AKTIVNOSTI VO KLUBOT

Вие, кој што сега посетувате Клуб на лекувани алкохоличари, вероватно сте разбрале дека сте влегле во големото семејство, кое сака да си го смени стилот на животот, кое сака повторно да ја најде насмевката и задоволството кај секого. За да се постигне ова постојат неколку многу едноставни работи, кои треба да се направат… работи кои сме ги заборвиле, пред да дојдеме во клубот. Пред сé, треба да знаеме како да се вклучиме во расправа со самиот себе и со другите, да зборуваме за себе, да прифатиме критика, да ги слушнеме другите. За многумина од нас сето погоре споменато е многу тешко, но ако не успееме да го направиме тоа, ќе останеме затворени во нашите чаури и нашиот живот нема да се промени. Сето ова претставува големо почитување за приказните од животот на другите. Клубот не е суд и поради тоа добро се чуствуваме, затоа што знаеме дека нашиот пријател нема да не оптужува, а уште помалку дека ќе не осудува. Почитувањето на приказните од животот на сите, значи за сé што се зборува во клубот, таму и ќе остане за сигурно. Ова нам ни овозможува да се чуствуваме слободни во тоа што го говориме, дури и кога би изнеле и интимни работи. Нарочно во почетокот, некои мислат дека нивното присуство во клубот служи за некого од семејството, кој што има директен проблем со алкохолот. Со тек на времето ќе разбереме дека сите во клубот сме поради нас самите, за да ги зацврстиме нашите лични промени и дека само така можеме да ги подобриме промените во нашето семејство. Во животот проблемите може повторно да се јават. Ќе видите семејства кои прават чекори наназад, семејства кои престануваат да доаѓаат во клубот, семејства кои имаат големи потешкотии да го пронајдат вистинскиот пат до промените. Клубот постои поради вакви и за вакви семејства. Кога едно семејство е во потешкотии, другите семејства во клубот покушаваат да им се најдат во близина, да ја почуствуваат нашата солидарност, посетувајќи ги, телефонирајќи им, барајќи го вистинскиот пат да ги вратат назад во клубот. Една насмевка за нивното присуство, ќе рече дека се живи, дека постојат . . .

Во клубот знаеме дека трасиравме еден нов пат. Знаеме дека промените можат секогаш да се спроведат во дело