Posledni Napisi

СПАСОТ Е НА ДОФАТ НА РАКАТА % Но, тогаш Бог одлучи да смеша прсти во нашиот живот. Еден тмурен, пролетен ден, јас заминав во полето да работам,...

Read more

АЛКОХОЛОТ - НЕВИДЛИВ, НО СТРАШЕН... % Во почетокот немаше ништо необично, не гледав ништо лошо во тоа и воопшто не ми сметаше. Но, како времето поминуваше,...

Read more

ИСКУШЕНИЈАТА ДЕМНАТ ОД СИТЕ... Во Клубот на лекувани алкохоличари владееше необична атмосфера. Ништо не укажуваше дека на состанокот ќе се случи...

Read more

ОДНЕСУВАЊЕТО НА АЛКОХОЛИЧАРОТ... Закрепнатите луѓе од проблемите со пиењето, зависноста  од алкохол ја дефинираат како мултидимензионална и комплексна...

Read more

AKTIVNOSTI VO KLUBOT Вие, кој што сега посетувате Клуб на лекувани алкохоличари, вероватно сте разбрале дека сте влегле во големото...

Read more

ПИЕЊЕТО АЛКОХОЛ - ПРОБЛЕМ ВО... Вистината за проблемите, предизвикани од пиењето алкохол е многу полесно да се скрие на работното место, отколку...

Read more

КЛУБ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ Клубот на лекувани алкохоличари Ви е како да сте во еден рудник, и во него талкате, симни се најдолу, па кaчувај...

Read more

МУДРОСТИ - ЖЕНИ, ЖЕНИ - Постојат два вида жени׃ расеани – ќе ги изгубат двете ракавици; сталожени – ќе изгубат само една. Бернар - Пристојна...

Read more

МУДРОСТИ - ЖЕНСКИ КАРАКТЕР - Некои жени се како запалена цигара; ако не ја фатиш од вистинската страна, ќе се изгориш. Тухолски - Обично се...

Read more

ДА ПОГЛЕДНЕМЕ ВО ОГЛЕДАЛОТО... Кога ќе се угасни светлоста на твојот духовен живот, темна сенка на твоите телесни желби ќе падне на твојот пат....

Read more

  • Prev
  • Next

Twitter Updates...

  •  
fukosantin epimedium african mango afrika mangosu epilamor ozoderm uzamax altin cilek lavixir ayak kokusu biber hapi super x power penis halkasi maurers

ИЗОПАЧЕН СВЕТ

Category : АЛКОХОЛИЗАМ 075 985772, УЛОГАТА НА ДРЖАВАТА

0

Секое време се препознава по настаните што го одбележуваат неговиот календар, а за паметење ќе останат само ликовите на оние малкумина, кои дале свој придонес за општото добро на човештвото, направиле такви дела со кои помогнале да се подобри животот и живеењето, на што поголем број луѓе. Со минување на

ИНСТИТУЦИИТЕ – ФАКТОР БРОЈ ЕДЕН ЗА УСПЕХ ВО БОРБАТА СО АЛКОХОЛНАТА БОЛЕСТ

Category : СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772, УЛОГАТА НА ДРЖАВАТА

0

Не е најдобар владар оној, кој најмногу работи, туку оној кој им овозможува на другите со успех да работат.

Меѓу доблестите со кои владарот ја стекнува наклоноста на народот, на прво место се несебичноста и правдата.     Макијавели

На човек што прави непрекиден напор, треба да му се помогне.     Гете

Помогни му на слабиот, да не би морал после и неговиот товар на себе да го земеш.     Румунска пог.

