ЛОШ СОПРУГ И ТАТКО

% Сосема е јасно дека, кога веќе завлегов во пеколниот алкохолен лавиринт, стравот од каква било казна на мене немаше никакво влијание, ниту туѓиот пример можеше да ме поучи. Моето погрешно однесување продолжи и понатаму и така со години.         Многу тешко се искоренуваат лошите маани и навики кои растеле заедно со човекот. Главна карактеристика речиси […]

МОЈАТА ПРИНЦЕЗА

%         Кога имав дваесет години ми се случи нешто многу убаво, што го промени мојот живот кон подобро. Бог се смилува и ми го пушти јажето на спасот, за да ме извлече од дното на пеколот, во кој бев паднат. Запознав едно прекрасно девојче – покрај мајка ми, најдобрата личност што до тогаш ја знаев и која […]

ЛОШО ДРУШТВО

% Најголема причина да залутам во пеколниот алкохолен лавиринт и толку долго да останам во него беше лошото друштво, кое непрекинато ми говореше: прави како што ние правиме, мисли како што ние мислиме, верувај во тоа што ние веруваме, пиј кога ние пиеме, тоа што ние го пиеме, исто како што ние пиеме,опивај се секојдневно […]

ЖЕЛБИТЕ НА “КРАЛОТ АЛКОХОЛ”

% Се добива впечаток дека работите ги кажувам премногу едноставно и со преголема леснотија, но пред очите секогаш ми излегуваат слики од безбројните глупости, секогаш ги слушам гласовите од моите пијани другари, постојано се потсетувам на нашата дрскост и простотилок. Ние речиси никогаш не се слушавме еден со друг, зборувавме премногу гласно, да бидам попрецизен, […]

МОИТЕ ДРУГАРИ

% Да кажам збор два и за моите другари. Во раното детство се дружев со врсниците од нашето маало, а потоа запознав и се дружев со децата од училиште. Мојата скромност, чесност и добрина придонесе во почетокот со другарчињата добро да се согласувам, но откако почнав да се повлекувам во себе, особено откако почнав почесто […]

АЛКОХОЛНА БОЛЕСТ

% За несреќа на сите, по една година од мојата сообраќајка, татко ми одненадеж почина и наеднаш, почна сé да ни недостасува. Останавме без средства за живот, бидејќи само тој работеше. Потоа земавме семејна пензија, која беше многу мала да прехрани пет души. Бев четврта година во средно економско училиште кога се вработив, а училиштето […]

СТРАСТИТЕ – НУЖНО ЗЛО ИЛИ НУЖНА ПОТРЕБА

 % Својата совест веќе ја привикнав страста кон алкохолот да ја прифати како нужно зло, но со текот на времето алкохолот стана моја нужна потреба, а се помалку во него гледав зло. Открив дека можам многу да пијам, да го поднесувам алкохолот, сознание кое во следните години ќе стане извор на мојата гордост, сознание кое на крајот […]

НАПЛИВ НА СТРАСТ КОН АЛКОХОЛОТ

На патот на злото требаше да му се застане уште на почетокот, бидејќи лекот тешко и касно се наоѓа кога злото заради одолговлекување ќе зајакне. Татко ми, иако по природа беше многу нервозен и тежок човек и за такви престапи знаеше вистински да казни, тогаш веројатно сметаше дека тоа не е голем престап – дете […]

ПРВ ДОПИР СО АЛКОХОЛОТ

% Воопшто не се сеќавам кога првпат пробав алкохол. Знам само дека на сите прослави во нашата куќа, ми даваа од се што ќе посакам: машко е, нека проба, да не му се направи некое илие. Тоа ми го кажуваа кога бев дете. Но, има нешто што тогаш заборавија да ми кажат, оставија тоа сам […]