- Постојат два вида жени׃ расеани – ќе ги изгубат двете ракавици; сталожени – ќе изгубат само една. Бернар
- Пристојна жена е онаа дама, која знае што не смее да знае, иако знае. Белмондо
- На жените со бакнежите им се случува тоа што на мажите со чашите вино׃ една, па уште една – додека не подлегнат. Питигрили
- Жената треба да го чува телото како скриено богатство, ако сака мажот да се чуствува како копач на злато. Форман
- Убавите жени никогаш не се сомневаат во својата интелигенција, но интелигентните жени секогаш се сомневаат во својата убавина. Данкан
- Жена со минато и маж со иднина, воопшто не е лоша комбинација. Фонда
- Ма колку лошо мажот да мисли за жените, ја нема таа жена која не би мислела уште полошо за мажите, од него. Шамфор
- Кога жените би владееле со светските работи, би ги укинале сите оружја – освен јазикот. Тухолски
- Кога некоја жена купува машка кошула, тогаш е заљубена. Кога ја пегла, тогаш е мажена. Ако притоа и пее, тогаш е и едно и друго. Дали
- Жените играат шах послабо од мажите, затоа што пет часа треба да молчат. Смислов
- Не е гревот во тоа ако жената оди кај љубовникот кој го сака, туку ако се дава на оној кој не го сака, макар тоа бил и нејзиниот маж. Санд
- Ако некоја жена има возбудувачко деколте, подобро е да ја гледаш во очи. Питигрили
- Борбената тактика кај жената е таква, да таа и кога се откажува од борбата, сепак победува. Пирандело
- Жените не се создадени за да бидат сфатени, туку за да бидат сакани. Азнавур
- Жените се како генерали: нив не ги интересира колку порази коштала една победа? Мирабо








