%
Посебна улога во процесот на лекувањето на алкохолната болест и во надминувањето на проблемите, кои се предизвикани од неа, има нашиот терапевт. Темите што се обработуваат во Клубот на лекувани алкохоличари се интересни и присутните апстиненти, ги следат со големо внимание. Сите се трудиме да ја усовршиме својата волја, да се придржуваме до правилата што за нас ги одредува нашиот терапевт, а со секојдневните воздржувања и постојаната борба со страстите, се учиме на издржливост, трпение и толеранција. Др.Методија Николоски – Мец, кој е голем експерт, доктор по алкохолизам, вложува голем напор и голема љубов, на што поедноставен начин, да ни ги пренесе апстрактните концепти, кои нам, на неговите ученици, во почетокот ни беа тешко разбирливи
Иако понекогаш вложуваме поголем труд, за да го разбереме тоа, што овој великан ни го пренесува, сепак, ние сме презадоволни од многуте нови сознанија за животот, што пред нас непрекинато, на секој состанок, се отвораат. Неизмерно го сакаме и почитуваме, бидејќи знаеме дека тој е личност со огромни вредности, кои заслужуваат посебна почит и внимание, а и ние самите уште повеќе се сакаме и цениме, бидејќи со неговата мотивација сме спремни уште повеќе да работиме на сопствениот развој, до конечна победа над алкохолот, односно, до крајот на животот.
Како што сунгерот ја впива водата, така и ние во себе го впиваме потребното, важното и радосното, што ни ги нудат новите сознанија за трезвениот живот. И сé што слушаме или гледаме, ни изгледа некако познато, ни се чини дека се повторува, дека само го доведуваме во нашата свест тоа, што одамна сме го знаеле, но порано не сме го спознавале и не сме верувале во исправноста во тоа што сме го знаеле. Сосема е сигурно, дека нашиот терапевт, на состаноците, го чувствува интензитетот на нашата концентрираност, вниманието и почитта од секој апстинент и тоа, можеби е најголемата награда за неговиот труд.
%







