МУДРОСТИ – ЖЕНСКИ КАРАКТЕР

– Жената може да му стане пријател на мажот по овој редослед: прво познаник, потоа љубовница, па дури тогаш пријател. Чехов

– Никогаш жената не е пријател со човек, кој не е мажјак и на кој не му се восхитува, како на машки пол. Јован Дучиќ

– За жената изгубената убавина, значи како за скржавиот изгубените пари, или како за војникот својот меч или славата, или за граѓанинот својот углед. Јован Дучиќ

– Жените имаат постојана потреба да бидат сакани и кога тие самите не сакаат, и затоа често се предаваат на луѓе, кои инаку физички не им се мили. Јован Дучиќ

– Убава е секоја жена, освен онаа, која мисли дека тоа не е, и онаа, која мисли дека тоа е. Јован Дучиќ

– Жената не потикнува на големи работи кои покасно не спречува да ги направиме. Дима

– Паметната жена има милиони родени непријатели: сите глупави мажи. М.Е. Ешенбах

– Жената е искрена ако лаже само тогаш, кога тоа и користи. Анатол Франс

– Кој што ја тепа жената, личи на оној кој удира по вреќа со брашно: се што е добро во неа – излегува, а што е лошо останува. Француска поговорка

– Поштените жени неможат да ги прежалаат грешките, што не ги направиле. Гитри

– Жените понекогаш во себе замислуваат дека се заљубиле во некој човек, а вистински само ја замразиле неговата жена. Саша Гитри

– Жената очигледно има нешто од природата на пајакот: во својата мрежа ќе фати се што ќе се фати, но се гости само со тоа што и се допаѓа. Хогас

– Како што ружата чезнее за сонце, така жената чезнее за љубов. Ли Тај По

– Жените понекогаш му простуваат на оној кој злоупотребил прилика, но никогаш не му простуваат на оној кој ја пропуштил. Хенри Јенсон

– Жената е најпротивречниот спој на тврдоглавост и пожртвуваност, кој воопшто можи да се замисли. Таа ќе дозволи заради мажот да и ја пресечат главата, но не и косата. Жан Пол

– Убавата жена е богатство, кое тешко можеш да го зачуваш само за себе. ***

– Кога жената би можела да бира дали за нејзиниот прекршок да и суди машки или женски суд, за свој судија сигурно би го избрала првиот. Кант

– Жената во изгубениот рај загризала во плодот од стеблото на спознанието десет минути пред мажот, и оттогаш ги сочувала тие десет минути предност. Кар