          Паметни, добри, талентирани млади луѓе, пред кои се отвораат бесконечни можности, доаѓаат во состојба да бидат заробени од алкохолот, несвесно се предаваат во рацете на ѓаволот кој ги мачи во својот пекол, пред воопшто да се порадуваат на животот, кои можеби никогаш нема да сфатат зошто се родиле, ниту зошто живеат. Во нивните пеколни страдања никакви теории не можат да им дадат одговор на овие, на прв поглед едноставни прашања. Во книгите во кои ги бараат овие одговори, тие наоѓаат многу интересни, умни нешта, но никаде не го наоѓаат одговорот на главното прашање: зошто луѓето од власта (која било власт досега) не го гледаат тоа што е толку очигледно, зошто не ги гледаат страдањата од луѓето кои се предизвикани од алкохолот, зошто не сакаат да помогнат да се ублажат последиците од ова најстрашно зло, што како темен облак се надвиснал и се заканува да ја угасни светлината на радоста и среќата во душата од луѓето, особено кај младите луѓе.

          Државата и институциите во неа постојат за да го штитат народот од злото, значи, постојат за доброто на народот. Ние, членовите на Клубовите на лекувани алкохоличари сакаме да веруваме дека тоа навистина е така, сакаме да веруваме и да се надеваме дека можеме да ги разбудиме институциите во нашата држава и дека тие ќе направат сé за да ги направат посреќни своите граѓани, особено да ги заштитат и да им помогнат на младите луѓе, на кои таа помош им е најпотребна. Опасноста од алкохолното зло е најголема токму поради заташкувањето на проблемите со алкохолот од страна на власта, бидејќи со таквото однесување на власта кон алкохолот, тоа зло не само што не се намалува, туку се повеќе се зголемува. Се зголемува затоа што се оправдува и облекува во привлечни форми, се прикажува во сосема поинаква слика од вистинската. Но, ако проблемите со алкохолот се заташкуваат, не значи дека тие и не постојат, дека ги нема. Спротивно, колку повеќе се заташкуваат проблемите предизвикани од алкохолот, тие проблеми ги има сé повеќе, а сé повеќе ги има и оние кои се богатат на сметка на злото, оние кои придонесуваат алкохоличарите да дојдат во таква состојба.

          Можеби некои луѓе од државниот апарат, што ќе ги слушнат или прочитаат овие мои размислувања, ќе заклучат дека моите ставови се резултат на мојата фантазија, на моето незнаење. На сите нив ќе им речам: Господа, јас незнам во чија власт е животот на келиите во човековиот организам, но добро знам дека животот на многу млади луѓе, кои можеби токму поради вашиот индолентен однос кон алкохолот завлегле или веќе се наоѓаат во пеколот, дека нивната иднина и судбината се во ваши раце. Им се обраќам на сите кои се наоѓаат на врвот од хиерархиската скала и сите кои во иднина ќе дојдат на таа скала – знам дека Ви е тешко да сфатите што точно во овој момент од Вас се очекува и бара. Ако сакате вистински да помогнете, размрдајте ги институциите на власта, донесете добри – применливи закони со кои ќе се стави ред во производството, посебно да се стави ред во продажбата на алкохолот. Посебно внимание и помош посветете им на Клубовите на лекувани алкохоличари како единствени места за одржување на трајна апстиненција, како на места без кои не може да има успех во борбата со ова најстрашно зло за целото човештво. Значи добро, многу добро размислете пред да ја донесете одлуката: дали ќе го запалите светлото на надежта во срцата на нашата младина или ќе го угасите.

          Моите размислувања, особено во денешно време, можеби за многумина се граничат со фантазија, но сепак, да ги слушнеме искуствата од Џек Лондон. Тој вели: “Кога разумни луѓе ќе ја раководат човековата заедница, прво ќе почнат да спроведуваат или барем ќе се обидат да спроведат затворање на крчмите. Неразумните низ илјада генерации не би ги затвориле крчмите… И тоа ќе оди лесно. Единствено ќе бидат погодени тешките и случајни пијаници на една генерација. Јас сум еден од нив и давам свечена изјава  врз основа на долгогодишното другарување со алкохолот, дека нема многу силно да ме здоболи ако престанам да пијам, кога никој друг нема да пие и кога не ќе може да се купи алкохол. Од друга страна, младите луѓе по својата природа до толкава мера се неалкохоличари, та поради тоа што никогаш не вкусиле алкохол, нема ни да почувствуваат дека го нема. Тие ќе дознаат за крчмите единствено преку историјата, мислејќи за нив како за некој чуден стар обичај, сличен на борбата со бикови или запалување вештерки.”

