членовите на семејството ќе се одморат од неговите малтретирања, и што е најважно, во нивната душа ќе се роди и ќе заживее надеж дека и утрешниот ден и сите други наредни денови, ќе живеат во мир и благосостојба.

          - Помагајќи им на другите, индиректно си помагаме и себе си, за да ја зацврстиме нашата волја за трајна апстиненција. Затоа, ВО ТЕКОТ НА ЛЕКУВАЊЕТО ПОМАГАЈТЕ ИМ НА ДРУГИТЕ, ОСОБЕНО АКО СЕ ВО КРИЗА. Знаете, заедно е полесно да се живее, полесно можат да се надминат проблемите – ако едниот падне, другиот ќе го подигне.

          - Во секојдневното живеење потребно е да се надминат некои конвенционални правила по кои сме се однесувале и за кои, гледано од нова перспектива на апстинент, слободно можеме да кажеме дека не доведувале во заблуди и кои скапо не коштале во животот. Не е срамота, кога ќе дојде и кумот, кон кој треба да имаме посебна почит, ОТВОРЕНО ДА ЗБОРУВАМЕ ЗА СЕБЕ КАКО ЗА АЛКОХОЛИЧАР, А И СИТЕ ДРУГИ ОКОЛУ НАС ДА ГИ ЗАПОЗНАЕМЕ СО НАШЕТО ЛЕКУВАЊЕ. Ако луѓето кои доаѓаат во вашиот дом навистина ве почитуваат, ќе ја разберат вашата состојба и ќе се обидат, макар со тоа што барем пред вас нема да пијат алкохол, со што ќе ја разбрануваат вашата душа, да ви помогнат.

          - Алкохолната криза е непријатна состојба кога кај апстинентот се појавува неодолива желба да се напие алкохол. Најстрашна е помислата дека апстинентот, и тоа апстинент кој повеќе години издржал без алкохол, дека не е страшно ако се напие само една чаша пиво или вино. Таа страшна мисла е еден вид на криза, која ако ја задоволите, многу брзо ќе ве врати во алкохолниот пекол. Затоа, АКО ИМАТЕ КРИЗА, ЈАВЕТЕ СЕ ВЕДНАШ ВО КЛУБОТ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ. КРИЗАТА Е ПРОПРАТНА  ПОЈАВА ПРИ АПСТИНЕНЦИЈАТА.  Напоменувам уште еднаш, немојте да се залажувате дека кога било ќе се вратите во состојба на нормално пиење – донесете цврста одлука за апстиненција поткрепена со мислата, дека за алкохоличарот кој длабоко завлегол во алкохолниот пекол, со пиењето е завршено до крајот на неговиот живот.

          - Рецидивот е состојба кога алкохоличарот, во одредени околности на криза, не може да се спротивстави на ѓаволските искушенија и ќе се напие алкохол. Многу луѓе сметаат дека рецидивот е пропратна појава во апстиненцијата, што јас мислам дека е погрешно. Рецидивот е само појава, но не и пропратна појава која би можеле да кажеме дека е правило, кое очигледно се однесува само на кризата, која по правило, во различни облици, се појавува кај секој апстинент. Во Клубот на лекувани алкохоличари “Здрав живот” од Прилеп, имаме апстиненти кои служат за пример и кои издржале долга апстиненција, повеќе од дваесет години без ниту еден рецидив. Сепак, АКО ДОЈДЕ ДО РЕЦИДИВ, ЈАВЕТЕ СЕ, ШТО Е МОЖНО ПОСКОРО НА ТЕРАПЕВТОТ ИЛИ ВО СВОЈОТ КЛУБ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ. Само на тој начин ќе успеете, грешката што сте ја направиле со посегањето по чашата со алкохол, што побрзо да ја исправите, многу полесно да се вратите во апстиненција. Ако тоа не го направите, за брзо време ќе се вратите во поранешната состојба на секојдневно пиење и опивање и патот за излез од алкохолниот пекол, ќе биде многу потежок. Секако, не смее да се заборави дека постои и сув рецидив, кој може да го зафати алкохоличарот, членовите на семејството, членовите на Клубот, па дури и пошироката заедница. Често се случува да алкохоличарот, иако се воздржува од конзумирање алкохолни пијалаци, да продолжи да се однесува и да живее со истиот начин на живот како и пред апстиненцијата. Не презема никаква одговорност во семејството, не се обидува да го најде своето место во пошироката заедница, продолжува да ги посетува местата каде и порано имал навика да пие. За разлика од мокриот рецидив, кој значи враќање кон пиењето алкохолни пијалаци, сувиот рецидив значи враќање кон старите, веќе надминати облици на однесување, стариот начин на живот, без враќање кон пиењето. Сувиот рецидив во некои случаи може да биде поопасен и поштетен од краткотрајниот воден рецидив, кој Клубот на лекувани алкохоличари обично успешно го решава. Се работи за посебен облик на рецидив, кој не е помалку важен од враќањето кон пиењето и затоа, треба многу сериозно да се разгледува, не само заради тоа што може да доведе кон враќање на пиењето, туку пред се, затоа што е главна кочница за напредокот и развојот на алкохоличарот и неговото семејство.

