Posledni Napisi

КАДЕ ШТО ИМА ИСКРЕНОСТ, ИМА И... Во тие моменти почна да ме измачува тоа што Ристе почна многу брзо да постигнува добри резултати во борбата со...

Read more

НАДЕЖ ЗА СПАС ОД АЛКОХОЛОТ! % - Незнам како излегов од ординацијата. Сознанието дека сум уништувала болен човек, целосно ме порази. Толку бедно...

Read more

СПАСОТ Е НА ДОФАТ НА РАКАТА % Но, тогаш Бог одлучи да смеша прсти во нашиот живот. Еден тмурен, пролетен ден, јас заминав во полето да работам,...

Read more

АЛКОХОЛОТ - НЕВИДЛИВ, НО СТРАШЕН... % Во почетокот немаше ништо необично, не гледав ништо лошо во тоа и воопшто не ми сметаше. Но, како времето поминуваше,...

Read more

ИСКУШЕНИЈАТА ДЕМНАТ ОД СИТЕ... Во Клубот на лекувани алкохоличари владееше необична атмосфера. Ништо не укажуваше дека на состанокот ќе се случи...

Read more

ОДНЕСУВАЊЕТО НА АЛКОХОЛИЧАРОТ... Закрепнатите луѓе од проблемите со пиењето, зависноста  од алкохол ја дефинираат како мултидимензионална и комплексна...

Read more

AKTIVNOSTI VO KLUBOT Вие, кој што сега посетувате Клуб на лекувани алкохоличари, вероватно сте разбрале дека сте влегле во големото...

Read more

ПИЕЊЕТО АЛКОХОЛ - ПРОБЛЕМ ВО... Вистината за проблемите, предизвикани од пиењето алкохол е многу полесно да се скрие на работното место, отколку...

Read more

КЛУБ НА ЛЕКУВАНИ АЛКОХОЛИЧАРИ Клубот на лекувани алкохоличари Ви е како да сте во еден рудник, и во него талкате, симни се најдолу, па кaчувај...

Read more

МУДРОСТИ - ЖЕНИ, ЖЕНИ - Постојат два вида жени׃ расеани – ќе ги изгубат двете ракавици; сталожени – ќе изгубат само една. Бернар - Пристојна...

Read more

  • Prev
  • Next

Twitter Updates...

  •  
fukosantin epimedium african mango afrika mangosu epilamor ozoderm uzamax altin cilek lavixir ayak kokusu super x power penis halkasi maurers

ПИЕЊЕТО АЛКОХОЛ – ПРОБЛЕМ ВО СЕМЕЈСТВОТО

Category : АЛКОХОЛИЗАМ 075 985772

0

Вистината за проблемите, предизвикани од пиењето алкохол е многу полесно да се скрие на работното место, отколку внатре во семејството, така што семејните оштетувања кај алкохоличарот „се читаат„ побрзо од оние на работното место. Во првите години на својот проблем од пиењето алкохол, алкохоличарот на работното место, свесен дека има проблем со пиењето, функционира хиперкомпензирано. Алкохоличарот личниот проблем со пиењето повеќе од успешно го сокрива, а пие веднаш после завршената работа и работното време.

            Проблемите од пиењето најрано се воочуваат во семејното функционирање на алкохоличарот. После низа години проблемите од пиењето се воочуваат и на работното место и на крајот, во општественото функционирање на алкохоличарот.

            Сериозните здравствени компликации, од проблемите врзани за алкохолот, по правило се јавуваат најпосле, односно, здравственото и општественото пропаѓање на алкохоличарот, се случува во фазата на падот на толеранцијата на алкохолните пијалаци.

            Исто како и алкохоличарот, и членовите на неговото семејство го порекнуваат проблемот: го намалуваат, го искривуваат, го рационализираат, го потиснуваат, ја негираат сериозноста на проблемот од пиењето, на својот близок член на семејството. Семејството на алкохоличарот, несвесно го поддржува неговото пиење, преземајќи ја врз себе одговорноста за последиците од пиењето. Тие одат дури до таму, што своите животи ги подредуваат кон алкохоличарот. ПИТОМИТЕ СЕ ПОДРЕДУВААТ КОН ДИВИТЕ.

            Целото семејство живее за алкохоличарот, поточно го живеат неговиот алкохолизам, како семеен проблем. Семејството не се соочува и го штити алкохоличарот од неповолните последици од пиењето алкохол, за да не се случи најлошото. На тој начин, индиректно го поддржува и го потпомогнува неговото понатамошно пиење и само го одложува моментот, кога работите ќе станат неподносливи и “ќе запече„ премногу. Затоа, нема никаква причина (поради некаков наводен психотераписки пристап кој служи како изговор), членовите на семејството на алкохоличарот, да кријат колку се погодени. Тие немаат причина да ја камуфлираат спонтаната, афективна реакција, со некаква божемна самоконтрола. Ако постојат ситуации во кои треба бурно да се реагира и ако таквата реакција изостане, ќе се создаде слика дека вистината за проблемот со пиењето алкохол семејството и не ја доживува толку застрашувачки. Од друга страна, алкохоличарот настојува да ја одземе важноста или да ја забошоти вистината за проблемот со пиењето алкохол, само за да го остават на мир и да го намали притисокот, што околината го врши врз него. Сето тоа тој го прави на помалку или повеќе несвесен начин. А тоа сигурно води кон единствената, јасно поставена цел – продолжување со пиењето.

Post a comment

fukosantin epimedium african mango afrika mangosu epilamor ozoderm uzamax altin cilek lavixir ayak kokusu super x power penis halkasi maurers