          Јас лично, а верувам и сите членови на Клубовите на лекувани алкохоличари и, сите луѓе кои имале или сеуште имаат какви било проблеми од алкохолот, изразуваат посебна почит и благодарност кон оваа Влада на Република Македонија, која собра храброст и донесе мудри одлуки со кои конечно и во нашата држава започнува вистинска битка со алкохолното зло. Донесувањето на “Предлог програмата за борба со алкохолизмот”, што од страна на Владата беше доставена пред повеќе години, а за која изгубивме надеж дека кога било ќе ја види светлината на денот, на 20.11.2007 год. конечно беше усвоена од страна на Владата. Се надеваме дека програмата ќе биде спроведена во целост, се надеваме дека Владата ќе помогне Клубовите на лекувани алкохоличари конечно да го добијат вистинскиот статус, што преку успесите што досега ги постигнале, неспорно докажале дека го заслужуваат.

          Мислам дека кон Клубовите на лекувани алкохоличари е направена голема неправда и дека е крајно време таа да се исправи. Имено, во овој момент Клубовите на лекувани алкохоличари (од за нас несфатливи причини) се ставени во ист ранг со сите други здруженија на граѓани (пример гулабари, врапчари, рибари и слични). Се надевам дека успеав преку моите текстови, посебно преку моите книги, да ја прикажам благодатната, хуманитарната, корисната улога што ја имаат Клубовите на лекувани алкохоличари и дека Владата конечно ќе ги повлече вистинските потези – ќе почне вистински да ги помага постоечките, и ќе отвори Клубови на лекувани алкохоличари, барем во поголемите населени места.

          Долги години наназад, Клубот на лекувани алкохоличари “Здрав живот” од Прилеп, не добива никакви средства и опстојуваме благодарејќи само на упорноста на нашите терапевти и помошта што ја пружаат постарите членови на клубот. Да напоменам дека неколку пати конкуриравме кај невладините организации, но понижувачки бевме одбиени. За 2008 год. поднесовме апликација со проект програма за помош до Владата, но и од таму сме одбиени. Сакаме да веруваме дека сме одбиени само затоа што нашите проекти ги правеа аматери, луѓе што не ги знаат начините за украсување на проектите, или народски кажано, луѓе кои не знаат да лажат, да направат добра програма од која сите што ќе ја разгледуваат ќе бидат презадоволни, а во стварност, освен неколкумина, од истата никој друг нема да има корист. Токму затоа мислиме дека Владата на Република Македонија треба да пронајди начин со кој ќе се надмине проблемот со финансирањето на Клубовите на лекувани алкохоличари. Сметам дека најдобро решение би било кога Министерството за Труд и Социјала или Министерството за Здравство, (земајќи ги во предвид хуманите активности) би ги прифатиле Клубовите на лекувани алкохоличари под своја капа.