          - Најважно, што секој апстинент треба да знае е дека׃ БЕЗ КЛУБ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ, НЕМА УСПЕХ ВО БОРБАТА СО АЛКОХОЛНАТА БОЛЕСТ. На прстите од рацете можеме да ги наброиме оние луѓе, кои го оставиле алкохолот и се вратиле во нормалниот живот и без посетување на Клуб на лекувани алкохоличари. Клубот е место каде се одржува трајна апстиненција, место каде апстинентот ќе се дружи со луѓе кои имаат иста или слична животна приказна, што е најважно, ќе се дружи со луѓе кои засекогаш му кажале збогум на алкохолот и кои можат да му служат за пример, луѓе кои се спремни во секое време да му помогнат и тој да го постигне истиот успех.

          За мојата борба со алкохолот и алкохолната болест, за начинот на кој јас се справував со алкохолните кризи, ќе дознаете кога ќе ја прочитате мојата книга “Исповед на еден алкохоличар.” Во романот “Како да се победи Кралот Алкохол” го опишав пристапот и лекувањето на неколку апстиненти, искуства кои многу ќе ви помогнат во зацвстување на вашата волја за трајна апстиненција.

МУДРОСТИ – ЖЕНАТА ВО БРАКОТ

Category : МУДРОСТИ 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

- Најпознати се оние жени, кои имаат непознати мажи. Волтер Рила

- …привлечна е само женидбата од љубов; да се ожениш со девојка само затоа што е симпатична, исто е како да купиш на пазар непотребен предмет, само затоа што е убав. Во брачниот живот најважен шраф е љубовта, половата привлечност, едно тело, а сé друго е несигурно и досадно, макар колку паметно да сме пресметале. Значи, не станува збор за симпатична девојка, туку за сакана. Чехов

- Има многу жени кои утредента, после своето венчавање, се вдовици на мажите за кои фантазирале. Морис Донај

- Вреќа полна со отровници, во која се наоѓа само една јагула – ете, тоа е брачната среќа. Карло Доси

- Постојат два можни бракови: еден за млади и младоста и друг за стари и староста. Првиот да се поделат среќата и бесот, а вториот да се поделат несреќата и болеста. Јован Дучиќ

- Бракот е тежок занает, во кој две личности треба да живеат исто така среќно, како што би живееле секоја за себе. Жорж Фејдо

- Брачната лотарија речиси секогаш е – среќка без добивка. Ј.Хајберг

ПРИЧИНИ И МОТИВИ

Category : ИСПОВЕД 075 985772, КЛА 048-550716, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

%

Многу е тешко да направам рекапитулација на мотивите и причините, кои ја потикнаа мојата желба да им помагам на луѓето, во нивната борба со алкохолната болест. Можеби една од причините е нивното погрешно сфаќање, нивното тотално незнаење на темата алкохолизам, посебно нивното незнаење за вредноста и улогата на Клубот на лекувани алкохоличари, во животот на секој алкохоличар. Обично луѓето очекуваат во клубот да слушнат волшебни зборови, кои наеднаш ќе им го променат животот и затоа, често се разочарани од првите посети на клубот. На оние пак, што се цврсто решени да успеат, со тек на време ќе се убедат дека само со упорно посетување на клубот, со концентрираност на своите мисли и дела, за бескомпромисна борба со алкохолната болест, успехот ќе им биде гарантиран.

