Закрепнатите луѓе од проблемите со пиењето, зависноста од алкохол ја дефинираат како мултидимензионална и комплексна проблематика, предизвикана од пиењето алкохол т.е. како заразна и емотивно застрашувачка закана по здравјето за сите на кои им е важен нивниот ближен, кој што е во проблеми од пиењето. Во текот на планирањето на Програмата за закрепнување, можеби на семејството ќе му биде потребно повеќе помош и совети, отколку на самиот член во проблеми од пиењето. Потребата за алкохол е проблем кој што прави штетно влијание врз психичката стабилност на личностите кои го сакаат својот член од семејството, кој што е во проблеми од пиењето. И колку подлабоко се повредени нивните чувства тие се се помалку способни да му помогнат на својот сакан член во проблеми од пиењето алкохол.
Семејството ќе биде одговорно за својот член ако тој заболи од дијабетес или туберкулоза, додека потребата за алкохол кај својот член, тие не треба да чувствуваат ниту трунка одговорност. Изборот за пиење алкохол го направи членот на семејството, а не семејството. Ниту едно семејство никогаш не би го направила својот сакан член да биде во проблеми од пиењето, па затоа не може да биде одговорно семејството за неговото закрепнување. Меѓутоа, поради недостаток од знаење и искуство, семејството може да дозволи проблемите од пиењето да поминат неприметно. Поради изместување на разбирањето и храброста семејството може да се согласи за својата неможност пред проблемите од пиењето, кои се шират и се мултиплицираат во ширина и по вертикала. Како созреваат проблемите од пиењето така и семејството постепено емотивно се вклучува и се трудат во најдобра намера да му помогнат на својот член во проблеми од пиењето. Најдобро ќе му помогнат ако веднаш на самиот почеток побараат стручна помош и обука за личното однесување спрема својот член од семејството. Ќе ја избегнат можноста да подлегнат на влијанието од својот член во проблеми од пиењето, чиј што образец на однесување е изместен, така што во тој случај би ги зголемиле проблемите од пиењето, отколку што би помогнале во закрепнувањето.
На почетокот од приказната на сите учесници треба да им биде јасно, оти семејството прави се што мисли дека е добро, а проблемите од пиењето не се решаваат во очекуваниот рок, напротив се мултиплицираат. Затоа, најпрвин мораме да сфатиме оти проблемите од пиењето не се во алкохолот, туку во членот кој што е во проблеми од пиењето.
Закрепнувањето не може да започне се додека членот на семејството во проблеми од пиењето не престане да пие алкохол и да го започне процесот на закрепнување (апстиненција). Никој друг не може да го направи тоа, што тој мора да го направи сам.
Застрашувачки е во колкава мера членот во проблеми од пиењето е способен да ги контролира, манипулира и да ги уценува своите од семејството. Членот на семејството ќе пие, додека семејството: пишти, плаче, вреска, колне, се заканува или молчи, но го покрива, го штити и го брани својот сакан член во проблеми од пиењето алкохол и од последиците од неговото пиење. Ако членот на семејството продолжи и понатаму да се однесува како *Малиот Бог* тоа е затоа што семејството не знае да се спротистави на таквиот став, со што дополнително ги подржува неговите илузии за семожност, а истовремено внатре во себе развива тешко психичко, односно емотивно пореметување.
Пиењето кај членот на семејството продолжува и трае и трае. Проблемите се универзални, а образецот на неговото однесување секогаш е исто: тој е во проблеми и тој се поставува и бара спрема него да се однесуваат како да не е во проблеми. Но сето тоа уште како-така би се разбрало, ама тој по дефиниција последиците од своето пиење ги доставува до другите околу себе. Тој не пие за своја, туку за сметка на другите, оти кога ќе се јават неповолни компликации предизвикани од неговото пиење, тој паразитски и пасивно чека да се случи нешто спасувачко, одбива одговорност за неповолните животни резултати и очекува и бара од другите да му помогнат и да го спасат од него самиот. Со тоа семејството на кратки патеки се ослободува од анксиозноста на актуелната ситуација, но долгорочно му овозможува на својот член во проблеми од пиењето образец, по кој што другите наместо тој ќе ги решаваат проблемите, кога и да се појават. Членот во проблеми од пиењето алкохол го учи семејството да го остави тој самиот да не ги сноси последиците од своето пиење и бара во иднина така да се однесуваат т.е. секогаш кога ќе потпише чек без покритие, тие да го платат. Уште поважен аспект на тој образец на однесувањето на ближните е вистината после наплатувањето на чекот од страна на семејството, членот во проблеми од пиењето се ослободува од секаква одговорност во иднина да го прави тоа сам и грешката повторно се јавува.
Членот во проблеми од пиењето не може да го разреши тоа што другите веќе однапред за него го разрешиле. Тоа во стварноста го зголемува неговото чувство на промашеност и вина. Во исто време го зголемува непријателското чувство и осуда на семејството.