          Резултатите што и досега со своите активности ги постигнуваат Клубовите на лекувани алкохоличари, посебно резултатите што ги постигнува Клубот на лекувани алкохоличари “Здрав живот” од Прилеп се за секаква пофалба, но убеден сум дека со вистинската помош од Владата на Република Македонија, ќе бидат многу поголеми. Во теоријата на алкохолизмот прифатена е тезата дека е успех ако од десет, се излекува и само еден алкохоличар. Членовите на Клубовите од нашата држава не ја прифаќаат оваа теорија и со сите сили се трудиме да им помогнеме на сите алкохоличари кои ќе побараат помош од нас. За нас не постои целосно изгубен случај, не сакаме да прифатиме дека и оној, кој веќе стигнал до дното од алкохолниот пекол, не ќе може еден ден да биде корисно, морално човеково битие. Затоа, кон секој алкохоличар пристапуваме со посебно внимание, спремни сме да му ја поклониме нашата љубов и човекољубие, спремни сме и кај него да ги разбудиме оние подзаспани чувства на добрина, љубов и човекољубие, за и тој еден ден да им помага на другите луѓе. Се разбира, помошта што им е потребна на Клубовите на лекувани алкохоличари, не ќе бидат залудно потрошени средства. Ќе бидат строго наменски и многу корисно инвестирани во интерес на апстинентите, но и на заедницата во целина. Површна пресметка може да ги докаже нашите ставови: ако се пресметаат трошоците за болничко лекување и трошоците за боледување на алкохоличарите, што преку нашите активности драстично ги намалуваме, ако се земат во обзир штетите во сообраќајот, зголемувањето на криминалот, да не заборавиме на страшните загуби на човечки животи во сообраќајот, убиствата, а верувам, сите се согласуваме, дека нема цена што може да ја плати само една детска солза – ако сето тоа се земе во обзир, тогаш сигурен сум дека активностите кои ги обавуваме се сосема оправдани и заслужуваат да бидат помогнати и да им се посвети вистинското внимание.

НА ДОБРОТО ТРЕБА ДА ВРАТИМЕ СО ДОБРО

Category : АЛКОХОЛИЗАМ 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

Луѓето се создадени едни за други, па затоа, или поучи ги или поднесувај ги. Аурелие

Nulla pericula me deterrebont, guoninus amicis adsim -Никакви опасности не ќе ме одвратат, да не им помагам на пријателите.     Латинска пог.

Donec eris sospes multos numerabilis, tempora si fuerint nubila, solus eris – Додека ќе бидеш среќен, ќе имаш многу пријатели, а ако настанат лоши времиња, ќе бидеш сам.   Латинска пог.

          Кога алкохоличарот, после сите жртви и напори конечно ќе излезе од алкохолниот пекол и ќе почне да живее нов живот, во неговиот и во животот на неговите најмили ќе се почувствува голема, позитивна промена. Во неговиот дом повторно ќе царуваат радоста и среќата, ќе се врати толку потребниот мир, што е најважно, членовите на семејството, после долго заробеништво во алкохолниот пекол, повторно ќе ја почувствуваат слободата. Се разбира, за повторното враќање на овие најголеми благодети во животот на апстинентот и членовите на неговото семејство, најголема заслуга има Клубот на лекувани алкохоличари – терапевтите и новите, вистински пријатели, во ликот на секој член на клубот.

          Многу апстиненти, а во некои случаи и членовите на неговото семејство, веројатно поттикнати од нивната возгордеаност и егоизам, не можат или едноставно не сакаат да ја прифатат реалноста и да признаат, барем пред себе, дека тие самите не можеле да успеат во борбата со алкохолната болест. Спротивно, тие се убедени дека самите се заслужни за нивниот успех и, иако тоа не го покажуваат пред другите членови на клубот, цврсто се убедени во своите вредности. Почнуваат во својата глава да внесуваат мисла дека стигнале на многу повисок степен на развој, дека клубот нема ништо ново да им понуди и дека веќе нема потреба да го губат времето, посетувајќи го клубот. Во почетокот дискретно, а потоа сé поочигледно даваат до знаење дека почнуваат нов живот, од кој клубот делумно или целосно е исклучен и сé поретко и поретко доаѓаат на состаноците во клубот. За своето однесување обично наоѓаат оправдување дека премногу се зафатени со други активности и дека немаат време за ништо друго. Ваквото однесување на апстинентите најчесто е поддржано и од членовите на неговото семејство.

          Мудрецот рекол дека неблагодарноста е како оштрица од меч, кој понекогаш ја сече главата на својот ковач. Практиката покажува дека голем број од овие апстиненти, по кратко време, паѓаат уште на првото искушение и повторно му се враќаат на алкохолот.

