КЛУБ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ

Клубот на лекувани алкохоличари Ви е како да сте во еден рудник, и во него талкате, симни се најдолу, па кaчувај се нагоре. Тешките услови за живеење во него ти нанесуваат многу болки и повреди. Така талкајќи го додирнувате дното на дното од Вашиот внатрешен живот. Меѓутоа еден ден си наоѓате еден камен, камен со недефинирана форма и изглед, а Ве освоји неговиот сјај и неговиот спектар од бои. Си го зедовте каменот и го понесовте со себе дома. Кога го оставивте во Вашата мрачна соба каменот засвети со сиот свој раскош, собата се осветли, а на Вашето лице се појави насмевка, за прв пат после долги години. Меѓутоа каменот секој ден не светеше и Вие мораше да го забришувате, да го милувате, едноставно да се грижите за него.

Е така и Клубот ти ја враќа надежта, вербата и силата во тебе, ама само со труд, работејќи на себе, ти ги користиш туѓите искуства, грешки и знаења и го купуваш за себе најдобриот производ што ти го нудат искусните членови на Клубот. Клубот не е само раме за плачење, ами Клубот е своевиден Универзитет од каде што црпиш знаење и каде што твојата креативност, која што проблемите предизвикани од пиењето алкохол, длабоко ја потиснале во твојата интима или пак воопшто си ја немал, Клубот ќе ти дари покрај репродуктивното знаење и креативно знаење по твој личен терк. Да се престане со пиењето алкохол и алкохолни пијалаци не е баш лесно, да се сменат сопствените навики, сопствениот начин на однесување е уште потешко. Посебно тешко е тоа да го направите сами.

Искуството од клубот не научи оти ако *работиме заедно* ќе биде полесно, многу поконструктивно и зошто да не – многу поубаво. Сите заедно со клубот ќе можеме не само да престанеме со пиењето туку што е и најважно ќе го промениме стилот на животот. Сигурно е оти ќе се сретнеме со тешкотии и сите ние заедно со нашите семејства, ќе бидеме тука во клубот да Ви дадеме подршка, знаејќи оти кога и ние ќе имаме потреба Вие ќе бидете истотака тука во клубот и ќе ни подадете рака. Како и во секоја заедница, во секое семејство, во секоја ситуација каде што се среќаваат многу луѓе, па така и во клубот постојат принципи. Имајќи ги нив на ум, ќе ни биде многу полесно да чекориме заедно.