Јас губам многу време и енергија во обидите да им докажам на луѓето дека грешат, дека никогаш не се во право кога разговараме за алкохолот и страшните последици од него. Свесно или не, чувствувам дека морам на другите да им покажам дека нивните размислувања и ставови се погрешни, иако знам дека ќе ме мразат заради тоа што се обидувам да ги поправам, иако знам дека многу повеќе ќе ме сакаат и ценат ако ги слушам до крај и се согласам со нивните погрешни ставови и размислувања. Членовите на Клубовите на лекувани алкохоличари не треба да ги одделуваат активностите што ги имаат во своите клубови и оние од секојдневниот живот. Ако кога било и на кое било место, забележиме дека нашите роднини и пријатели тргнале во погрешен правец, кон алкохолниот пекол од кои било причини, должни сме да делуваме на нив, да се обидеме да ја поправиме нивната состојба колку што можеме. Како можеме да бидеме добри роднини и пријатели, ако не ја искористиме шансата барем да се обидеме, со нашата умешност, искуството и знаењето за алкохолизмот, што сме ги стекнале во Клубот на лекувани алкохоличари, да ги подучиме оние кои ги сакаме и цениме, да им помогнеме полесно да го пронајдат патот, што ќе ги води кон посреќна и посветла иднина.

Точно е дека болните алкохоличари, иако често пати не се свесни за тоа, многу страдаат заради својата болест. Но, исто така, точно е дека тие многу ќе научат за време на својот престој во Клубот на лекувани алкохоличари, дека ќе се оспособат да можат да се издигнат над страдањата и во иднината да не страдаат ништо повеќе од другите луѓе. Во стварноста, тие можеби ќе страдаат многу помалку, бидејќи ќе стекнат мудрост за жвивотот и знаење за борба со алкохолната болест и сите проблеми што животот ги носи. Ако е вистина дека човекот треба да биде попаметен повеќе од туѓите глупости, отколку од својата памет, тогаш би требало апстинетите, кои го победиле алкохолното зло, да бидат едни од најпаметните, поучени пред се од своето, за жал, лошо искуство. Ние, како искусни членови на Клубовите на лекувани алкохоличари, да му помогнеме на младиот апстинент да види, како се издига моралната големина од пеколот на гревот, да му помогнеме самиот да се издигне над тој пекол и да ја здогледа убавината на животот со питоми очи и смирено срце, да види како, од пепелот на слабоста, грешноста, порочноста и најниското однесување, се издига снага на вистината и голема духовна исполнетост – тоа ќе му даде вистинска вредност на неговиот живот.

Иако не верувам дека соновите се исполнуваат, сепак, искрено посакувам крајот на сонот да се оствари, ако не во целост, барем да доживеам да видам што повеќе луѓе кои му го вртат грбот на ѓаволот, да видам што повеќе луѓе како го оставаат алкохолот, како стануваат свесни дека силата на спасот од алкохолниот пекол, се наоѓа само и само во редовното посетување и дружење, во Клуб на лекувани алкохоличари.   

ДА ЈА ПРИФАТИМЕ ОДГОВОРНОСТА ЗА СВОИТЕ ПОСТАПКИ

Category : ИСПОВЕД 075 985772, КЛА 048-550716, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

%

Ѓаволот успеваше, со помош на фрази и разни трикови, да го украси пеколот, во кој ме држеше и угнетуваше повеќе од триесетина години. Но, кога почувствував дека мојот живот е сличен на оној на животните и посличен не можеше да биде, кога дојдов до границата да морам да го бранам своето човечко достоинство, тогаш ѓаволските ветувања, лаги и трикови, веќе немаа никаков успех. Од првиот момент, кога донесов цврста одлука да го победам алкохолното зло, кога почнав да се лекувам од алкохоната болест и да го посетувам Клубот на лекувани алкохоличари, искрено ги признав своите грешки и за првпат во мојот живот ја зедов одговорноста врз себе, повторувам, за првпат ја зедов одговорноста врз себе за погрешното, лошо, на моменти нечовечко однесување, за својот несреќен живот, ја зедов одговорноста за нсреќите и болката што им ја нанесов на моите најмили.