          За разлика од нив, поголем број од апстинентите се целосно свесни дека за нивниот успех во борбата со алкохолната болест, најзаслужни се терапевтите и членовите на клубот, бидејќи непрекинато добивале поддршка од нив. Апстинентот е свесен за сите околности кои ги вратиле неговите вредности, што е најважно, ја чувствува убавината на животот без алкохол, во својата душа ужива во среќата и радоста на неговите најмили. Веројатно поттикнат од чувството на должност, на добрината да врати со добрина, во неговата душа повторно заживуваат оние подзаборавени, заспани доблести, пред се чувството за чесност и благодарност. Чесноста од таквиот апстинент бара, откако самиот успеал да го победи алкохолот и да излезе од најстрашниот пекол, во границата на неговите можности, да им помага на новите апстиненти, за да можат и тие полесно да го постигнат истиот успех. Апстинентот е свесен дека, помагајќи им на другите, индиректно си помага и себе си, за што повеќе да ја зацврсти својата волја за трајна апатиненција. Овие апстиненти остануваат во клубот долги години, најчесто до крајот на животот и ретко се случува некој од нив да направи рецидив.

ДА ГО ОТВОРИМЕ НАШЕТО СРЦЕ

Category : КЛА 048-550716, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

Говорат: треба да се спасува душата. Да се спасува може само тоа што може да пропадне. Душата не може да пропадне затоа што таа единствено постои. Не е потребно да се спасува душата, туку треба да ја прочистиме од тоа што ја помрачува, што ја погани. Душата треба да се просветли, за да може Бог се повеќе да проаѓа низ неа.     Толстој

        За алкохоличарот да успее во неговата борба со алкохолната болест, покрај универзалните правила, кои важат за сите алкохоличари и кои мора да ги почитува ако навистина сака да успее, треба да донесе и некои негови правила кои ќе мисли дека ќе му помогнат, да успее да го победи алкохолот.

          Особина на речиси секој алкохоличар е во почетокот, за да го оправда своето однесување, да се залажува себе си, а потоа ги лаже сите околу него. Таа состојба што побрзо треба да се надмине. Секој човек има некоја тајна што ја носи длабоко во срцето, за која никогаш во животот не зборувал. Одамна поминати работи, срамота, авантури, болка во срцето или рана во душата. Многу доблесно е, ако си погрешил, особено ако во пијана состојба таа грешка била бесрамна и им нанела болка на луѓето околу тебе, да признаеш отворено, иако тоа никој од тебе не го бара. Тоа е најлесниот пат да се ослободите од грижата на совеста. На тој начин ќе го победите гревот и ќе бидете чисти и проѕирни, бидејќи ќе станете прозорец низ кој морате да го гледате светот.

          Алкохоличарот треба искрено да го отвори срцето пред терапевтот, треба да побара помош за сé што мисли дека го измачува. Има безброј мотиви (ретко или речиси никогаш реални и оправдани) кои човекот го наведуваат да посегне по чашата со алкохол и кои го носат во алкохолниот пекол. Кога ќе ги осознаат мотивите кои алкохоличарот ги измислува за да ја оправда својата глупост и кои го туркаат во пеколот, искуството и доблестите од терапевтите, посебно нивната спремност да му помогнат на секого и во секое време, се единствениот спас од неподносливата состојба која постојано го измачува алкохоличарот, а во која стигнал исклучиво по своја вина.

          Терапевтите се многу искусни. Иако тоа вие нема да го забележите, тие веднаш ќе знаат дали ја кажувате вистината или не. Не заборавајте – каде што има искреност, има можност за сочувство и помош. Побарајте помош и ќе ја добиете. Немојте да се плашите дека ќе станете заробеник на вашата тајна. За вашата тајна покрај вас, знае и Бог, а ОН радосно ќе стои покрај вас во моментите на простувањето, било кон самиот себе, било на другите кон вас. Впрочем, на простувањето се темели и опстанокот на целото човештво.

ДА ГО ПОСЛУШАМЕ ЧОВЕКОТ ОД ОГЛЕДАЛОТО

Category : АЛКОХОЛИЗАМ 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

Кога ќе се угасни светлоста на твојот духовен живот, темна сенка на твоите телесни желби ќе падне на твојот пат. Чувај се од таа страшна сенка: светлоста на твојот дух не може да го уништи тој мрак, се додека од твојата душа не ги истераш желбите на телото.    Браманска мудрост

Секој човек може да биде огледало во кое ги гледаме своите маани, недостатоци и сето зло што е во нас. Но, повеќето од нас притоа постапуваме како кучето кое лае во огледалото, бидејќи мисли дека во него не се гледа себе си, туку некое друго куче.    Шопенхауер

          Потсвеста е дел од човековиот ум, кој поседува неограничени можности до кои секој апстинент има пристап и може да ги насочи, за постигнување на што поголем успех во својата апстиненција од алкохолот. Потребно е да да ја искористиме потсвеста за да изградиме самодоверба во нашите вистински вредности, со тоа што ќе го извежбаме умот да ни биде од корист во нашето лекување, ќе ни даде сила и мотив  да му го свртиме грбот на алкохолот, во моментите на криза или искушение.

          Секое утро да застанеме пред огледало. Кога со искрени очи ќе погледнеме во човекот во огледалото, да сфатиме дека не е важно што другите велат за нас – ниту нашите мајка, татко, сестра, брат, сопруга, најмалку е важно што за нас велат нашите божемни пријатели - важно е што ни вели човекот во огледалото. Длабоко во душата да ја прифатиме пораката што човекот од огледалото ни ја испраќа, да ја сфатиме неговата тага заради нашата наивна, но во секој случај, огромна глупост. Да ја почувствуваме позитивната сила што зрачи од вистинското јас на човекот во огледалото, сила што ќе ни го врати мирот, среќата и радоста во нашето срце. Со радосни, позитивни мисли да го започнеме денот. Тивко, со сигурност во гласот да му се обратиме на човекот во огледалото: “Јас сум најдобриот апстинент и тоа ќе го докажам денес, утре и секогаш.” А нашите најблиски, кога ќе излегуваме од домот, нежно нека не испраќаат со зборовите: “Ти си најдобриот човек откако си апстинент и тоа денес ќе го докажеш.” Нежните зборови ќе го растопат и најзакоравеното срце, ќе ја зацвстат мислата дека покрај нас живеат луѓе кои искрено не сакаат, ќе ни ја вратат радоста и среќата, ќе помогнат да се наоружаме со позитивна енергија, што цел ден ќе биде во нашите мисли. И, така и наредниот ден и сите денови, до крајот на животот.

          Почитувани пријатели, знам дека многумина се плашат да фрлат поглед во огледалото, бидејќи се плашат дека ќе се соочат со самите себе, ќе се соочат со својата глупост и своето самозалажување на кое го градат целиот живот. Бидете храбри и извадете ја капата која ве топли, но која истовремено ви го покрива погледот и не ви дозволува да ја согледате правата вистина, за последиците од алкохолното зло.

ДА НАУЧИМЕ ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ПРАВИЛАТА ЗА БОРБА СО АЛКОХОЛНАТА БОЛЕСТ

Category : АЛКОХОЛИЗАМ 075 985772, СИТЕ КАТЕГОРИИ 075 985772

0

Ако по трнливиот пат низ џунглата на животот ве водат добрината, толеранцијата и трпението, ќе си помогнете себе си и на другите.