До тогаш за сите свои пропусти и глупости во животот, ги обвинував родителите, роднините и пријателите, боговите и сите други, само не и самиот себе. Бидејќи бев алкохоличар, ги негирав страдањата кои ги носи чувството на вина, болното спознавање на сопствената грешност и несовршеност и – ја префрлав својата болка на другите, ги проектирав на нив своите недостатоци и за сé ги обвинував другите. Треба да кажам и тоа дека можеби јас самиот не страдав или можеби, поради алкохолот, не можев да го видам моето страдање, но луѓето кои живееја со мене, често многу страдаа. Ние, алкохоличарите, за луѓето кои живеат под наша апсолутна доминација, со нашето однесување создаваме минијатурно заболена заедница. Симптомите за многу пореметувања во семејството – депресии, попуштање во учењето кај децата и други – можат да се припишат исклучиво на нашето водство.

Денес, мое правило во животот е често пати да им дозволам на моите пријатели, па дури и на оние кои не заслужуваат да ги наречам пријатели, да бидат во право, дури и тогаш, кога фактите непобитно говорат дека грешат. Но, кога разговараме за алкохолот, на таа тема никогаш и на никого не му попуштам. На големиот светец Серафим Саровски, кога луѓето сакале да докажат дека не е совршен, дека е ист грешник како нив, му велеле дека лажел, крадел. Тој длабоко ќе се замислел и ќе речел: Па можеби некогаш во детството сум лажел и крадел. Но, кога му рекле дека зборувал против Бога, тој одлучно застанал да го брани својот став, дури по цена и на својот живот.

%

ЗАШТО Е ПОТРЕБЕН ТОЛКУ ГОЛЕМ ТРУД?

Category : АЛКОХОЛИЗАМ 075 985772, ИСПОВЕД 075 985772, КЛА 048-550716

0

%

Апстинентите од Клубот на лекувани алкохоличари им посветуваат посебно внимание на новите апстиненти, на оние, кои ја започнуваат својата борба со алкохолната болест. Но, зошто е потребен толку голем труд за да се достигне победата? Зошто е потребна толкава концентрација и внимание во слушањето, на прв поглед на досадното и веќе стотиципати слушнатото раскажување на глупостите од алкохолниот пекол?

- Прво, нашата спремност тоа да го направиме, претставува најконкретен доказ за почитување на личноста на алкохоличарот. Со тоа што на алкохоличарот му посветуваме внимание и почит, кое би му го посветиле на докажан терапевт, алкохоличарот ќе почувствува поголема вредност во себе, ќе почувствува дека во него има или може да има нешто, што е достојно за почит. На апстинентите, во почетокот на нивното лекување, им е многу тешко, кога ќе се соочат со процесот на дефинирање на своите вистински вредности и донесување на сопствени одлуки. Често ги фаќа паника и страв, бидејќи треба многу повеќе да се потрудат, за правилно да ја насочат сопствената егзистенција. Во нивната свест живее лажна илузија дека, пред да почнат да апстинираат им било многу посигурно и полесно, кога наместо нив, одлуките ги донесувал нивниот господар – алкохолот.

- Второ, колку повеќе алкохоличарот ќе почувствува дека е вреден и ценет, толку повеќе ќе размислува за прифаќање на вредни работи од животот и многу повеќе ќе се труди да ги исполни нашите очекувања. Секој човек, за да може да работи во својата дејност, треба да ја смета за важна и добра. И затоа, каква и да е положбата на човекот, тој бездруго во себе ќе изгради таков поглед на човековиот живот воопшто, при кој неговото делување ќе му изгледа важно и добро. На пример, луѓето обично мислат дека крадецот, алкохоличарот, проститутката… не признавајќи дека нивните активности се срамни, гадни и погрешни, треба да се срамат од нив, но се случува сосема спротивното. Луѓето, што судбината или пак нивните грешки и гревови ги ставиле во извесна положба, колку и да е погрешна, за себе создаваат таков поглед за животот, при кој нивната положба им изгледа пристојна и оправдана. За поткрепување на таквите погледи, инстинктивно се дружат со овој круг на луѓе, што го признава нивниот статус и нивното сфаќање на животот.