Навиката не можеш едноставно да ја фрлиш низ прозорец, туку треба полека и внимателно да се спушта по скалите.     Твен

Кога на мојата врата напишав: “Оставете ги своите навики и традиции пред да влезете” – никој не се осмели да тропне на вратата.     Гибран

          За да се постигне посакуваната цел – победа над алкохолното зло по секоја цена, потребно е да се следат правилата кои за секој апстинент треба да претставуваат единствен и неменлив закон. За жал, во клубот има многу луѓе кои ги учат и за кои слободно може да се каже дека ги научиле правилата за борба со алкохолната болест, но не ја развиваат навиката да ги применуваат во пракса. Им недостига мотив и инспирација и затоа, со текот на времето, престануваат да ги применуваат. Мотивацијата претставува поттикнување на акција и таа е како оган кој постојано мора да се одржува, ако сакаме постојано да пламти, да не изгасне. За да не се случи тоа, со постојани упатства и укажувања, треба да се разгорува огнот за мотивација на сите оние кои тежнеат кон успехот и убеден сум дека резултатот нема да изостане. Се надевам дека луѓето ќе ги прифатат и ќе почнат да ги применуваат големите идеи на нашите терапевти, како единствена вистина и благодадта од тие инфузии на ентузијазам, ќе стане достапна и корисна за сé поголем број луѓе.

          Младите апстиненти треба да вложат поголем напор за да постигнат успех во борбата со алкохолот. Патот до успехот не е лесен и не носи брзи резултати. Како што е невозможно да стигнеме веднаш на седмиот кат, туку мораме скала по скала трпеливо да чекориме, исто така е невозможно за брзо време да го санираме нашето здравје, кое долги години, пиејќи алкохол, сме го уништувале. Сепак, практиката покажува дека оние кои ги следат правилата за борба со алкохолната болест, многу успешно и без исклучок ќе успеат. Ако ги следиме правилата што се применуваат во клубот ќе откриеме, како и илјадници пред нас, дека единствени ограничувања кои ни стојат на патот кон постигнување успех во нашето лекување се оние, кои сами сме ги создале во нашиот ум.

          Правилата за успех во борбата со алкохолната болест во себе носат порака, која треба да послужи за подолг временски период, односно, до крајот на животот, правила кои со текот на времето ќе ни стануваат се појасни. Може да се случи да почувствуваме дека некои правила како да се напишани токму за нас. Во тој случај уште на почетокот треба да им посветиме поголемо внимание. Успехот навистина се мери со времето, но тоа не е трка, тоа е процес. Успехот најмногу зависи од апстинентот, а се мери со поминатите денови, месеци и години во цврста апстиненција.

          Многу работи што ги слушаме во клубот ни изгледаат толку познато, така што веројатно понекогаш, поттикнати од нашата возгордеаност, помислуваме дека не треба да им се посветува посебно внимание. Тоа истото се случува и со правилата и советите од терапевтите или кој било член од клубот. Често се случува при слушањето на некој совет или при читањето на некое правило да не успееме да забележиме ништо корисно. Токму во ваквите моменти треба да посветиме поголемо внимание, а не со леснотија да преминуваме преку нив. Пораките можат да бидат толку суптилни, да нашиот ум не може веднаш да ги препознае, односно, не можеме да донесеме правилна проценка за важноста на пораките, кои тие совети или правила во себе ги носат. Штом ќе се навратиме на некое отфрлено правило или совет, секогаш во него ќе забележиме некоја нова порака. Тоа е една од причините за правилата да почнеме да размислуваме посериозно и да ги применуваме во секојдневниот живот. Кога по извесно време ќе стигнеме до повисоко ниво на сопствениот развој, тогаш, набљудувајќи од нова перспектива, во правилата што ги применуваме ќе пронајдеме нова мудрост.

          Веќе реков дека моите книги им ги препорачувам на сите луѓе, особено на оние кои знаат како да ги читаат и да се користат со нив. Сите вие, кои досега ги прочитавте сте многу задоволни, но ве замолувам да ги прочитате уште еднаш и со поголемо внимание, и бидете сигурни дека вашето задоволство од новите сознанија, ќе биде двојно поголемо.

fukosantin epimedium african mango afrika mangosu epilamor ozoderm uzamax altin cilek lavixir ayak kokusu biber hapi super x power penis halkasi maurers