- Трето, колку повнимателно го слушаме, ќе сфатиме дека во тоа, на прв поглед конфузно повторување на веќе слушнатото, има важни и корисни работи. Секој, кој со внимание се труди да ги слуша своите колеги, ќе ја разбере болката што живее во душата на секој алкохоличар. Што се однесува до мене, јас сакам да го слушнам тоа што е најдобро што човекот го има во себе, без оглед на тоа дали таквиот разговор се смета за премногу стручен, простачки или којзнае каков.

- Четврто, колку подобро ќе го запознаеме апстинентот, ќе можеме многу повеќе да му помогнеме. Конечно, ако новиот апстинент знае дека го почитуваме, ќе биде спремен со поголемо внимание да слуша и учи, повеќе и тој да ги почитува своите колеги. Иако слушањето на соговорникот е најважен облик на внимание, потребно е да се исполнат и други облици во односите, кои за подлога имаат вистинско заедништво, посебно кога во прашање се заболените алкохоличари. Еден од најважните облици е комуникацијата, што помеѓу себе ја имаат апстинентите. Времето поминато во разни активности во Клубот на лекувани алкохоличари, ни дава безброј прилики подобро да ги набљудуваме и взаемно да се запознаеме со новите апстиненти. Ако некој апстинент нешто крие во себе, за себе ја скратува можноста од каква било помош, а пријателот го оневозможува да биде од корист. Искуството покажува дека, колку почесто го посетува Клубот на лекувани алкохоличари, секој апстинент се повеќе станува свесен дека индивидуално неговите можности се ограничени, дека секој поединечно е слаб човек, кој може да егзистира само преку соработка во група со слични луѓе на себе, здружени во Клуб на лекувани алкохоличари.

%

УЛОГАТА НА ТЕРАПЕВТОТ

Category : АЛКОХОЛИЗАМ 075 985772, ИСПОВЕД 075 985772, КЛА 048-550716

0

%

Посебна улога во процесот на лекувањето на алкохолната болест и во надминувањето на проблемите, кои се предизвикани од неа, има нашиот терапевт. Темите што се обработуваат во Клубот на лекувани алкохоличари се интересни и присутните апстиненти, ги следат со големо внимание. Сите се трудиме да ја усовршиме својата волја, да се придржуваме до правилата што за нас ги одредува нашиот терапевт, а со секојдневните воздржувања и постојаната борба со страстите, се учиме на издржливост, трпение и толеранција. Др.Методија Николоски – Мец, кој е голем експерт, доктор по алкохолизам, вложува голем напор и голема љубов, на што поедноставен начин, да ни ги пренесе апстрактните концепти, кои нам, на неговите ученици, во почетокот ни беа тешко разбирливи

Иако понекогаш вложуваме поголем труд, за да го разбереме тоа, што овој великан ни го пренесува, сепак, ние сме презадоволни од многуте нови сознанија за животот, што пред нас непрекинато, на секој состанок, се отвораат. Неизмерно го сакаме и почитуваме, бидејќи знаеме дека тој е личност со огромни вредности, кои заслужуваат посебна почит и внимание, а и ние самите уште повеќе се сакаме и цениме, бидејќи со неговата мотивација сме спремни уште повеќе да работиме на сопствениот развој, до конечна победа над алкохолот, односно, до крајот на животот.

Како што сунгерот ја впива водата, така и ние во себе го впиваме потребното, важното и радосното, што ни ги нудат новите сознанија за трезвениот живот. И сé што слушаме или гледаме, ни изгледа некако познато, ни се чини дека се повторува, дека само го доведуваме во нашата свест тоа, што одамна сме го знаеле, но порано не сме го спознавале и не сме верувале во исправноста во тоа што сме го знаеле. Сосема е сигурно, дека нашиот терапевт, на состаноците, го чувствува интензитетот на нашата концентрираност, вниманието и почитта од секој апстинент и тоа, можеби е најголемата награда за неговиот труд.

%

fukosantin epimedium african mango afrika mangosu epilamor ozoderm uzamax altin cilek lavixir ayak kokusu biber hapi super x power penis halkasi maurers